Со ова скроз се согласувам како женско. Да се потруди да организира романтичен дејт, особено кај него со вечера што ја спремал, многу повеќе ќе ми значи. За поклон доволно ми е цвеќе и чоколадо. Сега почнува да ми фали некој за ова.
@Mr.Limonko Јас пак сакам сè, и јаре и паре Тоа е, мора да го знаеш човекот, врската не е групен проект
Здраво. Не бев сигурен дали да креирам нова посебна тема, но мислам дека одговор (било каков) би добил и тука. Како најголема заедница на девојки\жени од сите возрасти во нашава држава, ме интересира за ваше мислење на мојава уникатна ситуација. До сега не сум бил во врска, дури ни прв бакнеж не сум имал ( верувале или не ). Пред да ме нападнете дека сум трол, не, не сум и стварно немам корист од тоа да губам нeчие време тука за реплики. Едноставно во тоа поле од животов сум бил повлечен, сум давал преголема вредност на самиот чин, при што анксиозноста само растела и "стратешки" сум се повлекол, чекав подобро време кога ќе сум спремен а всушност такво време никогаш не дојде. ДА, се чувствувам често осамен, имам пријатели, вработен сум во IT, имам контакти и во приватно и remote, но не е тоа тоа. Ми фали тој дел од животот да имам некоја блиска/интимна личност што би можел се да споделувам со неа итн итн. Во последно време често ми поминуваат мисли низ глава да си најдам некоја, но од самото тоа што не сум воопшто искусен во ова поле ми делува одбивно, дури не знам како да би го направил првиот чекор во ова време. Сум се допишувал со девојки во претходните етапи во животот, но сите останаа во friendzone, бидејќи или не сум искажал намери на време или нешто друго испаднало. Е сега, ме интересира прво, дали на вас девојките би ви сметало ова нешто, како го гледате од ваши очи? Стварно во моментов кога ќе помислам не знам ни кој крај да го фатам, или едноставно да си се помирам со судбината за forever alone. P.S имам 29 години, голема информација што ненамерно сум ја испуштил во постот.
Треба повеќе да се социјализираш и да комуницираш со луѓе. Ако се срамиш, тешко ќе фатиш девојка. Биде послободен со женските и биди опуштен.
@Dek0 Според мене, Ситуацијата не е толку уникатна, ниту проблемот е толку страшен колку што ти изгледа на тебе во твојата глава. Многу жени и мажи поминуваат низ ова, само не толку јавно и отворено се зборува за ова. И не е ништо страшно, ниту срамно. Кај тебе најголемата кочница ти е преголемото анализирање и анксиозноста. Колку повеќе се мислиш како треба и што треба, толку потешко си го правиш. А во реалноста работите не се ни приблилжно толку комплцирани. Ако знаеш да водиш нормална комуникација, имаш почит, осет и спонтаност, на повеќето девојки не би им пречело неискуството. По одбивна е несигурноста, саботажата и менталитетот на жртва. Првиот чекор, бакнеж, доаѓа природно, не му ја толку мисли. Спонтан разговор, флерт и потоа следи ја девојката, не е ништо страшно. И најважно, не мора ова да го истакнуваш на првиот дејт. Не затоа што е нешто лошо, туку е непотребна информација. На дејт не се оди со CV, одиш да се запознате, да се опуштиш, да видиш дали ви е пријатно заедно. Интимните детали доаѓаат подоцна, ако воопшто дојдат. Излези си од главата малку, опушти се. Со среќа
Здраво Poly, Болдираното ти е on-point. Но, статистички гледано припаѓам во група под 5 %, самата таа бројка удира во глава. Според моево досегашно искуство односно неискуство, си се гледам низ очите од девојки како пропаст. Мојава ситоација од несигурност прераснува во комплекс. Земено во обзир дека статистички мои врсници/врснички веќе имаат деца или се разведени (кој како со среќата), се осеќам толку назад, што мислам дека на km би ме познала некоја колку сум неискусен во овие работи, али тоа е можеби мој интерен монолог и предрасуди бидејќи си се знам повеќе. Толку сум надвор од игра што cold approach на социјални мрежи ми делува несериозно, манијачки, повеќе би сакал да се зближам со некоја од секојдневие во животот, лични интереси али некако такви случки поминуваат и ме заобиколуваат мене. Секогаш кога помислувам да пристапам во реален живот, анализирам, преанализирам случајно дане речам нешто нопачки, погрешно или дане успеам да е навредам личноста, или на крај краева дане испаднам глуп и недоличен. Сум разговарал и со психолог на оваа тематика, но добив генерички (или не толку генерички) мислења само околу тоа да излегувам да се мешам повеќе со луѓе, да пристапувам сам, да излегувам сам, и не ми дојде некако во голема полза. Теоретски звучи океј, во пракса е поинаку.
Мора да пробаш да се впуштиш во некаков однос со женска особа. Ти сакаш да си фатиш женска ама ти е страв, што донекаде е оправдано ради причините што ги наброја. Ама, стравот се победува кога ќе се соочиш со него. Еве и да ѝ пристапиш на некоја, и да познае дека не си искусен и да не сака да се гледа со тебе ради таа причина, нема врска... така барем ќе имаш направено некој чекор плус во врска со ситуацијава. Не се плаши и да те одбие некоја, така ќе учиш што и како треба за следен пат. Ти што повеќе чекаш тоа полошо си правиш. Тргни ги стравот и анксиозноста настрана и пробај да му пристапиш на некое женско.
@Dek0 Значии Тоа што некој е женет, има деца или е во врска автоматски не значи дека е искусен, среќен, па ни исполнет човек Само колку многу мажи имале по 100 партнерки и ниту една не доживела оргазам од нив, тоа па само е за во Македонските народни приказни И плус многу од тие зафатените кои ги гледаш, немаат поим од блискост, комуникација и интимност. Овие работи доаѓаат од имањето емоционална интелигенција, не од имањето хилјаду тисучу партнери или брак. Реалноста е многу друга, trust me. Тоа што мислиш дека "од километар се гледа дека си неискусен" е само интерен монолог што си го водиш во главата. Не нешто што стварно другите го мислат. Луѓето не ни мислат толку и така на други луѓе. Супер е тоа што не сакаш преку Инстаграм. Најприродниот и често најуспешниот начин е запознавање преку интереси, хоби, активности, спорт. Теретана, планинарење, некој курс ти е супер за ширење нов круг на луѓе, не само за девојки. Значи клучниот проблем овде ти е погрешниот фокус. Right now си фокусиран на други луѓе, споредување со истите и премногу критичност кон себе. What you need to do е да си го префрлиш фокусот на себе на здрав начин. Да вежбаш, да си поставиш нови цели каков сакаш да си, каков живот сакаш итн. Енергијата што најмногу привлекува е енергија на маж сигурен во себе кој нема проблем да е сам - that's hot. Не на некој што паничи зошто моментално е сингл. Значи помалку статистки, помалку предолго останување во главата and get to work (on yourself). За никаде не доцниш
Нема да те излажам и да речам дека ова што на 29 години не си се ни бакнал со девојка е нешто вообичаено, бидејќи и сам знаеш дека не е. Тоа не значи дека е лошо и си пропаст, но е ретко и за многу жени би било дил брејкер. За волја на вистината, многу од нив би направиле и драма од ова, бидејќи луѓето си се злобни. Според мене, многу би било подобро да започнеш нешто со девојче кое е на слично рамниште како тебе, односно не девојка која е преискусна и имала многу врски. Како да го направиш тоа, искрено немам идеја. Да, сите ќе ти речат најди си хоби, дружи се, излегувај....ама не е толку едноставно. Прво, битно е како изгледаш. Дали се грижиш за себе си, како се облекуваш, дали се средуваш...какво ти е друштвото, какви социјални вештини имаш. Верувај, сите сакаме да се зближиме со некој од секојденвниот живот наместо пронаоѓање партнер да е механичка обврска, тоа е сосема нормално. Дали имаме сите среќа, па зависи. Нема ништо страшно ни да пишеш на социјални мрежи, ако е за вистински почнување муабет поради нешто кое те заинтересирало, не генеричко здраво. Во однос на попрактичен совет, ако ти е толку веќе комплекс недостаток на искуство, имај one night stand, чисто за да ти се тргне тој товар од глава. Таа жена ќе ја видиш еднаш и толку, ќе си се договорите за што сте и ќе осетиш како е да си со жена, па ќе ти се намали анксиозноста ако после тоа почнеш да се гледаш со личност што навистина ти се допаѓа.
Остави ги другите мажи, гледај се себеси. Подобро е да си сам отколку да завршиш со погрешна. Ти биди вреден, добар, лојален и чесен. Девојка која е таква ќе го цени тоа и нема да ѝ е гајле што си неискусен.
Кај тебе најголем проблем е несигурноста и немањето самодоверба, не неискуството (што некако пак е последица на тоа). Исто и нетрудењето да се зближиш со девојките со кои си се допишувал, заради твојата несигурност, бидејќи сметаш дека ќе те откачат. Но вистината е дека тие нема да ти прочитаат мисли дека не си бил со девојка претходно. Ако ги покажиш точните квалитети нема ни да е битно толку многу (за добар дел барем). Мене лично голем turn off ми е покажување несамодоверба, не преземање иницијатива, сожалување себеси и сл. Не си бил претходно со девојка и тоа е, да си здрав и жив, не значи дека си изгубен случај. Секогаш можи да се почни од некаде, минатото не се менува. Само треба мнооогу работа на себе и волја, силна желба да се подобриш, бидејќи магично нема да ти стане подобро. Мој предлог е да пробаш да стекниш женски пријатели прво, не мора одма да одиш со помислата дека мора да има нешто повеќе. Поминувајте време заедно, излегувајте, разговарајте без притисок за нешто повеќе. Тоа мислам би те направило посамоуверен кога е во прашање комуницирање со женски.
Дечки, некој што не бил со девојка толку години додека сите околу него имаат некој, е очекувано да нема толку многу самодоверба. Као, сигурно нема да пука од шарм во друштво кога огромен значаен дел од нормалното човечко искуство му е скратено. Нормално дека ќе се повлече, дајте бидете реални. Не му помагате туку го буткате уште повеќе во истите мисли дека е пропаст. Мислам можда и е, појма немам зашто не го познавам, ама поентата ми е дека недостатокот на самодоверба апсолутно не е причина зошто немал девојка. Не живееме во свет каде што самоувереност е предуслов за партнер. Повторно, бидете реални. Можда не изгледа добро, можда има лош карактер, можда не се пушта доволно, можда живее во вујокебина со тројца луѓе или можда едноставно немал среќа, а можда е и асексуален. Јас би рекла да напише нешто повеќе зошто смета дека немал ниту едно најобично лапање до сега, па тек после тоа би добил поефективни совети отколку клише од типот работи на себе.
Можеше да цитираш. Кој рече дека е пропаст? Факт е дека дечкото нема самодоверба и тоа можи многу да влијае на наоѓање партнер, да сме реални. И тоа не е нешто страшно и кое не се поправа со малку труд. Пишуваме за она што тој го кажа, не знаеме дали има лош карактер или нема среќа, тоа би биле само претпоставки. Зошто е ова клише? Мора да почни од некаде ако сака да се подобри од онаму каде што сега се наоѓа. Дури и за тоа зошто не се бакнал досега да седни и да размисли веќе "работи" на себе. Поарно тоа отколку со секс за една вечер да пробува да си подигне самодоверба, според мене.
@Angie1432 Го буткаме да мисли дека е пропаст, *proceeds* да набројува дека може е пропаст Make it make sense Правењето ваква анализа и претпоставки за човек што сам кажа многу малку, му одмага многу повеќе со тоа што сега дополнително ќе се мисли дека мора нешто да не е во ред со него Да, луѓето без искуство имаат помала самодоверба и може да значи само баш тоа, помала самодоверба. Не мора одма да скокаме и да шпекулираме. Бидејќи вака испаѓа проекција, а не реализам. Недостаток на врска не значи недостаток на квалитет. Луѓето имаат различен животен пат, услови, време, психолошка позадина или среќа. Клишето "работи на себе" станува клише cuz it's actually true. Кога човек ќе се фокусира на сопствениот живот, здравјето, изгледот и социјалниот круг - ова реално ќе му ја смени енергијата, без разлика дали имал 0 или 10 врски. Останатото се хипотези што повеќе штетат отколку да помагаат. Плус, советот за one night stand е tone deaf. Бидејќи и за ова, треба да си таков карактер што тоа ќе ти одговара, а дечкото очигледно не е тој тип
Све океј ама one night stand не е за секој и апсолутно не помага на секој да стекне самодоверба со спротивен пол. Баш за ons не се решаваат луѓе што се плашат или не знаат како да пријдат на девојка/дечко туку такви што лагано скокаат од врска во врска зашто немаат намера да се приврзат.
Искрено не гледам причина на некоја девојка ова да и смета и е сто пати подобро од другата крајност. Тука може да е повеќе проблем што нема да си опуштен, ама и тоа со тек на време ќе се смени. Може не си осетил поврзаност со ниту една до сега и тоа е сосема океј. Прави повеќе од работите кои ги сакаш, но не само со помисла да најдам девојка. Тоа се оди спонтано. Е сеа ако не сакаш кафани пример нема што таму да бараш пријатели/девојка. Размисли што ти е хоби, што сакаш да правиш, што те исполнува..и таму ќе си ги најдеш правите луѓе.
Не, туку предлогот за ons може да го турне во пропаст. Ако он се впушти во таква авантура и во иднина некоја потенцијална девојка (која сака сериозна врска) некако дознае за ова, инстантно ќе ѝ стане одбивен оти таквите оставаат лош впечаток. Делуваат како да се изневерувачи и несериозни. Не се сите фанови на неморални акти. Премногу е. Типот рече дека не ни бакнал девојка. Претпоставката дека е асексуален е непотребна и смешна кога вели дека го привлекуваат девојки. Баш ради тоа што му недостига самодоверба му важи советот да работи на себе. Нешто што и самиот сака да го поправи со оглед на тоа дека посетува психолог. Членот треба да се меша со луѓе, но на вообичаен начин. Добро му рече Амели на девојка прво да ѝ пристапи како пријател. Така ем он ќе научи како да комуницира нормално и храбро, ем таа ќе има време да го процени дали ќе го бива и за партнер.
Еден куп луѓе имаат или имале кежуал секс, последно нешто за кое што би бил откачен е ова лол. Не му реков да истрча да прави нешто што неќе, туку дека е лесно достапна опција за да си смали дел од притисокот кој го осеќа.