Многу се засекиравте и го профилиравте во тоа дека одел да работи по држави. Ништо од негови карактеристики и се сомневам дека и има воопшто праено со него муабет, ова се хипотетички муабети за врска и брак.
Не сериозно, види дали типот е океј, во поглед како гледа на врска, дали мислиш дека би можела ти да издржиш така на далечина и дали е тој тип на кој би се потпрела?
Па треба да се врати од Франција, одмана не сме во контакт. Ај ќе ти пишам порака. Треба за една недела, две да дојди во Мк.
@Stark Ништо бе шо, замина тој Франција, можи има година дена, пред да замини се запознавме и два пати се видовме, се бакнавме. Ме праша што ќе прајме дали да и кажеме на сестра му (моја колешка, не којзнај колку блиска). После ми рече, сум била стара. После ми рече, не знам што ќе прам, ќе заминам Франција. Да не почнуваме ништо. Па нз каде ќе оди, дали Франција, дали Германија дали нз каде. После почна да ми се извинува што ме повредил. И замина. И ќе се враќа сега. Еднаш и кажав на сестра му дека ми недостасува тој. Таа изгледа му кажала. Јас сама го избришав, после го адннав. Хаха. И од ко му пратив покана по еден месец беше дешавкава со сестра му. Откако и кажав неа, тој ме прифати. И ова, знам дека тој период ко беше дома сестра му го тераше да земи да работи нешто, а тој си играше игрици на компјутер. @Gosh бејби, ко го запознав бил Германија и си седеше 3 месеци, имал пари ми рече и не работел, па мож ќе идел Франција.
Нов закон е веќе донесен секој со мк пасош да можи да добие виза али за то ќе треба да си најди ссмо работодавач и за 10 дена добива виза. Веќе почнаја да се земаат визи многу побрзо. Предходно се чекаше на лотаријата ама таја веќе неважи од овој месец. Се насе кошта 400 евра за да се спремнат сите документи.
Абе види ми делувате ко тинејџери, не сте се ни запознале некако, јас ова не го сфаќам за сериозно еднаш месечно пишано ај готово че прајме планој за брак. Мислам сериозно... комуницирајте види како се однесува во јавност со други личности, со тебе како че се однесува, што размислува во иднина, дали е човек што гледа на семејството како и ти ваљда.... овие работи ќе ги знаеш откако ќе се подружите малце... и крај приказна. Само ми падна во око ова дали да и кажел на сестра му итн... таа изгледа ги влече сите конци и така би било во иднина бери ум.
Не рековме за брак одма, Боже хахах. Ние некоку месеци и си пишувавме. И два пати се видовме. Додуша со сестра му сум во комуникација поќе. Срамежлив е, ко ќе е со мене иначе. Еднаш ко се возевме в кола криеше од нејзе дека е со мене. Е сеа пред да замини Франција, ми рече да не и кажувам и јас и кажав оти ми тежеше на душа
Не ќе да се крие пошо е срамежлив. Не сте побогу 15 годишни. Не си тепај време. Нит сте се виделе ко што треба, а па за подлабоко запознавање не ни зборувам. Твое си е, не е овде проблемот дали ќе оди во Германија или Франција, проблемот е во нестсбилноста на "врскава" и криењето.
@GirlLove легендо бе кај ги наоѓаш луѓево? Абе бегај, шо мајка би барала со ваков тип, а може па на крај со сестра му би завршила. Ништо не се знае у денешно време, и све бидува. Ама сумљиви се ептен двајцата. Ако ти е до забава, заебанциии па уз пат и проблемчиња и фрки терај си го ќејфот ич да не ти чуе ама ако бараш нешо нормално и сериозно, тешко би го добила со овој.
Чудно ми е. Таа сама ми кажа, брат ми многу ме нервира и каде што ќе појди ме срами. Каде и да се вработел се нешто глупост правел изгледа. Знам тогаш, нешто по телефон она му се развика, за колата. И он, добро, добро и тој нешто и рече краво една.. Валјда се заџидувам во погрешни. Тој ми се однесува ко тинејџер недораснат и срамежлив и не знае што сака.. Разгален. Па таа ко ми рече брат ми е мал хахах. Уште дете бил на 30 год, рано му било за брак.
изгледа сакаш ти вакви лабави луѓе како шо читам погоре прочитав убаво ти кажа една колешка дека ако ти е за заебанција фурај со него да не ти чуе а за подлабоко поозбилно барај друг т.е ке си најдеш тој е низ европа џенем
Здраво драги женски. Потребна ми е ваша помош. Раскинавме во Јули, јас раскинав бидејќи ми затскри нешто чупето. Да не должам, заден контакт ни е преку порака а јас испив и блок бидејќи ја молев. Сакам да пратам цвеќе за роденден, дали мислите дека тоа е правилна одлука? Со тоа да сфати дека уште ја сакам а и да го честитам роденденот нормално.
Штом те блокирала, решила да прекине секаков контакт и се' со тебе, цвеќето нема баш да помогне. Секако, зависи зошто и како сте прекинале... Ти сакаш цвеќето да е само онака гест или повод, ако е можно, да се смирите?
Можеби и не би било чудно доколку сеуште имате некаков контакт. Ако не сте имале никаков контакт изминатите десет месеци дефинитивно може да биде малку чудно и да испрати чудни пораки. Исто така треба да внимаваш и на нејзиниот љубовен статус, па да не испадне цела ситуација ненамерно мешање во нејзината сегашна врска. Сепак десет месеци поминале, не е тоа кратко време, па треба да бидеш спремен и да очекуваш дека може да добиеш и непосакуван фидбек и на крајот да бидеш повреден.