Не знам како би дошло до втор, трет или четврт дејт кога едната страна не покажува иницијатива. За понатаму нормално е да има заеднички договор.
Тоа е дел од организирањето, да се праша дали има некое посебно место каде би сакала да оди и кое време и ден е слободна
Според мене, Секоја врска/брак/партнерство значи различна динамика. Динамика која самите си ја одредувате Па така, ако некоја сака да биде третирана како принцеза, ќе си погоди таков каков што бара, затоа што постојат и мажи кои сакаат да ја третираат својата девојка како принцеза Ако некоја сака партнерот да ја третира како Бетмен, нема зошто да ги навредува првите - ми нема логика. Ит из дат симпл Нема ништо погрешно во ниту едно, сè додека во прашање е слободна волја и обострана среќа и исполнетост
Ако ме прави Бетмен да имам партнер кој ме гледа како еднаква на него и битно му е моето мислење и тоа што сакам наместо да ми глуми доминација за некаков фиктивен рол плеј...нека биде Бетмен третман. Интересна поделба, многу феминистичка.
@Angie1432 Енџи, не беше за твоето мислење, ниту пак Бетмен е кажано во лоша смисла - буквално значи само различно Зборувам за вчерашното мислење на Рајт од претходната страна. Бидејќи, зошто некој толку многу се нервира ако некоја девојка е третирана како принцеза или сака таков третман? Ова го гледам толку многу често и не ми е јасно. Ако сум во среќна врска (било каква) зошто би мрчела ако друга девојка сака друго од својата врска? Тоа ми беше поентата. Дека нема еден исправен начин. Мислам, јас може во мојата да сум доминатрикс, а тој мој финансиски роб, и двајцата своеволно, па не гледам зошто некој да се нервира од ова
Балашевиќ испеа: Sve je otislo u honduras, mi trudimo se znanstveno da propadnemo barem dostojanstveno..
Не знам кому му треба да го чуе ова, ама ако сакате во животот да допрете женска, па и да имате, не бидете самопрогласен и страшно опседнат good guy кој опсипува со комплименти и пишува за семејство и деца пред уште да направи план да се видите. Некој кој нема карактер и интереси и ужасно се обидува да присвои сѐ од твојот иако не му оди.. Не знам дали ве повредил некој ама pls see a therapist first ако имате ваков порив. Ни на непријателот не му посакувам да биди во ситуација да одбие ваков "добар дечко", бидејќи буквално се испод мира триста вира. Но и јас сум крива што не знам да блокирам на време.
Што да одговорам на ваков дебилен муабет. Бараш поддршка од човек кој нема емоции во него за ништо... Жал ми е што го пишувам ова....
Тоа значи дека не е сеуште спремен за дејтање. Ова може да помине само ако сме 16 години. А и ако си машки род не значи по дифолт дека си прав маж. Ако ти не си го доживеала не значи дека не постои. Од искуство ти кажувам дека постои, а ти продолжи да мрачиш. Со тој мајндсет и нема подобро да привлечеш. Позз
Дали е добра идеја ова вака да го купам, некое убаво вино и да напишам честитка (и да купам парфем) за Валентајн за девојка ми?
Ако е романтичар да, ти најдобро си ја познаваш. Јас пример не сакам поклони за валентајн, за обични денови, мали ситници да, за роденден да. Ама пак е индивидуално.
@Stark Според мене, Во тој случај, веќе треба да ја знаеш добро девојката. Подарокот е кјут, но генерички. Подобро од нас треба да знаеш дали ова би и се допаднало. Подарокот треба да звучи "те сакам, те познавам", не "I played it safe и подарувам anything". Треба да знаеш дали сака романтични или практични работи, дали е минималист или сентиментална, каков парфем сака, каков подарок би ја направило да се почувствува seen, не само gifted
И јас би рекла ова ми е генеричко, иако сум романтична по природа, но ти си ја знаеш најдобро девојката. Ако сака поклон за Валентајн, вино цвеќе или благо е стандард според мене за тој ден, не мора да е некој подарок како кога би бирал за роденден.
@Stark Ако веќе славите Валентај, повеќе вложи во дејтот отколку во поклонот. Зависи и таа што повеќе сака, ама кај нас секогаш добар дејте бил подобар од најдобриот поклон.. Никогаш не сум згрешил со дејт кај мене дома и вечера направена од мене. Измисли некој уникатен дејт, а поклон можеш да и земеш плус било што, ако сака такви вазни земи и ја таа (или што и да е украсот).