1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Аман бе луѓе што му напнавте на човекот толку, и сам кажа фала, ви благодарам, остајте ме сега на мира...Ама жени, колку си по недостапен они толку повеќе се палат :D Сакаат завршница, сакаат да видат дека нешто допрело до тебе...А ти упорно кулираш...
    Ако ти е финта, тогаш бравоС-имаш 10-ка од мене...
    А ако си искрен...остани ми со здравје...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.349
    Многу детално ги анализираш работите.Си се убедил во некои работи и здраво за готово ги земаш.Зошто да не се подружиш со другарите бивши?Што дека имаат деца?Папучари?Верувам не се,туку се посветиле на фамилијата ,децата,сопругата.Тоа е убаво,а не се папучари ,никако.Отиди да ги видиш нивните деца изненади ги со поклонче,па ќе им предложиш да се соберете на пиво,па ќе ги викнеш на фудбал итн...Искрено,не е срамно ни да излезеш со другар и сопругата негова. И со колегите од работа,тоа ти е најсветлата точка
    .Ти како да не сакаш самиот да си помогнеш.Си се загушил во некои твои стереотипи и предрасуди.Те исчитав до крај и верувал или не-проблемот е кај тебе.Самодоверба и его-максимум,ако,убаво е тоа,но некогаш треба да се намали,ако сакаш да бидеш повторно социјален и да си помогнеш. Мислиш сите не го прават тоа? Некогаш мора да се направи лице,да се собере храброст.Зошто,денес,лошо време стана,и ако така ги анализираме работите како тебе,тогаш никој со никого не треба да се дружи.Не зборувам за најдобри пријатели,туку една забавна дружба!
    А најдобро место е кафанка :beer: Не знам зошто не ја сакаш кафанката,ама баш добро место за забава е.Особено за машки и те како!Мезенце,пивце,фудбалски натпревар,смеење до сабајле! Ама ок-твое право. :) Не сакаш-не!
    И дај опушти се и не ги темелизирај работите!Пред да биде предоцна имаш време да се свестиш а доби и голема помош од сите нас.Ти посакувам среќа ;)
     
  3. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    M11,имаш блокирана енергија т.е. некои од главните чакри ти се или комплетно блокирани или недоволно активни.По мене тоа се чакра бр.1 root(корен) чакра,и срцевата чакра.

    Во која мерка root(корен) чакрата ќе биде активна зависи од следниве фактори:

    1.Материјална ситуираност и професионална реализација(ова кај тебе не е проблем).

    2.Доверба во луѓето(Ова ти е сериозен проблем.Има шупци на овој свет,има идиоти,има идиотки,но има и добри луѓе.Мораш да имаш доверба дека постојат добри луѓе.)

    3.Страв(Земи си еден празен лист хартија,ако треба помини еден цел ден и напиши ги на листот најголемите стравови кои ги имаш.Може да е страв,може да е чувство на нелагодност сеедно.
    Почни со оние стравови кои се твое секојдневие т.е. те гњават во подолг временски период,заврши
    со стравови кои ти се јавуваат ситуационо и привремено(Пр.страв од давење,страв од земјотрес).Од главниве стравови(нелагодности) можни комбинации се:

    -страв(нелагодност) од комуникација во живо со девојки или машки
    -страв(нелагодност) од влегување во нова врска,како резултат на претходно неуспешна
    врска(и)
    -страв од незадоволителен сексуален перформанс
    -страв(нелагодност) од твојот физички изглед,вклучувајќи одредени маани(говорна или било која друга) итн.

    Јас не можам да знам,конкретно кои стравови те мачат тебе,затоа ти самиот треба да поминеш низ овој процес.
    Забележи си, се, на парче лист хартија.Правилото за да надминеш било кој страв е да се соочиш,нема заобиколни патеки,затоа е и страв.Ако имаш страв од комуникација со женски во живо,мораш да имаш комуникација,мораш самиот да се присилиш.Ако имаш страв од сексуален перформанс,треба да имаш секс со колку што е можно повеќе девојки.Сега фокусирај се на главните стравови,а за споредните стравови лесно е.Пр.ако имаш страв од земјотреси,ќе си одиш на неколку дена у Токио и решен проблем :D.
    Споредниве стравови нема да ти предизвикуваат посериозни проблеми иако идеално би било и нив да ги елиминираш.

    Срцевата чакра ти е исто блокирана или недоволно активна.Таа е чакра на љубовта(сега звучам како
    напален тинејџер :D ).Колку си поладен,колку повеќе се дистанцираш и изолираш толку повеќе ја
    деактивираш дури до комплетна блокада.
    Потребна ти е некаква љубов.Биди насмеан кога излегуваш,кога си на работа,не се дистанцирај и не се изолирај од луѓе,вклучи се во некоја хуманитарна активност каде можеш да помагаш,чувај домашно милениче итн.Кај тебе екстремна е ситуацијата,ама мораш да почнеш од некаде.Превземи акција.

    Не би идел јас уште у детаљи,само да ти напоменам се додека имаш чакри кои ти се недоволно активни ќе имаш други чакри кои ќе бидат претерано активни,за да компензираат.

    Конечно,постави си рок независно дали се 2-3 месеци или 100 дена(сега сум под влијание на Грујо :D) за да ги надминеш поголемите проблеми.Можеби ќе ти биде потребен и подолг период,сеедно.
    Превземај акција секој ден,и ако не ти е тешко води си евиденција,што си направил за надминување на овие работи,јас што ти ги потенцирав.По 100 дена,ние ќе бидеме тука,те чекаме со извештај за твојот напредок.Се надевам сите 100 листови нема да бидат празни. :D
     
    На julie77, srcekrsacka, Magnolija и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Одличен совет од HardSex!!! Примени го!!

    Не само што си полн со предрасуди и стереотипи, туку си полн со негативна енергија. До тука ( а не сум баш блиску до МКД) ти ја осеќам лошата енергија. (да не звучи лудо, но искрено верувам во тоа).
    Мораш да направиш нешто добро за твојата „душа„, за да малце би се ослободил од негативната енергија, а со самото тоа и начинот на кој размислуваш верувам дека ќе се промени. Многу си свртен кон материјалното, што тотално си ја запоставил духовната страна. ( не зборам тука за религија, јас не сум религиозна. според мене спиритуалноста нема никаква врска со религиозноста...но, тоа е друга тема).
    Најди начин преку кој би се ослободил од сите лоши чувства. Дали ке биде тоа медитација, дремење во парк на некоја клупа и зјапање во дрво, дали ке биде тоа со темелно чистење на домот и исфрлање на сите непотребни работи, кои ете можеби те асоцираат на нешто лошо, домашно животно.... тоа треба ти сам да одлучиш...

    Со среќа,
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Другарка му Георгина вака отворено да ти кажам, не им е фан на луѓето што сакаат да бидат сожалувани, ама ич!

    Другарка му Георгина не може да свари, дека човек од 35 год. кој себе си се опишува како доволно изреализиран, самостоен, згоден, бла бла... посегнал по очајот и патетиката како начин да покаже дека уствари е беден. Колку е само тоа контрадикторно м? :^)
    Ако ти си доволно паметен, интелегентен, способен ВТФ дојде да кукаш тука? Не знаеш да си го средиш животот сам па сега ти треба рамо за плачење и подадена палома од девојки кои можеби се и четвртина век помали од тебе?

    Не контам, луда сум изгледа.

    И бај д веј, јадниче се однесуваше на мачката не на тебе. Тебе ти се обратив со име од некоја шпанска серија, бидејќи освен во тие лимонади кај шо цмиздрат и ја бараат суштината на животот, не очекував човек со нормални гледишта на нештата дека ќе потсетува токму на тоа. Додека не се појави ти.
    Јадниче е некако несоодветен епитет за тебе, но залудно потрошено време секако дека ќе се смести некаде во опишувачките епитети за тебе. ;)
     
    На marama, Mistery, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    М11
    тоа што ти го спомнена икс мен за посета на психијатар е во право
    и да поразговараш со еден, ке ти казе дека состојбата ти е хронична депресија, со сеанси и антидепресиви би било подобро, но секако дека треба ТИ да влозиш напор, и секако да имаш зелба за зивењње на својот зивот, зелба за подобро ;)
     
  7. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    редно време е да изедам и ја малце бурек .

    Вака да бидеме реални многу жени плачат за маж со некои од твоите квалитети . Ти си згоден убав , паметен , најдобар од сите , живееш сам , не слушаш турбофолк .
    Епа вака. Заборави едно .
    Ти си самобендисан .
    Начинот на кој што кажуваш каков си треба да го симнеш на некое пониско ниво . Затоа мислиме дека сакаш да падне некоја феминка.
    Второ , ако си таков , како си сам? ЗНачи на работа да имам човек колега кој е таков одма ќе почнам флерт . Или си глуп , не сфаќаш , или ги немаш квалитетите.
    Трето ни ја не слушам турбо , одам во парк , парадизо , маракана , и постојано има жени од 19 до 40 .
    Или и тие не се добри ?
    И јас не гледам фудбал , ама кога другарите седат дома и гледаат , одам со нив , пијам пиво .


    И да си најубав и златен , мора да најдеш компензација . Делуваш самобендисано , препотентно . СИмни ги критериумите за жени и пријатели . Веднаш ќе најдеш некој . Излези во парк трчај , почни разговор со некоја . Излези со тој еден другар то рече дека го имаш . Излезете и почнете муабет со некои девојки . Викни ги пријателите од работа на вечера .

    Не сакав да те навредам , немој да ме сфатиш погрешно . Поздрав
     
  8. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Георгинна ти се извинувам за реакцијата. Не е лесно да се пренесе се што е важно со пишан збор но те уверувам дека не барав за бидам сожалуван, ти завидувам на привилегијата да ти личам како таков, не барав сожалување.

    МоннаСи, бидејќи честа ми е важна во животот ќе повторам , никакви планови „да падне некоја феминка“, ако некој е таков како мене не се служи со такви трикови. Нема навреда, нема ништо погрешно сватено.

    Уште еднаш благодарам до сите и не мислам дека помагавте недоволно или не ми посакувавте добро. Поздрав
     
    На Gea и Yipman2 им се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    М11, штом постои ТАА, безимена, но една и единствена, во твои очи посебна и толку посакувана - сконцентрирај се на неа. Без бугарски финти, пријди како маж, стабилен, цврст, шармантен, згоден, со сите твои епитети и направи и` и на неа и на тебе да се чувствувате убаво. Дајте си димензија, освој ја, бутни ја од стол ( не мислам буквално :lol: ), шармирај ја, носи ја во стан, имај секс со неа, исполни си ја душата, па макар и да не е вистинската, барем си се одбидел, барем си направил нешто поинакво, си направил отстапка од монотоното секојдневие.
    Не значи дека еднаш лошо искористената шанса со неа, вродила со плод и оставила длабоки траги во нејзиното сеќавање ( барем јас така те разбрав од претходние постови, дека нешто почнало на фб,ама не било најдобро, или сум грешка?).Обиди се пак. Секој заслужува втора шанса.
    Ако ги поседуваш сите тие квалитети што ги наброја, не верувам дека би останала девојката рамнодушна кон тебе... И најбитното.....ВЕДРИНА...секој сака крај себе да гледа насмеан и ведар лик.
     
    На srcekrsacka и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Aјде јас како машко да поставам интересно прашање не знам дали било до сега, ама се надевам ќе наиде на одговори. Доста интересна тема е а и многу разговарана е. Па, прашањето би било: Кои се знаци на девојка што изневерува? Како да се открие “манипулативна“ девојка која е под “сомнение“ дека вара, а упорно изиграва светица и негира по секоја цена (дека не вара можеби?)? (а од друга страна нема цврсти докази само инстинкти и негативни претчувства и превртувања во стомакот :) ) Едноставно и на англиски кажано: Signs of cheating girlfriend? Воопшто не е битно дали овие прашања се однесуваат за мене, некој мој другар или роднина (приватноста настрана). Мислам дека одговорите се општи и се однесуваат за повеќето врски т.е. едни исти знаци се појавуваат.

    Еве јас да ја почнам листата барем колку што имам читано на интернет од “експерти“ за вакви работи: одеднаш намалена или зголемена желба за секс со вас (значи не двете истовремено), избегнување на интимни моменти со партнерот (за да ги има истите моменти со другата страна), преокупација со изгледот и желба за посекси изглед, купување секси парчиња облека кои ретко ги користи со вас а ги купува за “колекција“, “прекувремена“ работа и останување до доцна на работа, не ви дозволува да и го допирнете мобилниот телефон, бара најмали ситници за кавга и излегување за средување на мислите со пријателките (т.е. третата личност), следење на инстинктот и појавата на негативно чувство дека партнерот изневерува итн. итн.

    Изгледа како јас да го дадов одговорот, ама не е тоа тоа. Многу е подобро кога ќе се добие информација од прва рака, т.е. од женски. Исто така и девојки што изварале можат да дадат свој придонес и да кажат кои знаци ги демонстрирале? :) Значи прашањето е јасно, не се бараат причини, туку ЗНАЦИ за превара (или афера што се одвива)? Пак ќе кажам за крај нема врска ова директно со мене ама како машко ме интересира со цел подобро да се справувам со потенцијални ситуации каде ќе бидам изневерен, а ќе живеам во утопија дека ми е верна до небо. :rofl: :lol:
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Скратив да не испадне долг цитатот.
    Вака. Тие “експертите“ комотно може цел свој труд да си го начукаат некаде пошто поголемиот дел од него е булшит и може да се објасни со еден поим - ПМС.
    Секако, доколку тоа трае подолг период, тогаш има повод за сомнеж, ама од време на време - не.
    Желбата за секс се зголемува/намалува благодарение на хормоните. Зголемена желба за секс со некој кој веќе не го сака девојката? Не би рекла баш. Повеќе би се чувала таа за тој другиот, така да првиов би бил среќен и со еднаш месечно. :D
    Преокупација со изгледот секоја има на моменти. Еве и јас лично сум таква од време на време и знам да го замарам дечко ми зборувајќи за моите “проблеми“ ама не значи дека тоа го правам за друг или пак недај Боже за да си билдам его со тоа што ке ми каже дека секако ке сум била најубава. :x
    Е тоа со секси облеката, прекувремената работа и телефонот може и да држи вода, но може и навистина да е така и цурата сака да си ја чува приватноста, може има пораки во кои си правела “женски муабети“ со другарките за дечкото.
    Барање ситници за кавга...е тука искрено се пронаоѓам, само финтата е што не ги барам ни јас ниту било која, туку во периодот кога не мава ПМС, чувствителни сме на се` па неретко цркаме за најмало нешто што нема да ни е по кеф и сироти дечковци се крстат прашувајќи се кај погрешиле. А има и attention whores бе, на кои кавгата им е секојдневен муабет и можност да се центар на внимание. Но може некои и да го користат тоа за раскинување, секакви има.
    Е сега ако навистина го изневерува, тогаш би гледала што поретко да е со него, постојано ке има за учење/зафатена ке е на работа/дома. Кај неа чувството дека партнерот ја изневерува нема да се појави, туку намерно постојано ке го прашува околу неговата верност, сакајќи да се прикрие себеси, а тој еднаш да ја праша за нејзината верност, ке почне да урла и да се правда.
    Сепак сигурни знаци нема. Постојат и манипулативни кучки кои е речиси невозможно да бидат откриени, а всушност да вртат 100 машки, а постојат и јадни кои само ги маваат депресивни периоди а даваат впечаток дека изневеруваат.
    П.С. Не би било лошо ова да се претвори во посебна тема, пошто совет баш не е, а доста добра дискусија може да се поведе околу ова. :)
     
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Tоооооооо calliope задоволен сум од одговорот гледан од женска перспектива хехе. Еве ти заслужен :* за напишаниот текст. Па добро е ми се допаѓа начинот на кој размислуваш, ама некако не ја прошири листата да дадеш своја иновација. Добро не те ни обвинувам ако никогаш лично не си била инволвирана во таква работа и не можеш од свое искуство да ги знаеш знаците. :D Се согласувам дека би можело да се отвори посебна тема “Знаци на неверство“ или сл. И во право си дека има доста манипулативни кучки кои нема да признаат дур не се притеснети во глувчешка дупка и нема каде повеќе :), е такви мразам највеќе!!! За среќа моја не сум имал такво лично искуство, ама сигурно постојат такви бидејќи секаде читаме. Очигледно е дека никој не признава док не биде фатен, тоа е интересниот дел. :) А сега ми текна уште еден “јак“ знак додека го пишував овој текст, па да видам како ќе го прокоментираш ти или било кој? А што кога партнерот иновира во сексот нови пози и финти и ги прави толку искусно и успешно од прва небаре снимал порно филм? :lol: Дали сте помислиле и на тоа? Очигледно некои работи не се учат само со гледање и читање... нели е така? :) Нови секс финти кај нов партнер, па после имплементација кај стариот... :rofl:
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ова стварно не мора да значи, ни оние другите знаци што ти ги даде, едноставно видела од некој порниќ неколку пати и применила со партнерот. Мислам и дека нема баш некоја филозофија тука, А и типкава да изневерува и воедно да има секс со нејзиониот партнер не би некако да експериментира. По логично ми е да експериментира со новопронајдениот што и е , а на партнерот би му понудила оној класичниот. Ако више изневерува, зашо тие убави моменти да ги споделува со партнерот а не со типот со кој го изневерува.

    Една од знаците ти е исто глумење лудило на Мајка Тереза. Значи имам чист пример од една моја познаничка идат со дечко и неколку годин и а оваа гајле нема. Значи секад кога ке е до раб да и се разоткрие секогаш наоѓа брзо оправдание за истот. Или пример за у дискотека си го нашла мувачот се намувале на брзина излегува од тоалетот и оп дечко и на врата ? И шо биднува? На брзина смислување оправдание у стил “Па сонце ја не сум крива шо тој и тој се најде на тоа место кога бев таму.“ или “Добро ја тебе на курва ти личам ?“ Односно истите тие ситуации што ги напомена Калиопе .
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Зависи многу од девојката до кој степен на експериментирање и "иновативност" ќе прифати во сексот, и дали тоа веќе ќе и заличи на перверзија и ќе се чувствува како типот да живее во тие порно филмови или сеуште е психички присутен со неа.
    Од мое искуство, девојките многу повеќе сакале да водат љубов и помалку да се чувствуваат како парче месо поминато пред камера, како во филмовите.
    Сепак, тоа не значи дека и тие некогаш не сакаат груб секс, во кој машкото ќе здиви малку :)

    Слободно нека ме корегираат девојките ако ја грешам, но се додека е во нивната перцепција за нормално (поза или општо однесување во сексот) и чувството е добро, задоволувачко, тогаш тие ќе се нафатат.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ова е за жал точно, иако е глупаво да се генерализира, но знам дека грото од девојките не сакаат перверзии или пак се плашат да ги признаат.
    А знам дека од друга страна и мажите се плашат потоа да побараат такво нешто од девојката - некоја порно сцена токму поради мислењево дека сите девојки сакаат да водат љубов :P

    Од лично искуство знам колку беше пријатно изненаден еден бивш дечко кога му реков што сакам да правам - и ми рече дека отсекогаш се плашел тоа да го побара од мене, а ете јас сама си побарав :lol:

    А на ловецов на мачиња да му кажам дека не може да се генерализира како во повеќето натписи на нет - знаци на девојка која што изневерува. Глупости. Да можевме така по формула да го сфатиме цел свет, лесно ќе ни беше.
    Некои се понашаат природно затоа што тоа им е во крв, некои се повлекуваат во врската и не сакаат повеќе секс, галења, гушкања, замислени се, паметот им лета - односно не добиваат нешто во врската - посегнуваат кај друг.
    И во модерно време - ако останува до касно на нет, на скајп, на ФБ и не знам кај се има чет - знаеш дека не си нашла нови другарчиња само за допишување :D
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bezgrizna

    Bezgrizna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Стварно незнам што да правам.

    Вака сега прво да ви кажам дека сум машко и се надевам дека нема да ви смета да ми кажете што да правам :) Еве вака :
    На некое девочје сум и бил убав и ме свиѓала , ама јас не се ни знаев со неа . После некое време ми пиша нејзина другарка, ова она и ми кажа кое е девојчето.И јас и пишав на неа ,а и во исто школо учиме,и така 1 месец си пишувавме.И ја засакав а мислам дека и она го знаеше тоа,и јас и понудив за мување,и не сакала зашто после тоа ќе и било глупаво ,дека во исто школо. И сега незнам што да правам ,а стварно ја сакам :/ незнам дали да правам муабет со неа и да и кажам дека ја сакам ? Што мислите ?
     
  17. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    И мене да ми понуди некој мување и јас нема да прифатам. Па велиш дека ја сакаш епа што тогаш не ја повикаш да разговарете да излезете заедноо па полека да и кажеш дека ја сакаш и тако дајле :)
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Стартна грешка- си ја засакал, а си и понудил мување? Зошто не си и понудил врска?
    Одењето во исто училиште е изговор. Имало икс случаи, парот да оди во ист клас или одделение, па врската им успеала. Можеби и свиѓањето и била минлива фаза. Откако сте почнале муабет, можеби се случило нешто што ја предомислило.
    Најубаво седни и преиспитај се самиот себе си да не си погрешил некаде, каков муабет си и правел и дали доволно си и оставил впечаток. И верувај дека женските повеќе замислуваат романтична врска со некој кој им се свиѓа, отколку сувопарно мување.
     
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Наташа зошто да не прифатиш ако го свиѓаш...а БезгрижНА (Безгрижен) тоа што ти река дека во исто школо оти сте дека ќе и биде отпосле малце глупо во право е...ама сепак мислам дека треба да ја прифати понудата ако сеуште те свиѓа...ако те одбива и е ладна кон тебе тогаш мислам дека престанала да те свиѓа.Со среќа па пиши што ќе направиш,дали биднало нешто ;)
     
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Циа Затоа што девојката можеби сакала врска а не мување. А еве за мене си кажувам колку и да ми се допаѓа некој дечко јас не би се мувала со него. Ако пак дознам дека и тој има некои чуства за мене би очекувала да ме покани да излеземе некаде а не мување.
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.