Не, не, не и не. 3 години не даваш шанса на никој? Озбилно мислиш дека не заслужуваш подобро? Ти самата знаеш како завршило, ама ако ти правел работи што не биле во ред и те како ќе се одљубиш. Можеби 6 месеци, ама не зафркавај со годините. Не романтизирај вакви (ај да не навредам). Глава горе и дај шанса на личноста што најмногу ќе се труди околу тебе од сите потенцијални машки. Дури и да се плашиш да дадеш шанса, почни и дружи се другарски, комуницирај и гледај карактер, барај си приземен и разумен човек. Според тоа ќе оцениш дали тој некој е за тебе. На крајот, никој не може да те форсира на било што ако ти не сакаш. Решено. Обнови пријателства, сигурно имаш другарка со која можеш да разговараш и да споделиш како се чувствуваш.
хаха не размислува со чиста глава, скоро и е завршила врската можеби мисли на бившиот уште, па од една страна сака да излезе со тебе а од друга не сака. Остај на времето, не ја претискај.
Kolku vreme vi e potrebno za da sfatite dali nekoj e za vas ili ne, mislam od koga kje se zapoznaete so nekogo? Znam ne se site devojki isti ama ipak eve kolkav period individualno.. me interesira. I dali ako ne izgleda deka pokazuvate osoben interes prema maskoto sepak moze da ne se osekjate taka? Pisete
Hmm,генерално одма. Имам некое гат филинг, као забавно ми е и плус некој збор ми доаѓа на ум ( досаден; интерресен; убав) ,вака по 1 месец имам јасна слика дал е да или не. Не, ако девојка сака, сака, ако те дрнда досадно и е и те матка. Сеа за мене лично срамежливост ми е глупа ствар, не ми се отсрамува тумачи што сака; да сфаќам итн
Вајда брзо осеќам дека некој не е за мене, иако се дешавало долг период да трпам ср*ња мислејќи дека се цвеќе. Ама ако нешто ептен не штима одма гледаш. За вториов дел ако не покажуваш интерес тоа е како нож со две острици, може си седиш ладно, другата страна да погрешно да разбере како апсолутна незаинтересираност. Вајда треба да се прави рамнотежа помеѓу здрава скепса и отвореност за запознавање некого.
Уште одма, од првиот дејт проценувам дали би можело да има нешто повеќе или не. Покажувам интерес и јас ако гледам и тој дека покажува, не сакам да мисли дека сум незаинтересирана.
Зошто некои машки, не сакаат да се одделат од родителите иако се веќе возрасни? Им другарка, поради нејзиниот сопруг не заминаа за Австралија, он не сакал да се оддели од неговите. Бдв, единец е.
Зошто треба да значи дека ако е возрасен треба да сака да се оддели 15.000 км од неговите? Не разбирам, ако е женет и има свое семејство автоматски неговите треба да ги избрише за да е “маж”? Ај живеење во заедница, ама зошто не сакал да замине во Австралија бе… можеби сака да си ги гледа неговите, да израснат внучиња, да се дружи со другарите. Заминување во Австралија не значи по дифолт подобар живот. За некој подобар живот се пари, за некој да е блиску до блиските..
Не мора да е во Австралија, само пример дадов. И никој не рече да ги 'избрише'. Има некој што не сака да се оддели, во ист град. Значи, стриктно со неговите да живее. А, ние женските мораме да смениме куќа. @AAKG во примерот од другаркава не е здравствен проблем, кај некого можи е.
I? Неќе и што? Никој не тера ништо да прави со сила. Што е толку страшно? Не само пат под нозе па шо ќе прават родители ќе прават. Животот не е виножита и светки, треба и на родителот да се мисли особено ако нема никој кој би му се нашол.
Никој не ги тера женските на ништо, тоа е консензус измеѓу партнерите, тоа што повеќето жени зинале мажот се да има никој не им е крив.( и да идат кај него пошо така вика општество)
Би рекла дека оставањето на родителите сами не е секогаш единствената причина, но е валидна. До карактерот е, поврзаноста со фамилијата, амбициозноста… Одење во странство не е само напуштање на сопствената земја туку и напуштање на комфорот што ти го нуди истата. Не се сите способни и желни за такви радикални промени. Можеби само на мажите им е потешко, затоа што немаат толку способност да се приспособуваат за разлика од жените.
Не зборам за живеење во заедница, таква желба е малце болна според мене ако веќе има услови за одделување. Ама одделување во посебна куќа/стан, а не 15к километри, да ги види уште три пати во животот.. Јас, како возрасна женска особа, никогаш не би заминала толку далеку од блиските. Не знам што има чудно и ненормално да си ја сакаш фамилијата и да сакаш да си ги гледаш редовно, да сте си тука, стварно не ми е јасно што мислите дека се случува кога ќе се ожени/омажи некој.
Не е до тоа дали е машко дали е женско, туку до карактерот да кажеме. Еве јас сум единица и имав 10 годишна врска со единец. Бившиот на 18 год оди на студии во странство и таму останува да живее и до ден денес. Јас живеам посебно од моите, но не сум надвор од државата. Не знам што ме чека во животот може ќе се иселам и јас надвор од Мк али ако се случи тоа би било Европа ( као поблиску ) али засега немам таква намера. Само знам дека во никој случај нема да отидам ,,на крај на свет,, и во староста да ги оставам моите кога најмногу им требам. Внучиња да видат еднаш у 3 години нема шанси.