1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Идиотот нема веќе да досадува и да се лигави. Се обидов бидејќи немам избор и жалам за тоа.
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не си идиот де,не ставај се при срце ама се што ти кажаа не ти се допадна.Друг начин нема.
     
  3. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Леле па и ти.Ако фаќаме сите така на срце ,ништо работа. Ние се трудиме да ти помогнеме. Верувај дека веќе не знам што да ти дадам за совет. Ти сам треба да си најдеш решение,зш еве сите ти пишавме,ама очигледно не најдовме решение. Верувај дека ако ти самиот веруваш дека ќе си го средиш животот,така и ќе биде.Немој да одбиваш се.
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    М11 ах бе м11 име на авион американски ....

    работата е у твоите постови "сакам девојка ама ме мрзи да фатам"
    или ај ке пишам колку очаен сум па ке ми се смилува некоја феминка и ке ми пише ЛП да се најдеме да се фатиме и љубов со 3 деца да праиме




    така да твојата ситуација не сведува до 3 Пародии на твојот живот
    1. Да постанеш геј , околу тебе опиша има голем број на мажи ....сигурно има некој што тамо носи женска облека на работа , откриј и фати се со него

    2. Да си зимаш 1000-2000 ден на месец и да плакаш да имаш секс со проститутка ... она задоволна со пари , ти задоволен со секс .... сите задоволни

    3. Да постанеш shaoling .... овие луге не им требаат жени цел живот само живеат сложно и учат боречки вештини



    можеби тебе ке ти се смешни овие 3 пародии

    АМА ТОА ТИ ОСТАНУВА АКО НЕ ГИ ПОСЛУШАШ СОВЕТИТЕ НА ЛУГЕТО КОЈ ТИ ГИ ДАВАААТ ОДНОСНО ПИШУВААТ


    би ти пишал уште ама овој динусаурус не ми дозволува
    [​IMG]
     
    На GeorGinnA, crazylady, XMaN и 9 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    м11
    ТВОЈОТ зивот е во ТВОИ раце
    не дозволувај да ти помине туку-така
     
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Твојот проблем е што немаш ни с од самодоверба, а мислиш дека пукаш и дека се движиш као Џорџ Клуни. Ужасно ти влијае еден мал пораз, те убива практично. Фала Богу што има спорт и музика инаку Чао ќе ни кажеше?
    Животот е брутален, знам, повеќето сме осетиле на своја кожа.
    Колку и да се чувствуваме осамени, не сме толку сами бре, има некој до нас. Ние сме оние ќорите.

    Сигурно имаш некој роднина, врсник па и поголем, и да е женет, нема да ти мења, ќе може да те дружи цел викенд. Онака да одмориш од оној рехаб шо ти се дешава секој ден по дома. И од тоа се уморува, да да.

    Сврти број на некој стар пријател. Договори средба у име на стари времиња. Као лелее не сме се виделе со децении. Ако и ова ти е испод ниво, значи јас како и другите форумџи(к)и сме паднале толку ниско, што се обидуваме на било каков начин да ти помогнеме.

    Комуницирај со луѓето. Со оние кои ги гледаш почесто. Тука спаѓаат месарот, млекарот, продавачката, и така натака. Убав збор, насмевка на секому му годи.

    А за таа типката, која те избегнува затоа што си и‘ се отворил, тоа е ептен нормално. Не е секој Господ, па да ги решава другите проблеми. Да си имал друг пристап и трпение, кое очигледно го немаш, друга ќе била работата.

    Зачлени се по форумиве, пишувај си. Тука бараше совети, и доби, можеби и предобри, но иако не ти одговараат, не барај по другите форуми затоа што ќе станеш најјача жртва на ремет. Тука сме премногу фини. И се дешаваат собиранки, навака натака, кафиња мафиња, дружење. Баш преку форуми. И тоа не се случува веднаш, туку по неколку месеци, откако ќе креираш слика за себе, достојна, како што ти велиш.
    Сигурно твојот живот не се сведува на самосожалување, секако дека имаш ставови за работите кои не окружуваат, книги, филмови, музика, личности и слично. Можеби ти се премногу тврди, но океј. Околината може да прифати СЕ‘, но само ако ти покажеш разбирање и прифаќање.
    А тоа негодување, кафана тапа, идење у парк тапа, на ништо не личи.

    Прилагоди се, едноставно МОРАШ да се прилагодиш. Тогаш ќе почувствуваш дека некаде припаѓаш.
     
  7. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Јас мислам дека се плашиш да не те одбие некој/а за било што или ако ги поканиш некаде, а после тоа во случај да те одбие ќе мислиш да не излегов ваков таков... Од друга стана пак кога ќе размислиш уште еднаш ќе видиш колку мани имаат луѓето во споредба со тебе, ќе видиш дека можеби во нешто си во предност во нешто не, во животот не е се плус има и минуси и мора да ги прифатиме. Не сакам да ти давам такви совети оди на некој курс, во теретана како што и сам спомна М11 не е како на филм се наеднаш да тргне, но не може премногу да ги анализнираме луѓето какви се, зошто сите гледаат дури имаат интерес некаков да комуницираат кога нема ќе ги снема, мораме да мислиме дека и ние имаме корист од дружењето и не е можно со едни луѓе постојано да се дужиме. Кога некој не те познава добро како што велиш ќе мисли дека си мрачна личност дозволи му да те запознае некој/а подобро, како не знам, но ете го интернетот не можиме да негираме дека има и такви врски и пријтелства. Јас М11 те разбирам, но за се треба време не очекувај преку ноќ да ве вљубиш, да стекнат доверба во тебе и сл. Се надевам дека ќе се реши за брзо твојот проблем. ххх
     
  8. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Без желба да предизвикам реакција, искрен сум со себе и вас, идиот сум и не ме навредува и не се лутам за ништо напишано од вас.
    И кога ви кажувам дека вие сте вистина позитивни и го ценам вашето внимание тоа и го мислам. Тоа ви го кажува некој кој знае да го цени виманието на другите, ако прочитавте наназад што напишав ќе ме разберете што значи тоа. Повеќе од доволно направивте и мојата забелешка дека сум се надевал на поинвентивна помош не значи дека недоволно сте направиле.
    Без претерување, без патетика сите тоа го забележувате а и ја го знам, моето срце е оладено и веќе не сум навикнат на љубов и топлина, се што правам е по инерција, ништо не чувствувам, ова од мене е чезнеење по старите миризби и желба да чувствувам повторно. Не сум неблагодарен, само сакам да ја задржам самопочитта бидејќи се различно од моите афинитети, убедувања, ставови, естетики во кои верувам не би бил јас, пострашно е и да се изгубиш самиот себе и не ми се лутете на тоа. На мојот проблем гледам само како немање приближно пристојно друштво за да имам најобична социјализација, а лузерските приказни како онаа за девојката која сакам да ја сретнам а таа очекува тоа да го направам на нормален начин а јас пак не можам да излезам од дома секако иде во прилог на тоа да не треба да се замарате. Верувам за повеќето од вас е несватливо, но да, толку елементарно, една од оние работи кои се бесплатни, за мене е недостижно и најголем луксуз.
    Доволно приказни, веќе сите зборови губат смисол, едно е сигурно, никој не заслужува да потроши ни една мисла за вакви лузерски стории. И повоторно, благодарам !
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Обично избегавам да реплицирам на машки од причина што најчесто води кон конфликт ама ти си ми комплетно нејасен. Од почеток мислев дека се фолираш и само сакаш да ќариш некоја феминка (што може и сум во право) ама имаш толку контрадикторен стил на пишување како двајца различни да пишуваат.

    Од една страна феноменално се изрекламира (што не може да е случајно) згоден, убав, образован, елоквентен, најубави години, у форма и плус со пари, принцот на бел коњ односно у твој случај бел мерцедес а од друга страна се жалиш немаш друштво, никој не ти е на ниво и не можеш женска да си фатиш?

    Ја сфаќаш контрадикторноста?

    Толку се жалиш што апсолутно не е нормално, градов е пун прекрасни жени памет да ти застане, тврдиш дека имаш многу високи критериуми а јас ти тврдам имам барем шест пати повисоки од твоите па пак сум нашол женска што ми се свиѓа, значи има а тек да почнам да ги крстарам диската во сабота има памет да ти штукне. Си поминал ли покрај Маракана накај Парадисо некогаш, има врат да искршиш од вртење а ти се жалиш нема жени??? Епа не си ми јасен, ако си таков како што тврдиш они ќе те бркаат а не ти нив така да тука си ми многу сомнителен.

    Не искачаш од дома, не идеш никаде и се жалиш, епа што сакаш тогаш каков совет, ние да ти најдеме друштво? Ете има теретани, концерти, диска, разни клубови искачај ќе најдеш.

    Јас исто едвај наоѓам луѓе за муабет и ти гарантирам дека сум и посамобендисан од тебе (си се ценам себеси) ама НЕ СЕ ЖАЛАМ туку сам си ги бркам работите. Последните 5 месеци ради приватни работи ми беа ужасни ама само една женска дозна за тоа и никој друг, стиснав заби и барав чаре и го најдов, ама активен сум и не прашувам на фемина јас сум сирот, мене ми треба помош ама сакам нешто поинвентивно.

    Сакаш поинвентивно без да искачаш од дома, земи оглас на нет има Русинки и Украинки за мажење кои едвај чекаат некој како тебе да ги извади од беда па порачај си некоја, ем она среќна ем ти среќен и нема да мора да бркаш наша и да се мачиш.

    Срцето ти станало ладно па не си среќен ко на нас другите се рози ни процветаа во животот. Ако не си активен а не си фолирант ќе си прочмаеш дома додека другите се забављаат и си терат живот.

    Нема никаква причина за твоето понашање (под услов да не фолираш па да сакаш да ги фатиш девојкиве на мајчински инстинкт) освен ако немаш некоја телесна мана која не ја кажуваш или имаш тежок психички проблем.

    За првото неам што да кажам пошо не знам ама ако е второто иди на психијатар и почни со терапија.

    Ти би бил идеален да ми бидеш другар кога толку не би се жалел ама да те викам ај да бркаме жени ќе речеш НЕ, да ти кажам ај у парк на вежбање пак ќе одбиеш епа кој ќе те дружи тогаш? Плус како се жалиш ама стварно ниедно машко што држи до себе нема да те дружи и ќе те избегава.

    Исто и квалитетна женска, чим те види ваков има да ти кидне за 5 секунди, нив треба да ги тинтраш пазиш и мазиш и да ги шеткаш а ти себе самиот очигледно не можеш да се средиш.

    Дечко аке не фолираш под итно на психијатар, друго стварно не знам што да ти кажам, во 600 000 луѓе еден да нема по твој терк тука нешто не е ок.
     
    На srcekrsacka, Trendafilka, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    ^^Не го напнувајте човекот.

    Продавам мачка, контињерска, сеуште не прочистена од болви, ама со посебен нагласок на фамозното У од нејзиното МЈАУУУУ.
    Мачката одвреме навреме покажува симптоми на беснило, се храни со риба и вашите нерви.
    Што е најбитно, ефтино ја давам.

    Кога веќе не се наплаќаат огласите за самопрезентирање, сакам да си го искористам правото и јас со тоа што примарно место давам на тоа јадниче во права смисла на зборот.

    А Луис Анхел де Корасон нека продолжи со потрагата на вистински вредности во животот.
    Мој совет е да почне со тоа што ќе се разбуди, ќе си го запали ренолчето и додека иде на своето работно место да се обиде да сфати дека паметните девојки на ФЕМИНА одамна ја прецртаа патетиката како соодветен начин за нивно ќарување.

    Плус, мерцедесот одамна не е во мода :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Xman , дали се праша таа контарадикорност што те буни, можеби проблемот е кај тебе ?! Додека вечерва имаше лига на шампиони гледам убаво се намачи да ги одгатнеш моите тајни и мистерии , дали можеби и нова плетка имаш вечерва за дечкото ? Копчаш ?
    Нема никакви мистерии и бедно е да тресеш и да навредуваш само врз основа на некакви луди претпоставки а ми се чини дека цела таа инспирација ја доби во немање што да правиш додека има фудбал ? Станува интересно нели ?
    Ете така, не дозволувам на некој токмак да тресе и да ме навредува. Тоа што сум го напишал за себе е целата вистина (се сомневам дека слабо читаш и разбираш македонски) а на психијатар да идат можеш дома да им кажуваш, очигледно не знаат твоите дека имаат стручњак дома.

    Сепак преиспитај се сам зошто не ти е јасно и што ти е чудно. Сам си се пофали сам сам се направи медицински стручњак ама не се сети дека ако сум онаков како се опишав контрадикторно би било да сум сакал да ќарам феминка, да сум барал некоја за да сум се женел, телесна мана, знаеш таквите како тебе односно како мене , односно супериорните како тебе не се занимаваат со такви лесни и недостојни задачи а очигледно тебе се ти е во оптек, ама пак тоа е контрадикторно. Сега те збунив :)
    Гледам и на другарка ти Георгинна и се допаднаа твоите генијални теории, несреќен сум сериозно и нема да завршам добро според она како ми тече животот но јадниче, да сум идел со ренолче ... да се нарекува така човек кого не познава и кој самиот доволно е мизерен и во очај побара совет од луѓе ... Георгинна баш посакувам по некоја случајност да застанам пред тебе и да побарам да ми кажеш јадниче , нема да разбереш зошто но ете да те копка , баш посакувам.

    Баерн – М. Сити 2:0 , ова беше информација за Xman . Можеби пропушти да најдеш добар другар ама преиспитај се прво сам, можеби проблемот е кај тебе.

    Ако не си хомо и ако ми се извиниш може да видиме дали може да бидеме другари, да излегуваме во град за да бркаме женски како ти тоа го нарекуваш (ја ќе те лажам дека бркам женски а ќе се надевам да ја видам неа бидејќи е посебна) и интересно ќе биде и што ќе кажеме еден за друг тука до сите што го читаат форумот.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Дали после долгото филозофирање кое мислам дека и самиот не си го сфати- прифаќаш да излезеш со X man :wasntme: :angel: ?

    Ајде, согласете се, изгуби излегувачка невиност, а ние ќе навиваме за тебе конечно да се смееш и да си поминеш убаво- може :wasntme: ?

    А Таа, ако е толку посебна, зошто не и го кажеш тоа :!: ?
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Јас неам проблеми ниту се жалам, мојот најдобронамерен пост ти си го изврте, ако сакав да те вреѓам тек тогаш ќе видеше што е вреѓање, ама не е тоа мој стил :D.

    Другарка ми Георгина и мене ме направи партал за 10 пати помала работа ама јас никогаш не и се обратив во трето лице, стил друже ми е тоа :).

    Поздрав од мене и се најдобро а тоа за хомото ти беше добро, може и лајк да ти удрам :lol:.

    Со среќа
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Стигнавте ли сега до моментот кога ќе му го лепнете стикерот

    NOT WORTH OUR TIME

    ?
     
    На GeorGinnA, sesilija, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    М11, според тебе, сите се сељаци, ти си кул....
    Егото ти е на 100ка, не сакаш кафани, немаш другари, прибирлив си.... секогаш си во право. Материјалното е она што те одржувало до сега, ама пууф одеднаш сфаќаш дека не го прави тоа животот, амаааа касно еее.
    Или навистина си имаш мака, сакаш совет но сеуште не можиш да се помириш дека е до тебе, или едноставно сакаш внимание, очигледно, оти не го прифаќаш советот како за некој што има проблем, туку реплицираш на секое и убедуваш.
    Што убедуваш, дека не е така? А имаш ,,проблем,,.
    Немој. Реши се дали бараш совет, или сакаш да разговараш, т.е да се рекламираш каков си што си. Најдобронамерно, оти мене многу поинаку ми изгледаат овие изнапишани страни.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Сесилија, ете сама си сведок. Не ми се извини несуденото другарче а со тоа отпаѓа се друго. Да не испаднат разни нови теории, нема втора шанса.

    Таа е посебна ... и за неа имав напишано во некој од претходните постови. Да не оставам материјал за серџии, можеш да прочиташ наназад.

    2468, одговор на твоето прашање има во тоа што го напишав додека се обидував да се заблагодарам на сите и да престанам да реплицирам и опонирам , се е коректно тоа што ми го сугерираш и ти се извинувам и на тебе за изгубеното време. Ако не те удостоив со комплетен одговор, прочитај тамо некаде погоре од вечерва.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    M11 немој да ми кажеш дека потајно или потсвесно сите овие фрустрации излегуваат токму од таа посебната, т.е. почнуваат и завршуваат со неа.
    Јас твојот проблем дефинитивно го разгледувам од секој можен различен агол, ниту некаде те навредив, ниту те нареков идиот, ама ако е целата оваа фама за жена, завиткано во добро спакувани реченици, компарации, метафори и ептитети, дури тогаш ќе се налутам... и онака баш крајно разочарам.
     
  18. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Не е баш така Трендафилка, ако прочиташ назад , мислам одговор до Геа беше, ќе разбереш што е приказната за „посебната“, ова е извадено малку од контекст за таа девојка. Тамо убаво дадов пример дека не е точно дека не се обидувам да применам некои од советите од овој форум ... тамо беше спомната таа девојка и прочитај што е тоа.
    Не знам па од каде сега тоа дека си ме нарекла идиот и си ме навредила ? Нема таков нешто.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сега сите сме изгубени во преводот што би се рекло.
    Со секој твој нов пост некако послабо те пратам, и не знам дали вреди како што рече Елементал, ама стварно.

    А да почнеше од почеток- без толкав вовед дека си сам, концентрирај се на тоа што придонело да е така, не е сигурно тоа што кога си се вратил сите биле веќе со формирани семејства.
    Кажи ни повеќе за неа, каде ја запозна, каков ви беше контактот пред да и се отвориш и и` кажеш дека немаш баш сјајен социјален живот?
    Дали сега имаш некаква шанса да ја вратиш, да и пишеш на фб како се чувствуваш?

    Упорно избегнуваш да кажеш што е со твоите, со родниите- зарем немаш некои братучеди, брат, сестра- некој :^) ?

    Или ние испуштаме нешто, или ти упорно не сакаш да ни ја разрешиш сложувалката- мора, ама мора да има нешто кое приденело ти така да живееш и што не ти дава да продолжиш напред.

    Биди искрен, кога веќе си решил да пишуваш отвори се до крај, и онака е анонимен форумов
    Вака само нагаѓаме која е вистинската причина од која излегле сите последици.
     
    На mims-89, kukli4ka2 и Sparks им се допаѓа ова.
  20. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Имам еден предлог да си размениме Skype или MSN па таму да си разговараме сите да го решиме овој проблем и секако да му помогнеме на М11, а со тоа и ќе се дружиме. Навистина не знам која девојка беше и јас се согласувам дека М11 не прифаќа добронамерен совет како некој што има проблем. Јас се обидов да помогнам некако, но изгледа тоа немало никаков ефект. Друго што забележав е дека се тој е најдобар дека другите се како рекламата со разни верзии :D Волку Волку зошто си сељак толку :D. Не ми е јасно ем имаш проблем, ем не прифаќаш совет, па другар и нас другите не ни е се најубаво сите имаме проблеми. :?: