Каква и да му е бре чоек, поентата е дека дејтаат и ако не си одговараат - ќе раскинат. Ако за женава е deal breaker ова ќе раскинат. Ако не е нема да раскинат. Секој има башка граници и нема врска дека 99.99% од жените ќе одговореле исто. Ајде сега, која ти беше поентата? Be honest.
А додека оделе на дејтови и се запознавате не разговарале? Пред да отиде кај него нема да знае дека има змија и на кој начин се храни?
Ја мислам дур не стане посериозно, не мора ни имињата да си ги кажувате. Маче душо, кукле нека ме вика, шо мора име да ми знае? Нешто сигурно у мвр има врски чим му е битно одма да знае као се викам
Не би ми било проблем да чува змија. Ама вака да се однесува да, како така седиме и ќе стане и само ќе и даде глушец, очекувам ако прв пат ја храни пред мене без разлика дали знам или не знам да ми каже ,,Малку е непријатно мора да јаде, сакаш да гледаш или да одиме на друго место додека јаде". Исто така би ми пречело да му е змијата по важна од мене или ако не ја сакам да ме тера да ја сакам галам, допирам. А ако тој сака нека си ја чува, се додека ги почитува моите граници.
Но ти зборуваш низ фаза на врска. Што кога ќе дојде момент да живеете заедно во ист дом и да одгледувате деца и змии паралелно?
Погрешно, не одгледуваме змија заедно, он чува змија нека не ме меша во обврски со змијата ако не сакам, а ова се разговара во тек на врска...
Па на почетокот најверојатно нема да знае. Со тек на време ќе дознае, ќе се зацепа у него и ќе мисли дека му е фаза во животот. Но кога ќе дојде време за посериозно и брак мислам дека ќе ја спукаат работата кога-тогаш.
Ја за дм од прв ден знаев дека има маче. Мислам стварно не знам вие што зборите на први дејтови побогу
Зошто да не знае? Ако си во врска зошто би криел дали имаш миленик или не? Тоа на првите дејтови се разговара и затоа се оди на дејт, да видиш дали ти одговара таков човек или не..
Да, не се работи за тебе кхм... Ај прво договори се сам со себе дали чуваш змии, али ќе криеш до брак, или не чуваш,ама ќе и кажеш на вереницата вечерта пред свадбата дека сакаш и дека МОРА да чуваш ... Ја лично би те баталила,со вака греотичарски манипулации не си за поише од змии реално.
Не се работи за мене. Не чувам змии. Чисто ми налета интересен серијал на Јутјуб, па онака ми дојде фикс идеја во глава како ли би изгледала таква врска/брак
Баш за змии и стаорци ли се фати? Ретко кој сака тоа да чува. Јас лично се плашам да видам змија а камоли да чувам. Зошто да го оставам? Ако ме почитува ќе има разбирање.