1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Kati428

    Kati428 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Врска нема ова.Ако треба да бирам меѓу некој цел совршен,а да нема карактер и да е намќор,и меѓу некој што не е г-дин Совршен со кој ќе се смееме гласно,ќе разговараме за се и сешто,ќе ме гушка најсилно,и е грижлив и внимателен-Епа ќе го изберам вториот да се разбереме.Така да не ги ставајте сите девојки во ист кош.
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.762
    Пол:
    Машки
    Од не е "мистер совршен" до тоа физички да не ти е ич убав е небо и земја.

    Ја не познавам богат и убав да имал проблем со жени, и да останал сам, освен ако не е негова волја.
    Може да има пороци, да има лош и одвратен карактер, ама се замижува и преминува преку тоа.

    Од друга страна познавам еден куп сами дечки што се океј, имаат добар карактер, ама физички не се привлечни и немаат финансии.
    Таквите воопшто не се ниту забележани, а не па нешто повеќе.

    Тоа е вистината. Се друго е или играње со зборови, или морално бустање.
     
    На Mumoftwo30, Aenarion и mickey18 им се допаѓа ова.
  3. Kati428

    Kati428 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Реално совршен не постои.Сакам да ти кажам друго.Џабе му се парите и ако е физички привлечен ако не се однесува како човек.Ако крева рака на жена,е тежок алкохоличар,коцкар..Тоа ми беше поентата.Парите денес можеш да ги имаш,утре не.Ама карактерот е нешто што не се менува.Познавам и јас од двата типа на мажи.Ама би избрала и да не е физички толку убав и да нема големи финансии а тоа заеднички може да се реши.Мене неговата љубов и внимание ќе ме придобијат.
     
    На Mumoftwo30, eliesaab, LoganSmith и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.762
    Пол:
    Машки
    Абе види, ти зборуваш дека би балансирала на изглед и пари со поштовање, јас ти зборувам за крајности овде, каде што стварно има лош изглед или стварно има лоши финансии, со луѓе што стварно се убави и имаат пари, ама лош карактер, знаеш, оние кои се на едниот или на другиот крај на спектарот?

    Епа тука се потврдува дека овие со изглед и пари немаат апсолутно никаков проблем со жени. Тоа што ти не би ги избрала и би земала некој по избалансиран маж, не значи дека овие сами ќе останат. Они имаат за бирање, и сигурно нема тебе баш да те одберат.

    А баш и кога има случка да одберат некоја од тие девојки што викале "ја со овој никад у живот", после почнуваат да релативизираат со, "абе знаеш не е он таков каков што мислев".

    Оти да беше така како што викаше во реален живот, овие што не поштуваат жени, ги третираат лошо, ги изневеруваат, алкохоличари се, коцкари се, агресивни се, имаат досиеја, дури и жена нападнале физички, немаше жена да помирисаат во живот.
     
    На Cece967, senjorita-v, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    И јас се чудам како некои докажани тепачи на жени, пријавувани во полиција, разведени од таа причина, успеваат да се оженат по трет пат. Со една другарка од тинеџерски денови се дружевме и за дечкото велеше како тоа не можела да го поднесе и да го гледа, и ете ти денес се во брак, имаат деца. Се прилагодуваат на изборот што го имаат.
     
    На senjorita-v, Gosh, Stark и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    21.354
    Пол:
    Машки
    На братучеда ми другарка е ме покани на роденден, се познаваме и дружиме. Сакам да и земам нешто за роденденот, а да не биди пренападно. Дали е во ред да и земам чаша со некоја интересна слика на чашата, рафаело чоколатца и бела ружа? (белата ружа мислам дека претставува на пријателство итн)
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  7. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    10.836
    Пол:
    Женски
    Во ред е
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.920
    Допаѓања:
    8.431
    @Stark Според мене, доволно е само бонбониера некоја. Може и некој алкохол да додадеш.

    Букет/цвеќе си е повеќе романтичен гест, без разлика на бојата, а исто и од чашата нема потреба, освен ако сите во друштвото ја знаете дека "собира"/си прави колекција од такви украси :*:
     
    На Малечка Малинка, Gosh и Stark им се допаѓа ова.
  9. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Машки
    Не сум женско ама ќе дадам совет на сите машки тука нешто што научив... Гледајте ја само мајка и, како се однесува со татко и 90% се шансите истиот карактер да е.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.654
    Пол:
    Женски
    А ако татко и е починат?
    Или нема мајка?

    Брутална сум знам, и одам во крајност ама чисто за посликовото да доловам. Ова што го кажа воопшто не е мерило како ќе се понаша со тебе. Многу, многу други работи зависат од нејзе, од тебе, од врската, околностите, годините итн.
     
    На Purpleheart, Tinaaa, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  11. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Машки
    Најмногу од семејството зависи, таму како е воспитана и како растела. Е сега точно зависи и од тоа дали ако видела нешто дека е лошо ќе извади поука или ќе копира. Ама најчесто луѓето што гледаат тоа прават.
     
  12. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Па така е де.. татковците сакаат да се омажат ќерките.. затоа што тежок им е животот со жена и 1-2 ќерки.. Тоа се вкупно 2-3 жени дома.. воопшто не им е лесно
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    26.827
    Пол:
    Женски
    Аха, ама затоа не им е тешко кога синовите почнуваат да пијат, да се коцкат и кога цела куќа ја продаваат на лихвари.... златциња синовите.
    После на стари години се молат на ќерките да им дадат една чаша вода и пелена да им сменат.
     
    На Purpleheart, AAKG, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Нели гледаш дека тресам глупости со смајли беше напишанооо.. еее расипувач на забави...:D:D:D
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Машки
    Јас најмногу од се сакам ќерка, немаше ова врска со ова..
     
    На Eunoia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    133
    Скроз неточно.
     
    На Малечка Малинка и rainbowec им се допаѓа ова.
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    6.476
    Пол:
    Женски
    Апсолутно неточно, не мора по дифолт да се подразбира дека каква мајка таква ќерка и обратно, каков татко таков син. Има и такви не викам не, ама се е личен избор и одлука како ТИ ќе се однесуваш према другите луѓе во твојот живот.

    Мајка ми и татко ми имаа токсичен однос, мајка ми му се постилаше цел живот а татко ми за возврат имаше контрола врз неа и никаква почит. Никогаш немало физичко насилство, ама вербално и те како имаше. Едноставно не се разбираа, беа со скроз различни размислувања и не можеа да најдат заеднички јазик.
    За мене и сестра ми животот и душата ја дадоа, секаква жртва за да не воспитаат и да ни всадат морални вредности (за што сум им преблагодарна :l:) и да не изведат на правиот пат.

    Јас, растејќи во таква средина и гледајќи што се случува и како се однесуваат еден кон друг, донесов ОДЛУКА дека ЈАС НЕМА ДА ЖИВЕАМ ТАКА, не го прифаќам тоа за нормално и нема да дозволам некој така да ме третира нити пак јас некого така ќе третирам, туку секогаш ќе настојувам да се седне да се разговара и да се најде решение за каков и да е проблемот или предизвикот. Секако, со почит и разбирање према другиот бидејќи сите сме различни и секоја страна има своја причина и вистина.
     
    Последна измена: Вторник во 09:47
    На Малечка Малинка, Stark, Eunoia и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    21.354
    Пол:
    Машки
    Ова не ми е толку верно ама ме интересира и мислење од жена. Јас колку шо знам не се умира од апстиненција од секс. Како тоа "морало" да се има, заради хормоните ?
     
  19. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    133
    Ништо не мора.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    21.354
    Пол:
    Машки

    И то докторка е. :)