Под контакт ако мислите на пораки по СМС, ги имаше. Не бевме заедно ама кога и да пишев вратеше, цвеќето сакам да е и гест и ете ако може да ја натера да размисли за нас пак. Повреден секако дека ке сум, а искрено очекувам негативен фидбек. Страв ми е да не помисли дека сум манијак иако сме биле у среќна врска. Таа мисла ми е бидејки ме блокираше на инста кога на глава и се качив една вечер да се предомисли.
Изгледа ѝ раскина за глупост па сеа се предомислуваш и посакуваш да трчка по тебе. Убаво ти направила, нестабилен си и се понашаш детски. Move on... не биди мањаче.
Па имав добра причина да раскинам додека истата работа не се случи меѓу нас. Ти го разбирам муабетот сепак. Како и да е, откако бидна тоа што бидна... ми се смени мислењето ама очигледно дека е касно.
Ако сте во контакт сеуште преку смс пораки тогаш можеби подобра алтернатива е преку порака да и честиташ роденден. Ако она не е во врска и ако мислиш дека сеуште чувствува нешто за тебе, можеби и нема да изгледа толку creepy тоа со цвеќето. Ама ако ептен си ја оплескал и ако она веќе продолжила со својот живот без тебе во него, тогаш време е и ти да продолжиш со него и да не си ја оптеретуваш главата со what ifs...
Најверојатно ке биде порака, не сме во контакт од Март. У смисла, заден пат кога ми има она пишано. Јас пишував ама џабе. Така да или порака ке биде или ништо. Дали е у врска, не верувам. Дали чувствува нешто за мене, ке кажам дека не.
Nemoj da ostavas cvekje pred vrata da ja izvadis od pamet toa e malku creepy, more i povekje od creepy, ne da e rodenden, sto saka neka e. Pisi si poraka, poraki ako treba i ako biva biva ako ne, sekoe loso za nekoe dobro.
Се допишуваме со една колешка, имаме муабет.Пред тоа се запознавме на еден настан, па се видовме на друг.Имаше и журка, на истата се гледавме, но не пристапив.И пишав и се допишуваме.Ја викнав на кафе, но ми рече дека периодов сакала да учи и таму да е фокусирана. Што да правам за понатаму?Совет?
Понуди се да и помогнеш или кажи и малку одмор нема лошо да ти дојде и предложи прошетка низ парк,одете на сладолед нешто да ја мотивираш не може да е по 24 часа над книги ,и тоа не е добро ќе се оптерети .Пробај во стил замоли ја дека е убава прилика да одмори малку и да прошета па ако пак одговори негативно,не инсистирај .Ако и понатаму те откачува,ќе знаеш дека учењето и е само изговор да не се гледа со тебе .
Ова за брачед ми прашвам. Он има 37 години и почнува да загледува девојки од 20 год. Ми кажува како се допишува со нив, па како биле јаки. Дајте иљач за детево, го сфаќам дека имаше 10 год врска, ама веќе ова не го бива...
Иљач нема. Од ова јас имам критика на допишувањето со нив (множина) и загледување. Испрати го кај мене да му покажам инбокс, ќе види празен простор и десетина пораки со другари и мајстори дај му совет: да ги брише сите предлози за френдици, да ги избрише сите пораки, да не им остава лајкови, да не ги гледа рандом кога тргнал некаде (затоа што тргнал некаде, нема потреба од кс-кс зјапања) итн.
Se znaeme onaka imame izleguvano vo drustvo, mi reagira na story, komentira i slichno... ama pisuvanjevo ne go rqzbiram vrakja po sto saati.. da recham, prva pristapi vaka, mislenje ?
Не е многу заинтересирана и те чува како опција можеби. Или сака да глуми hard tо get. Кое и да е не ти треба, делува незрело.
Не знам колку саати се тоа што ти враќа по сто саати, ама еве до кај 3 саати да речам е нормално, зошто нели сепак не сме цело време со телефонот во раце, ова зборам за еднаш до два пати, а не цело време да ти враќа на толку време. Ако сепак ти враќа и не те остава на seen, а викаш и ете дека коментира и слично мислам дека сепак има нешто, ама ти најдобро си ја знаеш ситуацијата.
Otkaj ja znam, prijatna mi e onaka, mi deluva na cute i empatichna, mirna... ama nekogas e online a nema seen a vrakja podocna. Vaka ne ni mozham da svedam nekoj muabet itn, odbivno mi e. A na nekolku pati ja zaprimetuvqm deka me gleda, sednuva do mene itn..
Па нема врска, и мене ми се случувало да коментирам и лајкам на некој од мое друштво но тоа не значи дека го посакувам. Викни ја на кафе де, ќе видиш на шо си.
Не знам по колку години имате. Ама во живо да речам јас ако некој свиѓам стварно малку сум глупава и не знам да флертувам, ме фаќа нервоза и слично. А со некој што не го свиѓам сум многу поопуштена. Е сега ова и од женско до женско зависи. Затоа најдобро пиши и за кафе ако ти е на мисла и види што како е.