Abe siguren deka uste me svigja 100% , ke ja pokanam da izlezeme . po posle ke i pondam vrska . inace fala vi mnoguuuu ! <3
CIA siguren sum deka ne prestanala da me svigja eve nekolku pricini : Vo skolo celo vreme i gi fakjam pogledite i mi se smeshka . Na facebook ona go zapocnuva razgovorot .
Епа безгрижен тогаш добра е не отишла работава во погрешен правец ...инаку Наташа јас мислам дека првен оди мување па врска...некако така ми е логично првен со некој да се запознаеш да се залапкате 5-6 пати па да му понудиш врска
pozz prvo do site pa vaka da ve prasam kako bi mu prisle na devojka koga znaes deka taja tebe te znaj i ti ja znajs neja znajs kako se vika i taja znaj deka znajs kako se vika go znaj to i tn no ne pravis nikakov muabet nemate ni edno zdravo ama bas nistoo. kako bi mu prisle da se zapoznaeme nesto taka ne bi bilo glupavo so mislite vi cupencaaa
Ке и пријдеш и ке кажеш “Јас знам дека ти мене ме знаеш и јас те знам тебе и знам како се викаш и знам дека знаеш дека знам како се викаш, го знајш то“ и типкава ке се импресионира и ке ти понуди брак. Шала на страна, хм....најобично прашање или едно директно “здраво, јас сум тој и тој“ во згодна ситуација се подобри од било што. Или ако имате заеднички другари/ки кои се поблиски со неа, излези со нив и кажи им да те запознаат официјално со девојчето. Ништо страшно и тешко.
хаха што прави овој фб претпоставувам дека од таму така се знаете инаце се согласувам со девојчето пред мене што ти дало совет најубаво е заеднички другари ако имате да ве запознаат. А ако немате онака лајт однесувај се пријди спонтано, не нападно да не ја уплашиш и ке видиш само ке си дојде во ред... нема потреба од "паники"
CUVAJ SVOJU DEVOJKU! ♥ Zasto?Kada zbog tebe place, Mnogi bi je nasmejali. Dok je ti varas, mnogi bi je voleli. Dok je ti ignorises, mnogi bi uradili sve samo da dobiju njenu paznju. Dok je za tebe samo jedna od devojaka, mnogi bi pozeleli da im ona bude jedna jedina. DOK JE TI NE VOLIS, MNOGI BI SVE URADILI ZA NJENU LJUBAV !!
Девојки ми треба помош од вас.Ми се допаѓа едно девојче си пишуваме на фб од скоро време и незнам како да ја освојам инаку сме 4 години разлика мене не ми се проблем годините но на мене стварно ми се допаѓа девојчето сакам да го поканам на кафе но незнам дали ке прифати и незнам како да почнам со првиот чекор незнам што да и зборам за да и се приближам.Многу сум возбуден и од вчера само таа мисла ми е во глава ве молам помагајте.Инаку јас сум срамежлив
за да ја освоиш ќе ти треба време...Најнормално ако веќе си го имате муабетот , ќе и предложиш да излезете на кафе,само немој да бидеш нападен и напорен,фино онака низ муабет .. и ако те одбие еднаш,некревај раце,тоа e ''тактика''за да видиме колку уствари сте загреани ... со среќа
фала многу за помошта се надевам дека ке биде нешто но од една страна и се плашам незнам дали си има дечко не сум ја прашал ми се чини да нема ама не сум сигурен
[/quote] фала многу за помошта се надевам дека ке биде нешто но од една страна и се плашам незнам дали си има дечко не сум ја прашал ми се чини да нема ама не сум сигурен[/quote] Значи чим веќе разговарате, ја имаш више формулата и направи според неа. Уз муабет на шала демек спомни за дечко види како ке реагира. За викање за кафе, не брзај пополека и тоа направи го. Според мене малку позадлабочите се во разговорот и тогаш викни ја на кафе .
може и јас да барам совет? ми треба насока кон која би се одвивала одредена ситуација...и на кој начин би било најдобро да се почне конверзација во следнава моја ситуација! или пак,како вие би сакале да ви пријдат доколку сте вие личноста на која ја би требало да и пријдам вака:Има една девојка која ми е преубава,ја гледам речиси секој ден последниов месец на работното место каде работи и каде јас често одам на кафе и имаше одредени ситуации кои ме натераа да размислувам за да и пријдам.Девојката е се што барам во моментов,не дека барав нешто во последно време но еве се случи,кога немав желба за барање девојка се појави она.Ги забележав следниве работи: -Ја забележав како ме погледнува(така почесто) во рок од 2 саати додека сум таму можно е да бар едно 10 пати ни се сретнуваат погледите Добро,признавам и ја гледам под око,ама не толку манијачки да не го тргам погледот од неа,туку осекам како секој пат кога ке погледнам накај неа да дигне глава и она! -често знае да помине од кај масата каде што јас седам,иако нема зашто да поминува од таму,зашто за тој дел не е задолжена таа. -на доагање,пошо секој ден сум таму,како да ме бара со поглед кога влагаме,а јас влагам последен секогаш и се погледнуваме(влагам последен зашто секогаш само со другарки идам и нели џентлменски е последен да влезеш) Е сеа може да помисли дека некоја од нив ми е девојка па се срами од мене,ама нема зашто... -и најбитното: мислам дека еднаш ме слушна како и реков на другарка ми колку е симпатична а пошто јас бев свртен со грб другарка ми ми кажа дека ја дигнала главата и се насмеала Инаку јас секогаш се смешкам кога ке ја видам,може само тоа да и е симпатично и ништо од ова што го пишав да нема врска ама затоа сепак си имам ја другарки што сеа ке ми помогнат како да и пријдам,така??? Самодовербата не ми е проблем,туку некако да не е многу брзо да и пријдам
Јас би ти кажала една работа- Go for it. Ако пробаш ќе знаеш. И да не и се бендисуваш на девојката, ќе знаеш дека си пробал и нема секогаш кога ќе ја видиш да си викаш „Што ако...?“
Kaко се одвивала работата досега ова би тебало добро да заврши. Се укажува на тоа дека имаш дозвола за пристап Би било многу полесно ако имаше некој заеднички пријател кој би ве запознал "официјално". Kaко што имаш напишано-самодовербата не ти е проблем (до толку подобро) нареден пат кога ќе дојде да ве послужи дај некој коментар, било што во врска со нарачката (како е секогаш погодена или уште подобро прашај ја нешто). Тогаш ќе биде полесно па со наредните доаѓања ќе можеш и да ја поздравуваш, па така кога ќе биде вистинскиот момент кажи и дека би требало да се запознаете и официјално и нормално претстави се Дали е избрзано или не и не многу важно зашто главното сега е да стапите во контакт па за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. (Другарките нека се однесуваат "добро" и по можност нека се уфлат во разговорот зашто можеби девојката е и срамежлива). Среќно
StarBwoyy-очигледно е дека и девојката се свиѓа,па превземи нешто брзо !...можеш да отидеш до ВЦ и да поминеш покрај шанкот кога она стои па прашај ја демек не знаеш каде е вецето...следниот пат кога ќе ја видиш во кафичот или низ град речи и здраво...после ова мислам дека ќе можеш да и пристапиш и официјално да се запознаете па потоа може да следат кратки муабети,па и покана за на кафе Е сега мислам дека имаш мал проблем во врска со тоа што одиш во кафичот со девојки...сигурно си има помислено дека некоја од нив ти е девојка...кога ќе биде во близина можеш да спомнеш на некој начин дека си сингл и дека баш би сакал да запознаеш некоја девојка,а другарките твои нека ја следат нејзината реакција..поздрав и со среќа
Следниот пат кога ке ја видам дефинитивно ке почнам полека да и се претставам,индиректно и директно Иначе баш спротивното...веке за неа знам многу работи(незнам дали намерно ги има кажано за јас да слушнам ама ете индиректно дознав и како се вика,и дека немала дечко и многу други работи,и се осекав у тој момент како тој муабет да е наменет за само јас да слушнам. фала за советите!
И треба да почнеш Инаку,ако она спомнала дека нема деко,сепак мислам дека кога ќе си правите муабет ќе треба да ја прашаш,да покажеш интерес за тоа дали е сингл или не. (иако веќе знаеш ) И како што спомнав,кога ќе биде она во твоја близина спомни дека си слободен и ти, и дека бараш девојка иии нема проблем,секогаш сум расположена за да помогнам некому
Старбој оххх одамна немам слушнато некоја ваква убава ситуација Вака би те советувала, да не губиш многу време. Тоа со погледи се најчестите и најпрви знаци што ги правиме . Ко што те советуваа другите, дај пофалба за пијачката, случајно прашај ја кај што излегува . Плус тоа мислам и дека не е проблем што си со девојки на кафе, секако доколку тие се однесуваат пристојно На тој начин можеш да најдеш некој/а заеднички/а пријател/ка за да ве запознае поубаво . За почеток прави некои случајни муабети со неа, додека не се ослободи ситуацијава и после оди во напад А да, ке заборавев, најди и фцб Така веќе ке ти биде и полесно Од се срце ти посакувам успех да знаеш И да ни се пофалиш што побрзо