Искрено не би пишала на некој шо воопшто не го познавам, ќе гледам да го запознаам подобро, преку други, друштво, ќе се упикам некако тек после би пишала здраво шо има? Како си? Те знам од овде онде, те видов ваму само не знам точно како се викаше, те видов таму работиш или на факс дали учиш ваму?
Дали претходно си ја видел во живо? Дали имате зборувано? Ако да, тогаш прати некој рилс или пост од заеднички интереси нешо така...
Иначе искрено да кажам од мое искуство, дека ако некој знае како да пристапи прв/пиши, тоа се женските. Секогаш иновативни во пораките, никогаш нападни, и не замараат кога не си заинтересиран, знаат да се повлечат и да прифатат суптилно "НЕ". Со мали исклучоци. Мажи од друга страна немаат никаков пристап. Ниту проценуваат ситуација кога, како и на кој начин да пристапат. Нападни се, неразбрани, и ќе те тормозат со месеци иако сто пати им имаш нацртано дека не сакаш ништо.
Пред да напишам малку подолг пост што ми се случи и деновиве колку висок ми беше кортизолот проследен со неспиење, нервоза и слично, решив да ставам крај затоа што пред се' се сакам себе си и мислам дека разумно пресудив и решен сум да одам со огромна дистанца и за мене поарно, а и за неа. Знаете за девојката што си пишувавме и овде што ве прашував дали да прашам за тоа, не ни стасав. Од проста причина што дојдовме до муабет дека компактибилни сме итн, дали би можело нешто да прерасне во посериозно, пошто имавме доста заеднички теми. Ценам искреност и затоа не се ни вознемирив/налутив или како и да е, коректно и објаснив како стојат работите, откако ми пиша дека сум и бил мил драг, симпатичен и привлечен ( да нагласам имавме некој вид на интимен однос и излегувања, подароци, замислете таа мене ми даваше ), но се мислела дали да даде втора шанса на бившиот или со мене, као на пример немало да сум добиел тоа што сум заслужувал бла бла. Во рок од 5 минути да испроцесирам и и одговорив, да не се двоуми, а и јас мразам да сум закачалка и реков штом се сомневаш и немаш разрешено во минатото одбери го него.. Не би сакал да останам во неизвесност и сметам дека сепак не сум јас за тебе и подобро заборави на мојава намера за нешто посериозно. (СРЦЕТО МИ СЕ СКРШИ, а не бевме во сериозна врска и нормално имав некои прашања што требаше да ги прашам ама имавме интимен однос како што реков и блискост и си мислев дека развиваме чувства). Решив да намалам комуникација и слично да се сведи на кратко пишување со тек на време, а не константно пишување и праќање reels, за кои таа по ден-два ми реагира во смисла сум и фалел навикната била на мене? И напишав во смисла нели зборувавме на темата и ја затворивме, да заборавиш на мојата намера и чувства и подобро е да се фокусираш на други работи, оти јас не ни имам желба толку константно пишување и со која цел.. Од една страна си викам замисли во живото имаш вака девојки што се искрени директни и отворено кажуваат интерес за мене(ама очигледно не сме на исто ниво, барем јас како гледам на врските, макар што и таа така ми се претстави), а јас реагирам вака. Сметам дека бев доволно коректен и внимателен за да се заштитам себе си од уште една можеби исцрпувачка ситуација-врска-гледање каде што на крајот на врската би останал јас разочаран или со прстот во уста. Си велам дотолку ли имам аура-магнет на такви личност и само јас да ги тешам и слично?
Не ни требало да почнува нешто ако немала расчистено со минататото.... Или пак не добила тоа што очекувала од тебе или била со тебе за да му се одмазди на бившиот ако ја има изневерувано, па сега се квит. Не можеш да испаднеш на крај со конфузни особи, така да продужи далје
@Stark Со оглед на тоа што ем ти кажала, ем потоа пак те барала, може и да биде манипулација. Поточно т.н триангулација. Ќе започне односот како од седмо небо, интензивно, и после ќе ти рече нешто такво, ќе спомне бивша/бивши, колешка/колега, за да намерно се создаде таков триаголник. Триаголник во смисла, ти да почнеш повеќе да трчаш кон морковот во воздух, да се трудиш, бидејќи што повеќе внимание е целта. Често се меша со искреност, а не е. Кој е вистински искрен и чесен, мислиш вака ќе си дозволи некого да влече за нос in the first place? Not. Јас да сум на твое место, би прекинала секаква комуникација и отследување од социјалните мрежи. И онака не води никаде и веќе си се почувствувал скршен.
Чим имала и втор план да била сериозна немало ни да постои тој нејзин втор план за бившиот така да батали
Паметен си, и паметно си постапил. Вредиш многу повеќе од тоа да си нечија резерва, така сфатив по тоа што пиша. Да, лошо искуство е, ама продужи даље! Се дешава, едноставно некои работи не се во наша контрола и тоа е океј.
Пиши пропало уште од старт на таква врска. Денеска ќе е бившиот утре за друг ќе ти зборува,не си ти ничие рамо за плачење .Таквите личности без разлика на полот,се не созреани и намерно се боцкаат каде што треба и не треба оти им мрда опашката,не оти имала нерасчистено со бившиот.Од искуство сум била во таква ситуација и грдо е чувството ептен ,да бидеш отфрлен или на второ место.