Уф да, не ми падна на памет тоа. Заклучок, прифаќаат и додаваат за да имаат повеќе лајкови. Okay, сеедно, пак доаѓам на она red flag I don't need that sh*t.
Ако сум со некого и знам дека ми се допаѓа и дека си имаме конекција, стварно не ми е важно кого прифаќам или додадам. Не се работи за други луѓе, туку за врската што ја имам со него. Се додека има доверба, зошто тоа би требало да биде проблем, нема да имам overthinking за некоја ситница кога знам каде и како си стојам со дечкото.
Ако се работи за врската со него, а не за другите луѓе, што ќе ти се непознатите, небитни стрејнџери шо ги додаваш и прифаќаш ? Која би ти била потребата ?
Мислам дека бев јасна, нема да ме разубедиш, ви мрда гзот затоа прифаќате и додавате. Ако е НЕБИТНО, зашо прифаќаш? да имаш удварач на лагер ако раскинете ? Зашо не си кажеш пф кој е па овој небитен фрц десилајн. Него си викаш небитно е кој си ке ми се најдеш. Знаеш дека тој шо го прифаќаш ке седне со другарите и ке каже дај да ја аднам, ама има дечко, нмв ке прифати сите ги прифаќа. Ти си знаеш ама мене оваа достапност на зафатени девојки ми е бљак. Мене кога ми е небитно јас искулирам зашо би го прифатила ако имам дечко, познанства другарства ли ке ствараш онлајн пошо малку ти е со дечко ти шо имаш. Ова е само мое мислење, вашето си е ваше.
Те разбирам но тоа е твое мислење, јас прифаќам на инста затоа што не ми мења ништо во љубовниот живот затоа што си ги имам оцртано моите цели. Тоа се само социјалните мрежи и не гледам што ина толку длабоко. Ако имате доверба со дечкото, тогаш кој прифаќаш на инста не е никаков проблем затоа најважна е врската што ја имате во реалниот живот, а не за тоа кој следиш или кој те следи на инста.
Читам и се смеам, сите плачат жените вака жените така... Еве пример имате примања од 5000 евра месечно, се шеташ некаде и гледаш на крај на денот си изгубил 10 денари некаде дали ќе се нервираш и ќе плачеш или просто нема да ги ставиш на ум тие 10 денари Епа тоа е со девојките имаат преголемо внимание од машка страна и истото се случува, раскинала на некој поради некоја глупа причина знае дека има барем 500 души што чекаат на ред и тој човек воопшто не го ни памти повеќе од 1 секунда. Тоа е тоа, реалноста е грозна.
Друже, 10 денари ли ти е вредноста? Каде ти е самодовербата? Прифати се. Сакај се повеќе. Работи на себе. Биди подобра верзија. Набилдај самодоверба. Цени се повеќе. Тогаш и другите повеќе ќе те ценат и нема да имаш вакво депримирачко мислење.
Така е другар, но јас не ја цитирав мојата страна и колку се ценам, фала му на господ сум на добар етап во кариера и живот, башка сум доста секси хаха и знам колку вредам. Сакав да ја доловам психологијата на девојките и како тие функционираат во денешно време. И дека не им е важно кој каков е, само да се има нешто
Зависи колку јака била конекцијата со личноста. Ако човекот со кого сум имала контакт не ми значел многу и не сум го познавала долго, брзо ќе го заборавам. Ама ако сме се поврзале на подлабоко ниво, сме биле подолго време заедно тогаш тоа не се заборава, тоа боли и никогаш не прекинува да боли.
Ми треба некој совет дали од машка или женска страна не е битно толку многу, да не должам јас имам 22 год, има една комшивка која ми се допаѓа таа има 18 год но не знам како да стапам во контакт со неа, се следиме еден со друг на инстаграм но да ѝ се јавам само со здраво ми е малку глупаво а таа слабо поставува сториња па немам моментално шанса да започнам некоја тема со одговор на нејзино стори да се поврзам со тоа што има објавено, има неколку истакнати сториња нејзини слики ама на тоа што ќе пишам еј колку си слатка.. нема смисла нели па убаво би ми дошол некој совет
Не сум расположена за совети давање, ама НЕМОЈ со тоа еј колку си слатка..... Тоа делува ептен манијачки. Немора ништо да и лајкнуваш, пиши и дирекно, и прави и нормален муабет, за било шо од вашето секојдневие, комшии, било шо. Кога она ќе се опушти во муабетот со тебе, признај и оти ја свиѓаш.
Не не тоа само кажав дека не би го направил пошто има и такви случаи Мислиш дека би било океј ако се јавам во дм само со едно "здраво"?
А зашо у живо не пријдеш суптилно и ненаметливо? Се среќавате надвор? Некој муабет да падне, па собери храброст, викни ја на кафе на пример, ќе видиш и дали е расположена за тоа или не е. Здраво само глупо е.
Можеш. Потоа спомни и за некој комшија шо го имате, шо нонстоп е бучен или шо сече дрва, некој на нерви шо ви оди . Или оговарајте некој комшија. Ова бар кај мене успеало .
Не сне се сретнале баш лице во лице па да можам да започнам некој муабет.. повеќе моиве имаат комуницирано со неа одколку мене лол
Ова ми дава малку надеж само сепак не би се јавил само со здраво мора нешто друго што не е толку едноставно и што секој втор би го пишал..