Другар работеше едно време во тие фабриките како Кромберг и исти работи кажуваше. И тоа дури и дешавки на работа дека имало... Дека ги фатиле на дело во магацин. Па до тројки со две колешки, групњаци и триста чуда. И тоа не млади, туку стари, луѓе во брак, со деца... Јас не му верував... Викам, нема шанси такво нешто, до толку да биде отидено... Ама изгледа е вистина.
Твојот коментар ме потсети на ова https://mimperija.home.blog/2021/02/13/сатанизам-во-кромберг-и-шуберт/
Излгеда мене погрешно ме сфативте. Не ми се свиѓа мене воопшто ова. Цело време ги предупредувам, ги игнорирам и не престануваат.
Овој текст ме потсети на една другарка, скроз исти мислења има за сите работи напишани и секојдневни ми ги зборува
Такви муабети слушнав од повеќе луѓе, а еве и ААКГ потврди. Секако, нема да навлегувам во детали и пикантерии... А не ме чуди воопшто пошто и во ИТ имало случки меѓу колеги и колешки, слични на оваа на @GirlLove , да флертаат, да се пипкаат, штипкаат... Знам дојде еден нов колега, на пракса. Имаше овакви некои српски евтини фори. Уште втор ден сите колешки ги додаде на Инстаграм. А со едната почна да си го има, онака, баш апла. Ковид беше тогаш и јадевме во канцеларија. Ќе му останеше од храната на лицето, и колешката ќе земеше салфета, и му викаше: "Дојде дада да ти го избриши муцето". Со него доаѓаше и си одеше од работа, ја собираше со кола. Ние сите мислевме дека се заедно, после разбравме дека колегава имал женска 2 години.
Јас имав време да ја исчитам статијата, хаха. Неколку моменти ми оставија впечаток. Тоа весниците и тие пораките кои што им ги пишувале по влезници и ходници, апла ама апла потсетува на нешто што го практикуваат Јеховиниве сведоци. Дури и стилот на пишување, таков за никаде. Втор момент, тоа што прво се изживувале со нив на смена надредените, а потоа им правеле ивенти. Ме потсеќа на техникана good cop - bad cop. За мозокот аморфна маса да стани. Трет момент, кондоми во тоалет. Абе дали има погнасно нешто и зошто? И на крај, вели дека новите вработени по канцеларии ги уценувале за секс. Ако те уценуваат, подобро замини. А да и четврт, тоа со лажењето дека имаат ковид во 2021. Дури пишуваш статии на некој блог кој никој не го чита, земи направи едно видео и кажи се. Се гледа дека вработениов долго бил таму. И за крај јасно ми е што една познаничка ми велеше, абе знаеш колку е лесно да згрешиш и да изневериш некого на работно место. На дел таму, дел од секојдневие им е, па дури и нормализирано. А за ај-ти, одамна пикаат таму се и сешто.
Да,во магацино ги фатија во трета смена,мислеа нема никој Ај тие беа помлади ама овие другиве двете мажени со по 2 деца на возраст по 12-15 години. Налет то и се снимале
Буквално во сите поголеми фирми денес се трудат да остават барем впечаток дека се инклузивни, не е ништо толку длабоко. Текстив психотичен.
Значи тој одма уште на почетокот да си го проучи добро теренот, да провери детално што како па да стапи на сцена. Добро осмислен потег. Постара и таа ли била од него? Аиии кои лигавења и пренамагања. Какви створења од луѓе има ауууу, да ти се згади. Ама они битно меракот си го праеле, ништо не ги занимало друго, ни работа може. И добро си ја научил праксата типот, си се потковал со знаења и искуства за цел живот. А добро и после шо се деси со сите нив, се надевам ги избркале или? И дури се снимале бе... Само па, има и од претпоставени вакви, така да, ако им одговара целава авантура нив, а зашто да не им одговара, ќе си ќутат и никому ништо. Добро камери немаат таму? Не е за чудење веќе ништо, вакви работи има, ете и по канцеларии и по магацини ко што викаш, исто и за доктори со сестри се збори шо праат коа дежураат, ништо ново. Каква храброст само имаат, така на работно место па и пред други уште, настрана тоа што се гадни створења кои го изневеруваат партнерот нивен па и децата, ако ги имаат, со постапкиве, да бидат и они етикетирани и покажувани со прст, какви неморални родители имаат.
Оф бе, психотичен е да, ама го исчита цел или онака пролиста? Не станува збор за лгбт, оти нив не ни ги спомнав јас во коментарот. Ај прочитај се, па јави се.
Да бидам вака искрена, ова е веќе гадно. После работа смеат да прават се и сешто, ама на работно место е беда. Па и двојки, тројки, четворки, испаѓа дека порничи снимаат таму, ама со амин од раководство.
Постара беше од него. И баш имаа такво јавно лигавење пред сите нас, колегите. И некако глупо беше да се гледа. Посебно па ако некој му се обратеше на дечкото, оваа одма се пушташе во одбрана. Е после изгледа разбра дека овој има женска. Па им се заладија односите. Оваа одма фати дечко и ни ги потекуваше на сите за него, за да го прави овој љубоморен. Со еден збор, хаос. Сакав да кажам дека воопшто не е чудно тоа што луѓе завршуваат заедно од работа. Мислам, кај нас директорот беше заедно со менаџерката. Прво се криеа, после имаше некои знаци, ги гледаш онака на meeting ќе ја фати за рака, или нешто така суптилно. Слатко беше. Ама, слободни си беа, и нивна работа дали се заедно или не. Лошото е овие што се во врски и бракови, а на работа на големо се швалерисуваат.
Греота се овие, гревови, за жалење. Недораснати, неизживеани. Тие на работа ми личи дека идат за само со вакви сплетки и драми да се занимаваат, не дека до работа им е баш. Партнерката што ја изварал, само се спасила на време од идиот ко него, и ги отворил очите. Да, не е уопште трагично ако почнеш врска со колега/колешка, не знам што има толку лошо во тоа, двајцата ако тоа го сакаат и стварно да развијат чувства еден кон друг. И фала Богу нивна работа си е тоа, они си одлучуваат, нивен живот плус и слободни ако биле, нема никаква пречка, а најмалку треба да им е гајле дека другите колеги ќе ги оговараат дека биле заедно. Само да знаат да се контролираат на работа, адекватно и формално да се понашаат, да не премине во недолично, непристојно и нецивилизирано однесување. На работа си се колеги и треба да се однесуваат така. Тие зафатените, тие у брак и со деца плус или скраја да е, у години луѓе што се клецале групно или не, небитно, тоа више е крајно одвратно, перверзии и треба одма да бидат санкционирани, избркани поточно без сожалување.
Леле па вие можете шпанска серија да снимате Јас знам за една фирма, мала, директорот ги фатил среде работно време на биро
Различни фирми се во прашање. Ама да, од тоа што имам слушнато, и видено, не шпанска серија, мексиканска во 100 продолженија може да се снима. Касандра 2.0. Ама за оваква случка не сум чул/видел. Ова е некст левел. Доброто во лошото е што бирото издржало.
Најтрагичното е што ем се мажени женети со деца и на крај и се снимале па и видеа шират низ интернет. Страм за дечината налет другото. Едно време имаше закон во фабриката лица шо се во врски или познаници да не се во ист оддел ама сеа е пашибузук. Доправа ќе има серии