Е како да не, дисфункционален, лажги со опашки. А тоа ако женско му каже на машко дека и се допаѓа, нема да наиде на разбиранње, туку на кренат нос, па дури и потсмев Алек И лично не сметам дека е папучар, или како сакаш наречи го, момче што приоѓа на женско, туку би го нарекла џентлмен т.е. кавалер. А тие девојки што не се убави однадвор се убави одвнатре, па и внатрешната убавина се смета за убавина, секако, и ако сум убава, и женски и машки ми го кажале тоа И ако сакаш баш да знаеш повеке ценам женско мислење за убавина од машко, оти машките лажат обично, со чест на исклучоци секако
Оф леле ... Жена како што лаже маж никогаш нема да те излаже. Никогаш нема да ти рече ај бе добра си само колку ради реда. И машките сакаат до нив примерна прибрана културна мирна и добра девојка. А не да шета сегде полугола. Гола во кревет со него на само. А не како да шета ку*ва наоколу. За се си има граница бе на нормално облекување изразување убавина и се. И не се согласувам дека ако си грд надвор убав си вантре и обратно ... има девојки убави и внатре и надвор ... има и девојки кои не се толку убави разочарани се и стануваат злобни. Исфрустрирани. Не постои грд човек. Секој има квалитети. Јипман искрено не ми е жал што таа друг си фатила. Барем да знаеш каква е современо а не да се уништиш и да се каеш. Имаш 18 години - како и јас. Има на наша возраст секакви и машки и девојки. Ке си најдеш некоја која ке ги цени твоите квалитети. Која ке те исполни и душевно а не само стандардите за надворешна убавина големи ци*цки и напрчен задник. Ке видиш што е твое ке дојде. Алек да. во право си. Некогаш како вие да сте во пмс бре Се шалам. И ние женските знаеме да се запуштиме. Има некои денови не мрзи да се средиме па ке излеземе во првата облека што ке ја фатиме. а некогаш знаеме со саати пред огледало да дремеме ( и често овие вечери се победни) барем кај мене. Но со малку труд и нормален начин на приоѓање ке биде се во ред. Не за џабе е речено За секое лонче има капаче. За секој човек -неговата друга половина.
Епа вака бев со едно девојче од друг град во врска неколку месеци, немаше никакви пречки помеѓу нас ама немаше никаков проблем, КОга бев кај нејзе на гости последен пат кога се враќав си ја испланирав цела свадба и се беше супер за една недела се до оној момент додека не почне да ми работи мозочето едноставно да ми се јават негативни мисли во смисол дека помеѓу мене и нејзе нема да успее толку бев напнат што незнаев што воопшто ми се случува, какко мува без глава бев се до оној момент кога прекинав на мое иснистирање без никаква причина, како можеше да си направам таков филм негативен без да има причина за тоа. После одреден период од два-три месеци да се смирам и да сватам дека сум се иплашил од тоа дека она е личноста која сум ја барал дека она е личноста со која сакам да го поминам цел живот едноставно сум се иплашил од самата помисла за брак. Но сепак кога јас сватив што ми се случувало и сакав да и се јавам да ја слушам она тогаш имаше дечко со кој беше веќе во врска, а со кого веќе не е , но и да немаше дечко тогаш немав лице да и се јавам. После некој период од 4 месеци за прв пат се видовме што за средбата знаевме и двајцата дека ќе се видиме и го осетив она што и претхдно го чувствував за нејзе. Сега сме во комуникација и се видовме и ја кажав причината зашто сум прекинал, а она немаше коментар на сето тоа но сепак кажа дека ѕнае како сум се чувствувал бидејќи и она го сторила истотосо нејзиниот претходен дечко, а за тоа кога предложив да почнеме повторно да се гледаме изгледаше и кажа дека скептик околу тоа дека повторно ќе успееме двајцата заедно за што истата вели дека и е убаво што комуницираме и дека и е убаво моето присуство но сепак се колеба што да прави во врска со нас. Сакам ваше мислење за конкретнава ситуација. Благодарам однапред
многу добра тема!!!!! мое мислење, толку сме (зборувам генерално) изгорени за внимание од машките што не верувам дека приодот на некој дечко кон некоја девојка може да биде исмеан, толку се сменети работите што сериозно сум убедена дека нема некој кој и да би го одбила девојката би требало да се чувствува лошо. јас можам од мое искуство да зборувам, никогаш не сум се исмеала на некој што ми пришол, тоа го сфаќам многу позитивно, и на шала, и со тек на време низ зезање му ставам на знаење на дечкото до каде може да оди. така да не сфаќам зошто машките се станати толку индиферентни, анемични, резервирани...... стварно незнам.... кога ќе слушнам само како им било срам....е што на девојките не им е срам.....??????? машки опуштете се и забавувајте се!!!! и за bumbum имав иста ситуација, значи потполно иста пред некој месец..... сретнав дечко со кој многу брзо се зближив, тој се опушти до толку да се си искажавме во многу краток период, почна да ми прави муабети од типот: бабати кога ќе ја запознаам, мора да и одиме на гости, готово ти си моја, од дамна не ми се има случено ова, (демек се заљубил), многу ми е убаво со тебе и ..... бла бла бла работи кои што не ми се веруваше дека ги слушам.... не поминаа некој месец, човекот се смени за 180 степени, како нешто со нож да го пресече значи наеднаш се се смени, го снема најпрво, јас се чудев што се случило.....триста филмови си направив во глава, после некое време ми се јави да се видиме, јас нормално бев љута зашто се тоа многу ме погоди, неможев просто да си поверувам од која во која крајност отиде човекот, и едноставно си сфатив дека ме изманипулира.... за среќа и поучена од моето претходно искуство, не се впуштив во тие муабети и не им поверував, и покрај тоа што ми беше неверојатно и убаво да ги слушам и да живеам со помислата дека ете и јас можеби си го најдов човекот, али наеднаш се се сруши како кула од карти после некое време ми се јавуваше да се видиме, ај се видовме и му кажав дека е едно гооолллеемооо разочарување..... сакаше да се смириме, но после сите тие контрадикторни работи, јас немав сила повторно да му верувам. Муабетот беше ист како на bumbum дека се исплашил, бил збунет..... мислам аллооооо не сакам да звучам грубо али не мораше така да се понашаш на крај краишта. биди искрен, не се залетувај и остави работите полека да течат, така да јас не се смирив и покрај тоа што он настојуваше.... едноставно изгубив доверба дека тоа што го зборел и правел било вистина и неможев да му простам. ете тоа е моето скоро исто искуство, само што моево имаше негативен крај, а за девојката bumbum ако си сигурен дека сакаш повторно да ја вратиш, ќе мораш доооббррооо да се потрудиш. Ние девојките, простуваме , али не забораваме, а тоа знаеш што значи
и затоа 80 посто од машките се без девојки и сами дека си кутат не бараат помош од девојките сепак мислам дека темава е супер (алек и јас сум машко и не сакам да те наврадам )ама таква е ситуацијата барем во моето друштво
Исто што и вие мислите дека девојките треба да изгледаат како од порно филм и да бидат совршени баш како од холивудски филм... така да ова е обострано. Имам пишано дека и двете страни треба да се потрудат, иако јас повеќе ги сфаќам машките и затоа 80 посто од машките се без девојки и сами дека си кутат не бараат помош од девојките сепак мислам дека темава е супер (алек и јас сум машко и не сакам да те наврадам )ама таква е ситуацијата барем во моето друштво
Види на форумов ако не ми веруваш, прочитај ја темата "останаа ли машки"... Ќе пронајдеш буквално 40-50 жени кој што користат зборови како смотан, глуп, искомплексиран итн... за мажи што не можат да пријдат. Како да е болест да е машко срамежливо или не знае да пријде. Каде си видела да мажи зборат "леле колку се дебилни жениве, ги гледам, и не ми ни приоѓаат... глупачи..." Жени имаат навика да се пуштаат на арогантни копилиња Ако имаш во една просторија 100 мажи, ќе има еден тип што мисли дека е бог и предобар за секоја жена, и баш него му се пуштаат цури... Нормално, тој ги одбива... Мене не ми е јасно тоа како цури не го приметуваат кога зборат (ама и жени се пуштаат на мажи)? Зар не приметуваат дека сите го бркаат истиот тип Мислам, колку жени има со 10 дечковци? Мислам дека тоа не постои. Али има еден куп женкари што паралелно мотаат по 5-10 девојки вртат. Ако има тип што у исто време врти 10 девојки, тоа значи дека има 9 мажи што немаат ниту една... И знаеш што? Овој со 10те девојки, него сите го бркаат.
Има битна разлика. Ако машко упознае нормална девојка, со нормални "несовршености у изгледот", тој не реагира у стилот "бах, што и е на смотанава, види каква е нетокму". А жените редовно осудуваат мажи ако немаат холивудска харизма... Види ја темата "Останаа ли машки"... Таму имаш масивни дози на јадење бурек у стилот мажите биле смотани, идиоти, глупи, искомплексирани итн... Зашто? Бидејќи само гледале и не приоѓале, или зашто приоѓале на чуден начин итн... Значи целата работа е --ако немаш холивудски шарм и самодоверба, онда си нетокму и смотан идиот--. Имаше една девојка која што се фалеше како морала за нова година да мавне 15 корпи, затоа што не биле доволно интелигентни, збореле глупости и приоѓале на глуп начин. Нема ни малку разбирање. Машко кога ќе упознае девојка што не личи како од насловна на порнич знае дека е тоа нормално, не може секоја да изгледа така... Женско кога ќе упознае тип кој не е опуштен и не знае да ја каже правата ствар у правиот момент, реакцијата и е генерално -што му е смотаниов, нешто нетокму е со овој-... Ти мимс си реткост... Поголемиот дел девојки немаат ич разбирање, и чекаат холивудски сцени кога ќе им пријде тип.
Браво на одговорите алек и стварно така е за нова година моите другари добиваа корпи ненормални , па и мораа да добиваат ремет од друштвото уште
Алекноуви , постојат секакви девојки и постојат и секакви дечки на светов, НО ПОСТОЈАТ И ИКЛУЧОЦИ и од двете страни секако. Не мора да значи дека ако на девојка и пријде срамежлив дечко таа ке си помисли " леле каков е овој за ништо не го бива, ке си најдам подобар" , а истото може да се случи и со машко секако,а може да помисли" леле каква е , јас ли ваква заслужувам, ке си најдам подобра" а девојката била комуникативна, ама кога се доближиле еден до друг, тој забележал дека таа се срами Сите сме луге, и понекогаш знае дури и невообичаено да реагираме , ососбено body language и понекогаш е убав гест на потенцијалниот партнер да му дадеме простор да се навикне на другиот секако, без потсмев, шега или невкусни коментари.
Срцекршачка верувај дека машко нема да помисли леле каква е оваа ненормална итн итн итн.....незнам што мислите вие за нас, ама ако ни пријде девојка ДЕФИНИТИВНО нема да си го помислиме тоа, туку ќе застанеме ќе напраиме муабет со неа !!!!!! ..... имате вие девојките многу погрешни сваќањаи мислења за машкиот пол и за тоа како се однесуваат
Мистери можеби е храбро да ти пристапи девојка( зависи од девојката) можеби ти нема да помислиш "што и е на оваа " но некое друго машко би помислило, тоа да,или пак несто како " види ја оваа каква е -за некоја подобра, а мене каква ми приога-за некоја полоша , или во себе си би си помислил" премногу си лесна ке завршиш ти со мене вечерва а утре кој те е*е " Заклучок Кај маскиот пол, постојат исклучоци, но тие се навистина реееееееедоккккк случај
Погрешно ме сфати. Не велам дека девојките велат (не го бива типов, можам бољи да си најдам) кога ќе и пријде нормален тип (без холивудска харизма)... Велам дека жените имаат нереални очекувања за тоа што е нормално. Ако и пријде тип со нормално ниво на уплашеност и нерафинираност, таа тоа го интерпретира као манијачење. Т.е. нема ни малку разбирање... Машко кога ќе види нормална девојка не вели (што и е на глупачава, зашто не личи на Меган Фокс?)... Меѓутоа жени редовно велат за најнормален маж со најнормална човечка нерафинираност (што му е на ретардираниов)... У смисла ако не приоаѓа со 100% харизма као у холивудски филм, тогаш е ретардиран и нетокму. Код: , а истото може да се случи и со машко секако,а може да помисли" леле каква е , јас ли ваква заслужувам, ке си најдам подобра" а девојката била комуникативна, ама кога се доближиле еден до друг, тој забележал дека таа се срами Јипман убаво одговори за ова... Мажи никад тоа не го мислат. Освен ако не е супер-манекен или најбогат фраер у градот, не сум чул машко да има вакви мисли. Не знам од каде им е тоа на жени дека мажи нејќеле девојка да им пријде. Од еден куп девојки го имам чуено, а никад не сум чул машко вакво нешто да рече. Бар 99% мужи викаат дека ќе умрат од среќа бар една девојка да им пријде некад она да иницира хаха.
Епа баш ова ми е поентата.....вие мислите дека ако вие (женските) мислите вака, дека и ние мислиме исто......многу си грешка....еве алек кажа.....МАШКИТЕ ќе бидат пресреќни ако им пријде девојка !!!!!! ..... како што напоменав во претходниот пост, многу грешка интерпретација и слика имаш за машките.....девојките ДА, го мислат тоа нон стоп - ма не праам муабет со овој.....а бидејќи вие го мислите тоа, заклучувате дека и ние го мислиме истото....што не е точно....
Епа Алек ноуви и Мистери да сте на место на девојка, и да ви се случат неколку ситуации предизвикани од машко, т.е. чудни реакции од страна на машката популација, незнам како вие би реагирале, а да не е провокатор девојката хехехехе со срека во потрагата по вистинската љубов хахаха само внимателно, оти со нас девојките никогаш не се знае, и ништо не е сигурно хахахахаха
Ок имам едно прашање што пола машка популација сака да ја дознае што е тоа PMS ? и зашто секој пат кога некој моја другарка го има јас го .........(неможе да се пронајде правилниот збор)?
Пред менструален Синдром. Пред да добиеме така малку знаеме да подзабегаме а неретко и кога имаме добиено ама секоја жена е различна За друг пат да си знаеш
Совети од ЖЕНСКА страна за машките Бидејки гледам има тема за совети од машка страна кон женските решив да направам и ваква, сепак сметам дека можеме и ние да добиеме некакви совети од страна на женските. Па да почнеме .. Пред се дека напоменам дека имам 17 години и досега сум немал девојка, е сега проблемот е што не сум искусен во оваа област па ми требаат некои совети. Имено ми се допаѓа една девојка инаку исто 3-ра година сме и кога ќе се сретнеме секогаш било каде дали на училиште или обично гледам дека има нешто повеќе што најверојатно сака девојката, често ги има оние типични насмевки и слично но .. Проблемот е тоа што незнам како да и пристапам бидејки можам да кажам слободно дека сум доста срамежлив, а како што гледам она најверојатно очекува јас да го направам првиот чекор (за што и се согласувам дека е нормално како машко) но ете, отсекогаш сум бил срамежлив и тоа ми е голема мана. Ваљда зошто сум немал многу женски другарки, па затоа ми е потешко сега Е сега пред 2-3 дена ме додаде и на фејсбук за пријател при што полека но сигурно ми се потврдуваат теориите дека можеби девојката сака нешто повеќе. Но пак ќе кажам, едноставно незнам како да и пристапам не сум искусен во таа област.. некако глупо ми е преку фејсубк да се запознавам и едноставно незнам што би би го започнале разговорот да речам. Да имав некој познаник/пријател од нејзиното друштво ќе беше многу полесно, но вака е доста потешко. Па затоа барам совети како би и пристапил да речеме првен за почеток, еве пример преку фејсбук барем да оствариме прв контакт некаков (макар што е виртуелен) после ќе биде малце полесно, значи прашањето ми е како според вас е правилен пристап ? што би правел муабет на пример ? Искрено не сакам да бидам ептен директен и ако е пишано нека оди по-полека, сепак сакам и јас да бидам првиот што ќе го направи почетниот чекор како машко и да ја намалам срамежливоста пред се Онапред благодарам за советите ..
Совети од ЖЕНСКА страна за машките Како прво, добредојде на форумов, а како второ веќе постои таква тема Совети од женска страна за сите машки Најверојатно мислењето ќе ти биде префрлено таму, а во иднина, прво пребарај дали постои соодветна тема на форумот за она што те интересира
filip sk: според мене мислам дека прво можеш да почнаеш преку фејзбук (за да имаш било каков контакт со девојката) на пример некој лајк на слика да и остаиш , или поук-ни ја, ако ти возврати јас мислам дека би требало да и пишеш на чет(нема зашто да се срамиш) онака да се запознаете малку подобро, почнете така почесто да си разговарате па после и во живо би требало да правите муабет кога и да се сретнете ќе дојдеш ќе се поздравиш со неа и кога ќе имате малку подобар однос јас мислам дека би било добро да ја поканиш да излезете или слично. Пиши ако има некаков напредок