Е ова е добра тема отсега ќе ве прашам вас жениве и онака сум отупел од мислење па пак ништо не сватив кај жените ај може ќе ме посветувате овде па и јас да сватам што има во паметот на некои жени уфф
Можеби има тајна Можеби те сака ама не покажува зошто има нешто што не може да ти го каже ја мачи нешто а може те сака повеќе отколку мислиш ја мачи нешто биди сигурен
Џабе си отупел, и ние самите незнаеме што се има, како што во чанта незнам што се носам така и во паметот незнам, само знам дека се полни и двете. Не се дознава ова вака, мораш ти прво да знаеш што поточно бараш а јас ќе проверам и ќе ти кажам дали го имам или го немам
Си размислувам веќе неколку дена има една личност, туку што излезена од долга врска (можеби 2-3 години), а исто и јас. Океј личност ми е и се то, образована, интелигентна, забавна, сличен вајб имаме, ама ме кочи една работа, првично јас што сум скоро раскинат од врска, а уште поодбивно ми е што таа тукушто излезена од врска, стапи во контакт со мене на некој начин.. размислувам да се дистанцирам на некој начин да не замини нештово предалеку...? Што би направиле вие?
Зависи шо чоек си.... Како ти се осеќаш ако наеднаш стапиш во контакт? Дали сакаш контакт? Дали ти треба само за секс? Дали сакаш емоционално да се врзиш? Јас секогаш глеам прво да си дојдам на себеси па после отом потом. Што и да започнам, ако не сум да речам "јас, јас" џабе. Но, секој различно.
Што мислите за машко, 29 години, што еднаш иде Франција да работи, после Германија, па Швајцарија? Ќе го бидне ли за врска?
Јас не би се нафатила на таква врска. Тешко се одржуваат врски на далечина. Јас би ти рекла да не брзаш. Прво да си бидете пријатели. Јас не би можела одма да влезам во нова врска.
А бе, премногу е променлив. Замисли утре др ден да ми речи не те сакам поќе. Досега во 2 држави има живеено на крај ја неќел Германија, не сакал поќе да им работи нив, на Германците.
Нема допирна точка одењето на работа по други држави со љубовната врска. Поради ситоацијата моментално во еу,секој бара подобар начин на живот. Битно ти е дали таа врска на далечина ќе успее. Но од следен месец ќе има големи шанси да се оди надвор од државата со мк пасош така да можите да пробате заедно да одите надвор од мк.
Па тоа мислам. Вчера Франција, денес Германија, утре Шведска, ден после тоа Швајцарија. Вчера една, денес јас, утре друга, др ден пак јас. И ти така мислиш, м? А бе.... Интересно е што сестра му го бранеше дека млад бил да се жени имал време уште да мисли. Иначе нема ни женска асолна.
Не знаеме што човек е. Тоа што му се оди де ваму де таму, не значи дека секаде девојки ќе бара, ако мислиш на тоа. А врска на далечина, посебно толку далечина, не би препорачала. Секој си знае, но најдобро е кога нема физичка ограниченост и оддалеченост.
На вие ваквите све никој и ништо не им чини, само они арни се. 29 години начукал, нејќел вамо да работи, нејќел тамо да работи, утре ќе ти дреме дома на фотеља со една рака у гаќи, со другата на даљинско, ти ќе бидеш и жена и муж. Па уше и сестра му малечко било да се жени... Ете и го, нека си го чува.