Дали е добра идејава да купам цвеќе и за храна за мачињата ( има мачиња многу е битно да ме засакаат јахаха)? Би имале некој вид на дејт во нејзиниот град..
Можеш чоколадо и цвеќе и некој украс а за мачиња ти предлагам некоја играчка,храна баш и не за на прв состанок.Опушти се тоа е најважно дека сакаш да и посветиш внимание а мачињата ќе ги придобиеш со љубов.
За мачињата немој храна ако не си добро информиран која точно ја јадат. Ама, ок би биле некакви играчки или ремчиња со ѕвончиња. За неа ако веќе си разбрал дали сака цвеќиња, да. Додај и нешто благо.
Не ми е место овде да давам идеја ама добро, за цвеќе земи лале посебно е некако слатко и нежно како женскиот пол
Купи цвеќе и благо нешто ко за прв дејт, за мачињата остај за некој нареден пат. Едит: прочитав дека не е прв прв, но сепак како што се спомна погоре, најдобро е понатаму за храна за мачиња.
Може каснам, ама ко човек шо чува мачки баш би било убаво храна, ако не храна може некои од оние мали грицки како награди што се или сл
Помина се во најубав ред освен чоколадото шо се стопи в кола и не и го дадов па барав да купам во продавница .. прв пат бев таму абер немав кај има продавница ама се снајдов. Само шо невреме ме фати.
Планирав за роденденот на девојка ми да и направам изненадување нешто како прослава. И сега незнам дали е подобро да бидеме само јас и таа или да поканам и нејзини поблиски другарки? Што мислите вие?
Зависи од тоа каков тип на девојка е. Дали сака да слави роденден или не. Доколку сака би било убаво да ги викнеш и поблиските другари/ки, доколку е топ што неќе да слави, подобро е само вие двајца да сте. Или доколку ти сакаш да биде поромантично и интимно- сами бидете
Доколку е љубител на прослави нема да згрешиш.Таман ви е возраста за ваков вид на изненадувања.Уживајте во животот.Среќен роденден
Ако некоја не ја мрзи да ме слуша како цмиздрам за мојот лав лајф, нека ми пише...мука ме је, проблемот е што не е една, 5 се, ја сум ужасен у бирање и приоритизирање на своите потреби и желби.
Ми треба совет/мислење од женско или подобро да речам малку да ме подучите. Читав доста и на нет ама мислам дека сепак ми треба мислење, икако ми е малку глупо што прашувам за ова. Девојка ми е девица и јас мислам дека сеуште е рано за секс (неколку месеци сме во врска) и нејзиното однесување ми покажува дека и таа мисли така. Ама не сакам да се плаши од мене и да мисли дека само тоа го сакам од неа, а незнам како да и кажам дека не ми е намерата да имам било што без и таа да сака. Немаме нешто многу разговарано на темава, единствено нешто што сме разговарале е дека и девица и и дека нема да ја брзам со ништо, мислам и дека и е незгодно да разговара на таа тема. А имам приметено дека се плаши да остане насамо со мене во неколку прилики. Последно што се случи е причината и што ме натера да го напишам посот, се договориме со повеќе пријатели да одиме на кампување и остана да се договориме кој со кого ќе биде во шатор, јас без да ја прашам дали би биле заедно во шатор мислев дека ќе бидеме заедно и ја прашав дали сака и каков шатор да земеме за нас и ми рече "прво да се договориме убаво да видиме, ама мислам дека би било по интересно да сме женски во еден, машки во друг.." јас реков добро. Друга случка е скоро сега дојде да полага испит, болна беше нешто настината се видовме и беше жешко многу и не и беше добро и кажа дека и е лошо и реков да одиме до кај мене дома, немав намера ништо лошо само да не и биде лошо, таа не сакаш, кога и реков дека баба и дедо се дома рече па може да отидеме до кај тебе.. И по ова мислам дека се плаши јас да не ја искористам за секс. Мене ми е нормално тоа што се плаши, ама незнам дали треба да и кажам така дека нема ништо да и направам или е добро вака што се правам како да не знам зошто така реагира.. Јас мислам дека ако зборувам дури и со намера за да не се плаши ќе направам уште повеќе да се плаши, ама не сум ни сигурен дали начинот на кој што реагирам е добар.. Други прашања што ми се вратат во главата поврзано со темава се : Што кога ќе дојде тој ден да имаме секс (без разлика кога ќе е)? Како јас да знам дека навистина е спремна? Што ако прифати да има секс со мене од страв за мене да не ме повреди, а не сака? Треба да чекам да дојде тоа спонтано или треба да ја прашам, со договор? Никогаш сум немал ништо со девица, незнам како да се однесувам, незнам што да правам... Мене не ми е проблем да чекам колку и да треба, не ми е само за секс, ама сепак ме мачат овие работи.