Па ако треба да планирам ја, ќе си излезам или сама или со другарки, оти очигледно не се разликувам многу од дечакот ако он очекува ја да сум џентлменот тука
Малце принцезички сакате да глумите ко у некој Дизни филм, ај признајте Епа тешко тоа у реалноста.. Животот не е бајка
Ти ако си ги знаеш своите критериуми и до каде ти е границата, нема да те допираат вакви ликови. Секогаш има добри дечки, кои се ќе направат за вас, ама не ги приметувате или не сте налетале на нив, да не ги ставаме сите мажи и сите жени, во ист кош, сите сме различни, колку лоши мажи- толку и лоши жени има. Друга работа: секогаш ние себеси прво да се погледнеме, што имаме, какви сме и што нудиме, па да бараме некој сличен на нас, а не да сме идиоти со лоши манири и пропаднати вредности, а да бараме господин совршен!
Девојко те читам у последно време освен ширење негатива ништо друго не нудиш. Малку позитива не е на одмет. Life is beautiful
А, бе мажите станаа принцези. Пишал дека бара сериозна врска, а умот му иде на даље. Или ќе врати само со едно лигаво здраво или краток сељо бој муабет и остава женското да се мачи да иницира разговор. Ко со дрва да се пробува комуникација.
Кој дупли по ред ти беше ова? Ако животот е убав, немаше да се бавиш со ова, ќе го живееше, ќе уживаше. Шо сакам можам да пишам, не барам дозвола, игнорирај чим негатива ширам.
Не се другите криви за твоето гринч расположение, во себе тражи го одговорот. Ова деф за себе намени го и преиспитај се кој со кого се бави. А и ова.
Што знам, во врска со некого сакам да се осеќам како со партнер, не како со родител. Сосема е здраво и нормално да се смислуваат заеднички дејтови и да биде договор, а не некоја свечена покана. Џентлменство се изразува на многу различни начини. Покрај сите работи кои мажите ги прават и се трагични, ова е последно нешто кај што треба некаква ригорозна осуда.