Пред подолг период ме додаде едно девојче или жена бидејќи спаѓаме во возрасна категорија на инстаграм. Без разлика што помина подолг период сакам да стапам во контакт, а предходно се немаме запознаено некаде, можеби се имаме видено во период кога се бавев со активизам, но тоа не е битно сега. Ми гледа сториња понекогаш но можеби чека да го направам контактот јас. Прашањето е како да и пристапам се мислам, сакам да биде фино и културно.
Сториња сите отвораме колку да поминат, сигурно не го чека специјално твоето стори. Фино културно пиши и едно здраво и понатаму go with the flow ако тече разговорот, сами ќе си доаѓаат теми.
Пиши и или ако стави стори реагирај и. Така почни со разговор, ако не сака ништо посебно ќе те одјебе фино лепо.
Немој со сториња и такви работи, многу е детски. Ако не сакаш да е она досадното здраво како си постави и прашање околу нешто што ќе постира чисто за муабет да почнеш а да не е нападно, па понатака по самиот муабет ќе процениш дали е заинтересирана или не.
Детски е да гледа дал му гледа сторињата, или да слајдни на база на нешто шо ќе објави? Пошто ако објави нешто (освен селфи, малку очигледно и на носот е то и не најпријатно) и му реплицираш за да иницираш муабет - можи да е многу ефективно. Ако јас објавам оброк, и некој ми слајдни да побара рецепт, па после да продолжиме да збораме ... то е многу ефективно. Или ако тој објави за некој филм и јас да прашам како му се бендиса оти мене не ме бендисал па барам поќе мислења. Ептен е smooth. Вториов параграф е поќе како идеја за пристапување.
Зошто детски? Дојде време такво каде што многу врски се започнале од една условно кажано 'реакција' на инстаграм стори. Еве во моја ситуација е така, ако не добив коментар од инста стори од мм, може би нема да ми беше сега сопруг. Нека и реагира нешто па после нека си сврзат муабет и ќе си процени дали вреди или не вреди да троши време.
Да ја седам и гледам дали ми видела стори по цел ден, и размислувам, ниту сум манијак, ниту посесивен, и немам друга работа за да го правам ова. Случајно секогаш се случува и доколу некој ми реплицира од другариве или лајкне некои.
Глупости, шо си се оптеретил волку, не е здраво ова ич. Ама те разбирам како ти е. Не се измачувај, пробај пиши, глупо е само да реактнувате и баш е детски. Пиши ко чоек, види шо и дали муабет ќе има у неа.
Додека се премислуваш ти друг ќе ти ја земе.. Пиши едно обично здраво ако сака ќе врати ако не и тестамент да напишеш нема да ти врати.. По ефикасно е на стори да и одговори нешто, дури и слика да стави од неа прашај "од кај ти ташната, сакам на сестра ми да купам за роденден нешто мк се допадна", ако стави место некое праша "каде е ова", ако е храна прашај рецепт.... Ако не става сториња пиши само здраво..
Не генерализирајте, секој индивидуално и интерперсолано има појака страна или психолошка структура, можеби на која треба да се работи на тоа како да стане подобар во тоа, тоа е нешто кое се гради, иако има и дел од изградениот карактер и неговите постулати. Ама не можете да генерализирајте дека сите се исти, кога сите имаме свој карактер, психолошка структура, постулати на вредности и особини, никој не може да биде ист. Пред некое време се запознав со девојче на журка, имаше долг контакт па и приидов. Си кажавме дека вака сме си допадливи едни на други, си направиме убав муабет и на крај ми кажа дека има дечко и не би било океј на останеме во контакт, фер од нејзина страна и баш убаво искуство. Ве молам со овие вашиве, субјективни заклучоци пополека, кога лично не ме познаваш и не ми е јасно како ги правите баш поради овој аспект.
@Hipsterism мислам дека со реакција на стори е добра идеја (сѐ додека не е селфи, мада и тоа зависи од човекот), да почнете да правите муабет во врска со тоа што го има објавено. Но ако не е тип што објавува често такви сториња, можиш побрзо да и пишиш, едноставно со "Здраво" и да продолжиш со тоа од каде мислиш дека ја знаеш, дека би сакал да се запознаете, само да не звучи ептен нападно. Ако видиш дека е расположена за муабет продолжете да разговарате, ако не е то е то, you tried. Нема што да изгубиш.
Ти па ама се устручаваш, пиши нешто, битно да појде муабетот, после заедно ќе се смеете на првиот муабет