Години да поминат за да сфати дотичниот дека жена му сега му е примарно семејство, а не мамичка? Како што можеме ние жените, да се преселиме од својот дом, и самостојно да почнеме да живееме брачен живот, така можат и мажињава, ако воопшто можам да ги наречам мажи ваквите. Не знам кога некои мажи ќе сфатат, дека откако ќе се оженат и основаат фамилија, примарно семејство им е жената и децата, а не мамичка, на 30+ години мамичка да ја праша дали може да легне со жена му, ако не па!? Бегајте од вакви персони!
Ај за почеток да не ги нарекуваме мажи тие шо во зрели години мамичка им е на прво место. (Секој треба да си ги почитува родителите!) Ама да не ти е разграничено каде е мама, а каде се жена и деца, тоа е малку за дијагноза. Не треба да поминат години, треба тоа да е сфатено уште пред брак. Се додека прифаќаме сѐ шо ќе ни се сервира, вака ќе биде.
Со еден ајде да го речам пријател, се знаеме одамна, со години и си пишуваме, се шалиме. . Не е мал, 39 ќе праи. Го прашав дали се гледа со некоја и ми рече дека со прашањево сум била како мало дете. Дали згрешив?? Јас онака го прашав. Кроз муабет.
Кој шо сака може да праша, тој другиот као осеќа ќе врати. Нема погрешно прашање, ако го бендисуваш напрај чекор ако не продужи
Така е. Ама овај директно ми рече ми праиш детски и глупи муабети. Значи, ако вакво прашање е детско и глупо. Мож требаше да го прашам да ми кажи колку летечки чинии има видено. Хахаах
Очигледно му е осетлива тема и не сака да ја дискутира со секого, поконкретно со личности со кои не осеќа близина емоционално да се разголува. Имај во предвид дека не е заинтересиран за тебе инаку прашањево отвара врата и ептен културно да ти ставел до знаење некои нешта. Сепак не си згрешила, но јас на твое место не би комуницирала повеќе со него или ако продолжиш имај во предвид дека си тепа време.
Напротив, се знаеме долго и знам работи за мене и он знае за мене. Ќе видиме, дали ќе продолжи да комуницира.
Ти е гајле..пролазници имаме во животот сите ...еее ќе се смееш на муабетов за некоја година Гуд најт
Штом се познавате долго не гледам причинс зошто би ти дал одговор на тоа прашање. Не често значи дека личноста е отворена да комуницира, дај му простор и време. Не гледам причина да не комуницирате понатака, не е голема работа. Не треба толку лично да ги сфаќаш одговорите