Прашање до понежниот пол на форумот. Не се работи за мене, туку утрово гледав еден серијал на Јутјуб, па ми помина една фикс идеја кроз глава Запознавате дечко, се вљубувате, се супер иде кон посериозно, топ ви е со него, веридба дрн дрн. Планирате нов дом и ви кажува дека сака змии да чува како домашно животно и инсистира на тоа. Не мора да се отровни, било какви, вљубеник е во змии и шкорпии. Што понатака? Ќе го оставите?
Нема, пошто и јас сакам змии. Тоа ќе ми е полн погодок. Само единствениот услов да не се отровни, нешто мало слатко како ball python многу сакам. Ама ова сум само јас.
Па затоа се разговара пред бракот колку може поубаво да се запознаат партнерите што е тоа змии чување и шкорпиии да не ги јаде можда па да ги чува тоа не е нормално
Не е поентата дали е контроверзно или не. Или стигматизација или романтизација на змиите. Како би реагирала 99,99% од женска популација кога ќе им кажеш дека дома секој ден мора да носиш глувци/стаорци да ја нахраниш змијата? Или да ја пуштиш да шета низ стан или куќа? Или да одгледуваш свои глувци, за да ти биде поевтина храната месечно И змијата се храни генерално со живи стаорци.
Жените и змиите добро се сложуваат немај гајле, скоро па исти се. Ама тешко на тој маж со жена и змија дома, сети се на Адам што му направиле... И ден денес да си биде човекот во рајот, ама кога се здружат жена и змија тоа е.. Спојлер: . сам ќе си искочам нема потреба со стап вратата да ми ја покажете
Тој ако е спремен да го оставам само заради негова желба која не е воопшто неопходна за живот, не ни заслужува да градам иднина со него. А потоа, не ми е до змијата, не ги мразам или се гадам, ама што ќе треба живи глувци и морски прасиња да јаде, не фала. Нека си лови во природа, јас не учествувам во нечив масакр.
Се додека не е љубител на пајаци, во ред е. Е тоа ако ми донесе, бог нека го прости и него и пајакот.
Многу е просто, се разговара во текот на врската/запознавањето за какви миленици сакаш. Не знам што ти беше поентата.
Значи додека да не го знаев ова ќе речев нека чува нема проблем амаааа стаорциве не не ,фала П.с како тинејџер сакав змија да чувам ама и тогаш не знаев за стаорците
Паааа, некако отприлика вака. Се запознаваат, после кога станува посериозно таа почнува да иде кај него дома. У сред муабет он и вика: - Ќе ме извиниш ли за момент? Мојата змија е гладна. Морам да ја нахранам. И, вади жив стаорец од кутија кој мрда и се бори за живот и го фрла во аквариумот кај што му живее змијата. Што мислиш каква ќе биде реакцијата?