Nikosh nemase da mi padni vo oko valjda i vaka ce ostani, ne mislam da lovam, she is too young (22), jas 29,a i drugarka e na poblixok clen na familijava.
@Stefan18 Според мене, she is not into you. Да сакала, да и си се допаѓал, нема шанси да те одбиела за кафе Но, за да не испадне дрска или некултурна, те одбила со изговор за учењето. Move on
Старк, не брзај и не се залетувај стварно. И ти викаш, немала да ти падне во око, епа? Ама ти годи пажња, тоа е работата? Не се проблем годините толку, не е дете но да си процениш дали имате симпатии меѓу вас ко прво, па после се останато. Глеам и ти не си сигурен баш околу тоа. Иначе за ова со „ловењево“, па како мислиш поинаку? Нели маж си. Она очекуваш да ти се пушта? Може и срамежлива е, затворена. Нема ништо лошо ако седнете и попраите некој муабет па ќе си видиш конкретно што е и како е. И не буквално пуштање секако, првин другарски се пробува, колку да видиш има или нема потенцијал и заеднички интереси дали би имале, дали уопште и би се нашле у муабет ко прво. Не е бе толку комплицирано аман што ви е. Вака па преку пораки, и чекање сто саати не знам дали најправилно би ја проценил. Штом имаш можност во живо, пробај така. Ако сака, се разбира. Ако видиш изводи нешто, се знае тогаш.
Ne glupo mi e iskreno po sto saati vrajcha sho se vika, a reagira stori, komentira, duri odev gym mi prajkashe cokolatca itn, mislam cute e sw, iame izlezeno ama ne nasamo itn ... ama smetam ako neshto treba da bidni treba da se pishuva pojche otkaj znam.. zato rekov mi padna vo oko vo smisla premn kind mi deluva onaka for no reason kon mene.. poshto nikad ne sum dal povod prethodno ili pa da stapam vo kontakt onaka ja imav na insta i edno zdravo zaradi to so se drugarki na rodnina moja.
Зависи како ти враќа. Ако тоа вратеното е кратко и безвезе, ќе сфатиш дека гледа да го убие разговорот. Ако е долго, опширно, прашува и гледа да продолжи муабет, тогаш е поради обврски и приоритети. Не може никој цел ден да е на телефон и да враќа одма. Во тој случај ќе се погодите во денот кога сте слободни да си направите асално муабет, а не овака да чекате со саати, и да те фрустрира.
Види, ти ако стварно имаш чувства нема вака да мислиш. Ќе се потрудиш барем на едно кафе да ја викнеш и да видите што како. Вака ми делува само како да ти влијаело добро вниманието нејзино, и сега кога не е баш како што било одма оладуваш. Сепак машко си, ако стварно сакаш нешто мораш да се потрудиш.
Вие мажите, тоа нашето kind секогаш си го замислувате дека ние флертуваме со вас, но не е така. Затоа ти викам, пробај викни ја на кафе, или викни ја и неа и таа блиската роднина шо ти е, отидете заедно, правете муабет па ќе видиш како е работата. Прашај ја дирекно. Или ако не планираш ништо со неа, заеби, не и давај лажна надеж.
Ако е доста помлада ич да не те чуди. Не знаат муабет да сврзат. Се онака безвезе им е, површно, со гифчиња и тиктокс. Многу примери имам видено. Сакаат да пишуваат, ама не знаат како да водат подлабока комуникација.
@Stark ако и се допаѓаш, ќе се потруди во комуникација и да врати побрзо и да врати поопширен одговор и да одржува разговор. Сите си имаме работа и не сме секогаш на телефон но ако некој ни значи, наоѓаме време. Не сме постојано зафатени па секогаш да одговараме на 3 саати. Некако не ветува ова што го опишуваш.
Какви чоколатца бе? Емоуџис или вистински чоколатца? Значи не си муабетел во живо подолго, насамо. Што знам бе, некои ги мрзи да типкаат, а у живо уста не затвараат, други па поише да пишуваат, а контра се у живо. Различни имаш. Дур не запознаеш ко што треба, нема да знаеш баш за каква особа станува збор. Којзнае па дали и она знае самата дали и се свиѓаш или не. Или интересен само си и дека постар.
Si dava znacenje koe go nema od edna strana, od dr strana moze ne saka da e tolku ocigledno deka i se dopagjas, taka sto ako se poznavate dobro, prasaj ja so sto e tolku zafatena pa, ne odgovara spontano. Imaj na um, nikoj ne e prezafaten da ne moze da odgovori, kje pise barem dva zbora "vo guzva sum, pokasno"
Излеговме и приметив дека додека е излезена не го користи мобилен, во ред. Ама други работи некако ме убијаа, сепак е помлада и интересно и е и најглавно е каде ќе се пие и колку итн.... мене то време ми е некако поминато. И сеуште главен муабет е сведен на реелс и бош муабети, така да поверојатно е да не се надевам на нешто повеќе. Малку поинаков и повозрасен пристап барам, а не преокупација со кого и каде и колку ќе се пие искрено...
@Stark No offense, но девојката е помлада и во период кога и е најзабавно и лабаво. Верувам и ти на таа возраст си бил ист. Сега, ако сакаш повозрасна/созреана, барај си можеби некоја поблизу до твојата возраст (или на иста возраст) и проблем решен Не може да кажете муабет не знаат да сврзат, кога вие едноставно не сте на иста бранова должина. А и верувам дека ако некому му се допаѓаш, досега ќе сте биле на 3-то кафе, тоа е.
Зошто се се сведува на кој прв пишал, кој дал знак, кој колку остаил да чека за па да врати?! Дали сум неморална ако прва му пристапам на некој?! Дали ако веднаш враќам на пораки тоа ме прави ептен загреана и очајна?! Зошто намерно си ги комплицираме работиве? А од друга страна сами „кукаме“ зошто е тоа така, зошто не се разговара отворено? Испаѓа како да очекуваме меѓусебно да си ги читаме мисливе... Конкретно, другарка ми се јави пред малце, ми вика дали денеска да му пишам пак јас прва, дека и вчера прва му пишав... Рачунај неаме 15 години.. 25 се... Дали стварно гледате вака на работите?! Кој прв пишал денеска и кој викнал на кафе?
Дечки здраво. Имам еден проблем и да бидам искрен не знам каде да се обратам за некој совет и од каде да почнам. Имено јас сум личност што малку тешко може да му се допадне некоја женска особа. Меѓутоа, проблемот е следен. Во овој период не можам да извадам едно девојче од глава, бидејќи ми се допаѓа премногу, а не знам ниту зашто ми се допаѓа, немам одговор на тоа прашање, и малку сум fucked up баш заради тоа што немам одговор. Пробав да стапам во контакт со девојчето, од целиот контакт за возврат добив 3 реда муабет и тоа basic level, на кој за крај не добив ни seen ни ништо. Дополнително, дознав дека на нејзините другарки им пренело дека сум и пишал. Е сега потребен ми е совет/мислење за ситуацијата. Пред се прашањето ми е следно. Зашто би пренело дека сум и пишал? Која е причината? Второ како да постапам следно, дали вреди да пробам да пишам/reply-нам на некое стори ако стави?
А која е суштината со муабетот за пренесувањето не ми јасна, дури и 3 реда basic муабет да се пренесе? Пробувам да ја сфатам логиката. За тоа што најверојатно не и се допаѓам не велам дека не би било точно, иако до сеа се имаме видено еднаш или два пати и при тоа не сме ни имале некоја директна комуникација, па оттука не би го и негирал тоа. И дали вреди да се обидам да стапам во некој контакт пак?