1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Па пред некој ден бивш американски астронаут на НАСА пред телевизија изјави дека видел вонземјани, дека леталата им се во вид на чинии и дека месечината ја користат како нивна база. После се изјасни дека ова се знаеле уште од 80 година, но сепак е прекривано за да не настане огромна тревога.

    После можете да праите муабет како излегле некои докази дека Хитлер уствари умрел у Аргентина у 62

    Па после ќе свртите а QUEEN - како Лејди Гага најверојатно ќе им биде новиот фронтмен и што тоа би значело за групата - ехееееее теми колку сакаш :D

    ама за жал на 15 години - јас играв супер нинтендо и ни на крај памет не ми паѓаше девојка, па темите за таа возраст не ми се баш специјалност ;)
     
    На MarchelineAmaru, crazylady, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Богами, на 15 се сеќавам, кои ми беа темите на муабет.

    - Еј што се деси вчера во Твин Пикс?

    - Леле виде ли Дилан и Кели се фатија бе?! :o

    - Сакаш да се лапаме?
    - Да.
    - Ај.
    - Ај.

    - Сакаш да те возам на гидан на мојот најнов БеЕмИкс?
    - Сакам. Вози ме до кај горниот супер, на мајка ми морам да и купам јајца.

    - Сакаш да се фатиме?
    - Да.
    - Епа ај.

    - Ќе те пуштат твоите вечер во МНТ?
    - Не знам, можеби само до 11.
    - Ако де со последниот автобус ќе те испратам.

    И така :) Опуштено, зборувајте за училиште, кој ќе испрашува, кој не, каква музика слушате, каква презирате, најдете заеднички објект на хејтање и хејтајте, ем ќе се насмеете ем ќе се залапате. Младост, лудост, ах!
     
    На MarchelineAmaru, green.eyes, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски

    http://www.youtube.com/watch?v=MTOr9m4TZP4


    Еве тесктов.. :rock:
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  4. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    пак јас во оваа тема :) да се навратам на муабетот од пред неколку страни,во врска со девојката со која често ни се сретнуваа погледите,тие мали невини погледи од обете страни,цела таа неизвесност на дали има нешто позади таа насмевка како што има во врска со мојата :)

    Пред неколку дена,понеделнички јас одма да си проверам,да видам кој ке биде првиот впечаток кога ке размениме неколку збора(први воопшто)....отидов насмеан полн со позитивна енергија и самодоверба која беше на доста високо ниво како што не била одамна...И...

    го знаете оној поглед од неколку секунди кога се гледате со некој кој ви станал партнер подоцна.се случи.го осетив.го осетивме двајцата сигурен сум!

    СтарБ: Здраво :$
    она:Здравоо :wasntme: :angel: :o :$ :hai:
    Заеднички: длабок поглед од 3 секунди во кој се гледавме во очи оддалечени на пола метар во кој погледот кој нејзините очи значеше отворена врата кон нејзината душа!

    насмеани,изненадени,срамежливи си го тргнавме погледот кој после евентуално на далечина пак си го упатувавме!

    Ке ја биде ли? ке се трудам за девојкава со цела моја харизма и храброст за да успееме :)
     
    На MarchelineAmaru, mims-89 и irenna им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ќе ја биде... нареден пат направи повеќе муабет ;)
     
  6. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    да да :) моментално изградувам слика за себе и полека и се претставувам,постепено-понатака ке видиме зависи што ке се изроди од оваа ситуација како ке реагирам :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    StarBwoyy
    :clap: Мноогу ми е мило :) И па уште и се прашуваш дали ќе ја биде. Како Ви е почната... Сега оддржувај комуникација и почесто муабети со кои би се запознале подобро. Само не избрзувај директно со прашањето, туку почекај некое време колку да споделите заеднички моменти теми на разговор полни со насмевки :) Абе кога е љубовта во прашање насмевки е она што никогаш не недостасува :) Среќно ;)
     
    На StarBwoyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bezgrizna

    Bezgrizna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Mistery...
    1-Jas pobarav vasha pomosh
    2-Neznam od kade gi izvadi tie 15 god
    3-sigurno deka na 15 godini nema da igram nintendo vo ova vreme ,kade tolku e razviena tehnologijata
    Sepak ti si dade tvoe mislenje i sepak fala.
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    СтарБој ,на добар пат си да го освоиш срцето на девојката ,продолжи да бидеш позитивен ,вложи ја сета харизма и интелигенција што ја поседуваш и гледај да успееш да ја насмееш ,тоа е од исклучителна важност кај момичките ;)

    Многу среќа и извести не што бидна ,израдувај не :D
     
    На StarBwoyy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theboy

    theboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    32
    фала многу за помошта се надевам дека ке биде нешто :) но од една страна и се плашам незнам дали си има дечко не сум ја прашал ми се чини да нема ама не сум сигурен[/quote]

    Значи чим веќе разговарате, ја имаш више формулата и направи според неа. Уз муабет на шала демек спомни за дечко види како ке реагира. За викање за кафе, не брзај пополека и тоа направи го. Според мене малку позадлабочите се во разговорот и тогаш викни ја на кафе ;) .[/quote]










    сега воз муабет ја прашав и ми вели дека си има но кога ми кажа ми се одсекоа и рацете и нозете :( за жал не успеав ни овој пат веке губам надеж
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Значи чим веќе разговарате, ја имаш више формулата и направи според неа. Уз муабет на шала демек спомни за дечко види како ке реагира. За викање за кафе, не брзај пополека и тоа направи го. Според мене малку позадлабочите се во разговорот и тогаш викни ја на кафе ;) .[/quote]

    сега воз муабет ја прашав и ми вели дека си има но кога ми кажа ми се одсекоа и рацете и нозете :( за жал не успеав ни овој пат веке губам надеж[/quote]


    немој да губиш надез, надезта умира последна
    ако сега има момче не значи дека за секогаш ке биде со него
    те разбирам дека ти е тешко(вие машките сте почуствителни од нас зенските) и убаво е тоа што си се спријателил со неа, никогаш не се знае :)
     
  12. theboy

    theboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    32
    сега воз муабет ја прашав и ми вели дека си има но кога ми кажа ми се одсекоа и рацете и нозете :( за жал не успеав ни овој пат веке губам надеж[/quote]


    немој да губиш надез, надезта умира последна
    ако сега има момче не значи дека за секогаш ке биде со него
    те разбирам дека ти е тешко(вие машките сте почуствителни од нас зенските) и убаво е тоа што си се спријателил со неа, никогаш не се знае :)[/quote]


    благодарам за помошта но навистина сум разочаран :( инаку твојот коментар ми дава утеха :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ахм, ахм...внимание плиз. Понизно би ве замолил, феминки, да ми разбистрите нешто...
    Ситуацијава е следна...

    Запознав девојка, која уште од старт знаев дека не ме интересира. И така и си останува до сега, немам никаков интерес за ништо со неа, од цел список причини.
    Таа си има долга врска, но постојано нешто ме зајадува мене. Постојано ме закача, ме провоцира, кога ќе кажам нешто, често знае да направи некоја фаца, демек не се согласува, јас сум бил тежок занес, нафуран и само гледа причина да ми искоментира нешто. Се обидува да ме зафркава и да се смее на моја сметка, неколку пати си направи ситуација да ме фати за рака, воспостави и физички контакт.
    Едноставно е нападна.
    Е сега...таа не ми се свиѓа ни физички, ни карактерно, сум и кажал дека за да бидам со неа, светов треба да падне во ТЕЖОК дефицит на жени, и реков дека има манири на пештерски човек, дека врската и како некоја шега што избегала од комична книга и во два наврата и понудив 10 денари да си купи смисла за хумор. (сето ова беше предизвикано од нејзина страна :!: )
    И таа никако да престане со закачките. Не се сеќавам кога последен пат сум и пришол со прашања или да почнам разговор, се таа нешто ќе најде момент.
    Моите дилеми се...
    1. Сум и станал ли на некој начин...предизвик? Баш затоа што немам никаков интерес за неа? Мислам, може ли некој да ви стане предизвик после таков третман? Зарем не и појаснив дека ми е одбивна?
    2. Дали МОЖЕБИ таа видела нешто во мене (самодоверба, дрско понашање, можеби изглед, или што знам) што не го наоѓа на тоа ниво кај дечкото и негативно ја дразни тоа? Може ли да ве иритира кога ќе пронајдете нешто кај друг дечко, што можеби кај вашиот моментален го нема? Зарем тоа не би требало да ве привлече?
    3. Шо им е на жеништава бе? <- не очекувам одговор на ова

    Благодарам за посветеното време и труд.

    П.с. се читам нагоре...конечно изразување карактеристично за мене...уелком бак!
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми личи на кој што се тепа се сака :D Поточно иако си се нервирате,можи таков хумор неа и се допаѓа,кога ти на нејзина сметка ја 'рчкаш,таа ти враќа :) Јас мислам дека и се допаѓаш :lol: Не ме сфаќај сега погрешно,незнам на кој начин,можи онака како личност и пријател(а којзнае,можи и други мисли има) Нели знаеш,кога некој игнорираш,уште повеќе го предизвикуваш :)
    Позитивно ја дразни :D Можи па со тебе и оди муабетот,каков таков :)
    Абе и мажи и жени,се е чукнато во последно време,крај не се наоѓа!
     
    На SparkyAngel и EleMental им се допаѓа ова.
  15. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ако после твоето плескање во фаца дека таа нема никакви шанси кај тебе, почнала да се однесува вака, одговорот е под 1 -предизвик! Мене некој да ми рече дека нема теоретски шанси да бидеме заедно (под услов да ме привлекува дечкото), ќе го натерам да си ги проголта зборовите. Веројатно девојката не умира од љубов поради тебе, туку едноставно сака да го постигне она што ти велиш е невозможно. И ќе го проба секој можен начин. Е сега чудно е тоа што е во врска, и тоа долгогодишна, ама добро, тоа не е пречка за секој.
    Ама ако се рчкала уште пред тоа, веројатно си и се допаднал од старт, видела добар плен и тргнала во напад.
    Simple as that. Па и не сме толку комплицирани ние жените :lol:
     
    На Divinebutterfly и EleMental им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    1 You are worthy challenge , and any girl will fight for your heart .... you like it or NOT !

    --------

    3. не ни постои одговор ....
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Од една страна предизвик ама од друга и начин замачкување на директната упатена корпа.
    Типкава има самодоверба и не сака твојата корпа да и влијае на истата, затоа и така се понаша демек не те слушнала шо си и кажал.

    Од моја гледна точка тоа така го глеам.
    а МОЖЕ и да е ти ко личност, со се иронијана и сарказмот, со се игнорот да си и станал уште по интересен.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Добро е кога имаш неколку понудени решенија, но кој е вистинскиот а :lol: Тука е проблемот, но анализата ти е на место. Кога би било напишано ова без понудените опции-не би добил нешто поразлично како одговор од ова.

    Велиш дека е во врска и тоа долга што го прави односов нелогичен ама кој да ја знае.
    Е тука е одговор е бр. 3. :lol:

    Што се однесува на опција 2, тоа и како е можно. Секако дека иритира да го видиш тоа што го посакуваш до тебе на друго место (па и туѓо). Не велам дека не го сака дечкото но ако е тоа долга врска неговите недостатоци или "разочарувања" од тоа што го очекувала но не го нашла досега и се повеќе од јасни. Можеби е пролазен период и ќе помине штом подобро се запознаете и "навикнете".

    А во врска со опција бр. 1 ? Не се сомневај дека тоа и како може да биде предизвик. Може нема сериозна намерата, но на крај нејзината цел ќе биде остварена и чаопријатно.
    Предизвикот е баш во тоа да ти докаже дека може ако само посака да го направи пресвртот и да биде посакувана (па ти ќе ја молиш ама таа кутрата ќе е зафатена) и дека е способна за тоа.
    Игри без граници |(

    Мој совет: Продолжи да ја игнорираш зашто директен разговор тука и не би помогнал, посебно ако девојкава е со скриени намери. И што е најважно не и давај можности да употребува "финти" за провокации, додворување и заведување. Делувај нормално и незаинтересирано. Одбегнувај моменти како би останале насамо или кога сте, свртувај го муабетот на некои општи теми.
    Што се однесува на "закачките" не мора да и реплицираш на сите, но не можеш да остануваш рамнодушен постојано, посебно на оние во кои сака да те исмева. (Ова нека ти е важно само кога сте во друштво, се друго, не допира до тебе нели :!: )
    Можеби ќе се откаже а може и не во скоро време но добро е што ти си сосема сигурен во тоа што сакаш а што не.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ќе пробам јас да ти објаснам, пошо се наоѓам во истата ситуација, дечкото што ми се свиѓа е тотално твој карактер ( само што добро, сеуште ми ги нема кажано тие работи у лице, како што ти си и ги плеснал на неа ) Е сеа, од моја гледна точка..

    1. Дефинитивно да. Верувам си слушнал за тоа, If i treat you bad, you're gonna love me even more.
    2. Ова ќе ти го кажам исто од моја гледна точка. Мислам дека да. Барем мене, тоа што ме привлече кај овој мојов, беа дрското понашање и самодовербата. Пошо не е интересно да си со некој што можеш да го вртиш, со кој што можеш да си играш како сакаш.. Барем јас, мислам дека секоја би сакала барем еднаш во животот да и се погоди некој таков, да и се спротистави и со тоа уште повеќе да ја заинтересира, како што и самиот кажа, да и стане предизвик. И пак, верувам дека си слушнал за тоа дека тоа што потешко се добива повеќе се сака.

    Ова со закачките, може е зашто не знае како другше да ти пријде, па може мисли дека ако те испровоцира ќе ти стане поинтересна, пошо нели као може се надева дека нели и ти во неа ќе видиш некој предизвик. You're one of a kind, така да најверојатно си нешто што до сеа не го сретнала, некоја т.н. мистерија која што може сака да се обиде да ја открие. И може верува дека има нешто повеќе во тебе, нешто повеќе од тоа што ти го покажуваш.

    Од друга страна, можно е да самата девојка има големо его, па смета дека се обидуваш да се напраиш попаметен од неа, па затоа се обидува да те спушти доле.
    И јас исто мислам, дека ако продолжиш лошо да се понашаш спрема неа, поголеми се шансите она уште повеќе да почне да те провоцира и да не се откачи. Најдобро, пробај не и обрнувај внимание.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Најверојатно станува збор за комбинација од првите две ,дека ја предизвикуваш со она што го поседуваш (и што де факто ја привлекува ) ,а истото не може да го најде кај нејзиниот дечко.

    3.На жеништата им е се океј ,ама на таквите ЖЕНКИ како неа им е болна амбиција ,слаб баланс на психичко поле и страв од неафирмација на нивните наводни квалитети.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.