И јас мислење да ти дадам. Како некоја што беше премногу срамежлива и уште сум приметив дека веќе ако некој навистина многу ми се допаѓа дојдена сум и до тоа да пишам прва па што биде нека биде. А па во твојов случај како што викаш веќе разговарате некое време, па дури и сте излегле не гледам причина да се срами, ако и се допаѓаш ќе сака што повеќе да зборува со тебе. Мислам дека не е доволно заинтересирана.
Откако ќе и пишам, значи враќа пребрзо, не е со саати или да осеќам ко да молкнам зборој со клешта, и чувствителна е така, значи ме бендисува муабетот, ама ми смета ова, а чим ми смета не ни очекувам да се промени понатаму, нити па би можел да прам толку отворено и директно муабет... Како и е да е то е, ко шо тера работава ќе си останам сам. (интровертна личност сум и секош луѓето ме граничат со арогантност)
Во случајов мислам дека сепак најдобро е отворено да си направиш муабет. Џабе ако вака тера само ќе се измачуваш, со разговор барем ќе знаеш на што си. Собери храброст и поразговарај сепак не можеме и ние до толку да знаеме што мисли девојката, можеби ќе испадне добро, да не ти биде после криво ти од твоја страна направи си се што можеш.
Верувај ме подиректен од мене нема, ама пошо и немаме формирано некоја блискост да речам ептен да си зборуваме отворено еден на друг и да се грижиме апла, сметам дека нема потреба и нема воопшто да комуницирам со неа. Се водам по то да сакаше нешто појче, доволно ете и дадов знаци, и таа мене, моето си го напрајв. Фала ти сепак на мислењето и советите.
Уште мислам дека и' е срам. Со то шо лајкнува и таа дава доволен знак. Да и' беше срам да те одбие дирекно, немаше да лајкнува. Знам дека можи да изгледа како да те матка, има луѓе кои не сакаат играње играчки. А и напорно е само едната страна да се труди, ама ако добро ја проценив од ова шо го кажваш, ја сфаќам и неа. Ако ти е океј во друго, би ти рекла пиши пак и можиш ова да и' го кажиш шо го пиша тука. Сериозен сум, сакам да се гледаме ама добивам мешани сигнали. Колкава е? Можи е помлада или пак нема толку искуство со запознавање.
.. 32 години не се малку за да си доволно "смел" и да пишуваш прв. Ако досега не и имаш кажано, можеш и како на шала да и кажеш, за ете да не и биде незгодно. Јас ко имав 20 години си чекав и чекав еден дечко цело време прв да ми пише, ама потоа гледаш дека е детинесто. Се повеќе сфаќам колку поголем притисок имаат машките.. ако не пишал, зошто не пишал, ако пробаш чекор да направиш, манијак си и итн..
Обично голем дел дур не се осигураат на шо се со некој, страв им е да прат ризични чекори. За некои ризичен чекор е и пишење прв. Мислам дека за вие да би функционирале, треба да тргните ханзапласчето брзински. Или ќе биди тогаш и ќе си продолжите заедно, или нема да бидни ама па ќе знајте дека смејте да си продолжите. Некогаш од преќутвање губиме работи. @Stark
Не пиши и ќе видиш дека ако и е битно, ќе пише прва. Тука можеби игра улога и тоа кога сметаме дека некој е веќе заинтересиран за нас па кога гледаш дека го нема, си викаш чекај не требеше вака да е и почнуваш поинаква приказна
Чоек срам срам ама се си има некоја граница. Кај прв се правиш уште и лајкови да и дешифрираш. Не е заинтересирана, ако не и пишуваш и не ти пише толку, ако сака може некој рандном коментар колку да почнете муабет а вака?! Wtf
ја тек сеа читам ама би сакала да си кажам мислење и ја на твое место би се прашувала ,,ват д фак’’ може и` е глупо да ти каже да искочите мене ме знаеш каква сум, и колку сум лабава и се` ама пример ,,те сфиѓам’’ ,,те сакам’’ знаеш дека не им кажувам пошо ми е срам и ми фуфка може и она е таква, ти спомнала тогаш за искачање ама сеа и` е глупо да ти каже, или да те покани, па пробува преку лајкови да те испровоцира да и` пишеш кој кого последно му пиша? ако е ти на нејзе, тоаш не и` пишувај. мислам на крајот на денот, ако си и` битен и сака да ви успее, ќе соџвака тоа дури и ја го соџвакав верј ми, шо би рекла ја, собрав муда и кажав шо имав пошо мислев дека е океј така или па, прати и` некој пост за планинарење, или нешо шо ви е НЗС, ама коа ќе ти врати не и` враќај одма, и види дали дента, или следниот ден-два ќе спомне нешо за искачање ако не спомнува, тури и го
упс сори АХАХАХАХАХА ама не ја пратам темава редовно извини ако те потсетив на нејзе а неќеше еве ти хаг те заболе еве и пивце
Zasto koga si fin prema zenskoto mnogu pocesto dobivas korpa, otkolku koga si nezainteresiran i povekje odavas fuckboy vajb otkolku deka sakas seriozna vrska? Dali e toa nekoja zelba da go promenite i da mislite deka na toj nacin e on samo vas poradi toa?
Можеме да приметиме дека некој се прави фин, а всушност не е. Сите треба да сме фини по дифолт, не знам зошто мислите дека да си фин е некаква карактеристика ваша. Ако некоја е незаинтересирана за тебе кога си фин спрема нејзе, дефинитивно нема да биде и ако се понашаш лошо, така да не пробувај