Пак ќе пишам. Кажи и дирек, ама со убаво и остани во дистанциран контакт. И сепак можеш да и пишуваш како е, одвреме на време. Оти ако сакаш да оставиш добар впечаток, а не само шутни ја и ај чао.
Не играат ама баш никаква улога годините, немој да се лажеш со тоа. Нема врска што има 20, може да е многу по созреана и од тебе што си 30, факт е дека девојчињата многу порано созреваат од машките. Јас мислам дека треба да и дадеш шанса на девојката, ама сепак ти си знаеш најдобро, и на крај сам ќе одлучиш.
Вие читате кога некој бара совет? Едно прашува, сосема други насоки добива. @Stark ако таа ти пишува самата и има некои очекувања, а притоа ти си сигурен дека не сакаш ништо со неа, кажи и искрено.
Што да правам кога се допишував с одевојка, периодов.Сега наеднаш ми вели си имам дечко.Сака да ме одј*бе или навистина има? Ова ми се случило 2-3 пати.Или чекала да дојде правилниот, па си имала на страна материјал?
Глупо е, секако. Зависи што сте пишувале и колку време сте пишувале. Ми се случило да сум во врска, а ете на некој од култура ќе му вратам и ќе пишувам (ова само познат ако е) се' до моментот кога ќе ми спомне да излезиме на кафе. Тука прекинувала комуникацијата. Можеби нешто слично е и во овој случај што напиша. Почнала да комуницира без никаква намера и се повлекла.
Залудно потрошено време само би рекол. Не ја познавам во живо, не ми е позната.Затоа тоа беше целта и на крај ми вели била во врска. Ми се има девојки што се во врска да искочат на кафе.После тоа се правдале демек за дружење биле само.Да не забегувам од темата.Поентата ми беше дека не се наоѓа некоја добра.
Здраво на сите! нова сум па незнам каде треба да го напишам ова се надевам дека и тука има некој кој би ми поможил.Имам 20 години се допишувам со дечко што бевме во контакт пред една година ништо немаше помеѓу нас освен симпатии.Кога престанавме да се слушаме пред една година мн ми беше тешко и се надевав дека повторно ќе бидеме во контакт па и нешто повеќе ќе биде меѓу нас,јас многу го симпатизирам детето но незнам како да постапам со него,се е во ред зборува како ме сака како ова ке правиме кога ке се врати бидејќи сега е во странство,преубави работи ми зборува и само ме прашува дали и јас него го сакам,јас до сега му немам речено и мислам дека е рано за тоа да му го кажам.Пред некој ден ми имаше речено ти си многу добра паметна поштена јас со тебе сакам ама неможам оти сега како што сум тебе не ти треба во животот,исто и денес ми рече така плус тоа ми рече дека чупе како мене му треба него малце покасно а пред тоа ме прашуваше дали го сакам и што треба да има тој за да биди со мене.Не знам како да постапам што да направам а стварно многу го сакам на некој начин неможам ни со него ни без него.Како би постапиле вие за да дојдете до тоа што го сакате? Многу би ми била драго доколку некој ми поможи поздрав!
Јас мислам дека не е сериозен со тебе и дека имате различни гледишта за тпа што правите во моментов и што сакате и треба да бидете. Те мафта, едноставно кажано. За разлика од женските, машките ретко кога размислуваат и размотруваат работи толку комплексно. Со една реченица ако сакал- ќе напраел
Сака да каже дека е курвар и оти сака моментално да се курва насекаде и накрај да ожени поштена девојка како тебе. Ма гони го у три лепе!
Decki zdravo. Sakam da slusnam vase mislenje vo vrska so toa dali mu se dopagjam na mojot najdobar prijatel.imam mnogu da vi kazam ama saakm samo da znam dali sum na prava adresa.
Не е совет, праиме муабет со една другарка, а бе вели маживе не се зрели до 37 години. Демек не очекувај врска со некој до 36 години. А бе велам, како така има секакви карактери. Зборувавме за мојот случај каде што пробував врска со 29 годишен, секако не озбилна, прво да се види шо како. И имав контакт со сестра му, ми рече па он е мал, што очекуваш ти од 29 години дете да размислува. Ме интересира, дали сте се судриле со вакви работи. Според мене, годините не се битни туку размислувањата, спремноста на личноста и сл.
На 20 години некој може да е зрел, некој на 30 да не е. До човекот е. А тоа што другарка ти смета дека од маж на 29 години не треба да очекуваш зрелост, жално е. 29 години таа дете го нарекува?