Сама си велиш еден куп, ЕДЕН. Постои и друг куп на луѓе кои немаат таков секс оти гледаат на тоа како нешто погрешно и некоја од овој куп и те како ќе го откачи откако ќе дознае. Притисок не се смалува со избрзан чекор, туку со постепено рефлектирање на себеси пред носење одлуки.
За да можи така лагано да почни некој да се дружи, и флертова и се со ред - треба сериозно да ја прошири својата комфорт зона. И то е тешко. Да, многу е лесно да речам „оди дружи се пријателски“, па дури и „one night stand“, ама ако претходно не се случвало ништо од то е скоро невозможно да е пријатна ситуација за тој човек и како таква тој пак ќе седи стаписан и пак да не можи ништо да напрај. Хипотетички, ако некој само пријателски се дружел и никогаш не праел чекор - пак нема да знај да прај чекор. Би рекла дека едино нешто со шо се согласувам е одење на психолог, шо еве веќе го напрај, само добив впечаток од мислењата дека не кликна со својот терапевт. Не би се фокусирала на то дека еднаш со терапевт не кликнав, ќе одам кај следен. Зошто во најмала рака со надворешна помош ќе се види на кој дел треба да се работи за да се излези од некој статус кво. И се согласувам дека во теорија такви генерички фрази се полесни да се кажат и „држат вода“ ама во пракса е далеку потешко. Тука мислам дека можиме да вртиме кругчиња околу тебе со мислења, ама кога ти си сам со девојка - не можам да те натерам да ја бакниш дури и да се таму сите (невербални) знаци дека треба. Всушност, имам личност во животот со ситуација како твојата и буквално само терапија треба за да можеше да си излези сам од главата и да види дека то шо одбивал идело од одреден корен. Нема да кажам детали зошто не е релевантно, ама треба да видиш од шо иди та анксиозност која ја осеќаш во ваков момент, дали се плашиш од одбивање можеби, сега веќе и од своето неискуство, дали нешто потсвесно ти дава до знаење дека можеби нема да трај и се осеќаш како да губиш време, можеби некои барикади околу сексуалност, значи низа вакви стравови има и не ни можам да ги набројам сите варијанти кои можи да се барикада. Ти мора да видиш шо е то шо тебе те кочи, шо е то шо е точно за тебе и е нешто шо ти прави блокада. И то, искрено, мислам дека ќе го најдиш само на терапија. Можиш и милион пати да излезиш со друштва и да збораш со девојки, и да договориш хук апс, и да користиш апликации за дејтање. И кога ќе дојди момент да направиш чекор - ќе го напрајш само ако се ослободиш од то шо те блокира. Со среќа.
Понекогаш во животот треба да направиш нешто for the sake of living. Не е сѐ толку сериозно за да мора да биде длабоко рефлектирано, особено не кај луѓе кои веќе имаат тенденција да премислуваат.
@Angie1432, здраво, фала на репликите. Прво сакам да наведам дека не сум асексуален, далеку од тоа. Работа на себе е генерален поим што опфаќа повеќе работи, и во ова модерно време тоа нема крај. Ако работа на себе е теретана, напредок во кариера... тоа веќе го имам, немам проблем. Немам проблем исто со комуникација кога станува збор колегијалност, секојдневие, но еве тешко ми е да навлезам во светот на флерт, не сум се осетил спремен на тоа поле, и одоговлекував. Што би можел да наведам повеќе за себе... искрено сам себе малку biased е мислењево да си давам оцени, но еве изглед би рекол просек 6.5/10 на глобална скала, карактерно не знам по кој критериум да се оценам Како мислиш е лесно достапна опција кежуал секс, освем ако не мислиш на простутуција? Не ми е тоа целта, друго е да имаш личност до тебе што ќе си вајбате на иста фреквенција, и ќе може да уживате заедно, мислам што знам јас... сето тоа ми е wishful thinking и имагинација. Точно е, ќе потврдам дека не сум се пуштал доволно, избегнував. Чекав студии да завршам, да се вработам... пречкртувајќи замислени критериуми и TODO листа за да еден ден бидам спремен, како што и претходно кажав, тој ден не доаѓа. Фала ви на репликите, се акумулираа доста, па пробувам да реплицирам што е можно повеќе. @theowndemon секако дека одбивањето би ме вратило некој чекор назад, бидејќи тоа самото ќе е доказ дека нешто што не гледам јас не е во ред со мене. Психологот ми препорача, ако се осеќам збиено во социјални околини, демитрин 5-10mg би требало да ме опушти. Пробав и не помогна, нема да ми даде храброст магично да пристапувам на девојки. Во контекст на ова, исто така не конзумирам алкохол така да и немам некој основи за ice-breaker. Сите шанси во случајов се против мене. Исто да наведам дека не сум инцел, кој што ги окривува жените за мојава ситуација, напротив ако некој кривам е самиот себеси што не успеав во теков на животов да створам социјални вештини, секогаш сум ги оставал за крај, како последен приоритет. Околу моја возраст, нормално е вие како жени да сакате и да створите фамилија, од другата страна сум јас, човек со 0 искуство. Јас да би бил женско, не знам дали би си дал шанса на себе, зато побарав екстерно мислење за оваа ситоација. Во суштина, стварно не знам што ме блокира, но тука е и фактот дека многу заинтересираност од спротивниов пол немало према мене, или не сум приметувал знаци, и секако јасно ми е дека во денешен ден да пристапи женска прво е многу ретко, секако не очекувам тоа, но сепак тоа што сакам да го кажам е дека и со тие што сум имал контакт не сум осетил дека имало некоја таква енергија/намери према мене.
Хм, сигурно ќе те врати некој чекор назад зошто сме емотивни суштества на крај на ден, ама и пробај да не го сфатиш трагично. Сепак немаш искуство и дур стекниш нормално е некоја да се тргни збунета. Не е баш до тебе, ако прај смисла шо пробвам да кажам. Можеби и треба да земаш (таблетарна) терапија, како шо ти рекол терапевтот, ама јас многу поќе би се фокусирала на внатрешното искуство кое го имаш, за ова: да го дознајш, и ко ќе го дознајш ќе можиш да напрајш стратегија како да ја надминиш блокадата. Апче ми е како барање брзо решение, а сметам дека тука не постои брзо решение. Ако сметаш дека терапевтот не ти одговара, пробај со друг. Треба терапевтот да копа со тебе во твоето искуство и минато да најди шо е кочницата. Како слоевите на кромид треба да лупи полека, а не да те стави во сецко.
Неморални акти. Ахахахах, сериозно мислиш дека е толку лошо да имаш кежуал секс? Детско размислување, не могу.
Детско? Баш напротив, зрело размислување е да неќеш да експериментираш со полово здравје со некој што има кежуал сексови и one night stand-ovi. Ако толку не можеш импулсите да ги исконтролираш има и подлабока психологија тука за разматрање.
Не секој сака one night stands. Не е муабетот за добро/лошо, туку да бидеш со некој што ти одговара и слично размислувате. Пример ако јас не сакам кежуал секс зашто би била со некој таков.
Мислам дека ова е голем дел од твојот проблем. Не е дејтингот нешто што треба да биде после нешто друго, туку напоредно со останатиот дел од животот. Јас ќе се сложам со членката што ти рече да одиш на психолог да поработиш подлабоко на тоа што те кочи, но и би ти рекла дека треба малку да пристап со полабав однос кон дејтингот. Не мора да размислуваш во насока да мораш да пронајдеш сродна душа или животен партнер, остави да си дозволиш да отидеш на дејт чисто за да се запознаеш со другата личност, за дружба, па ако кликнеш океј, ако не пак океј. Повеќе комуникација со жени секако би помогнало, се отвара вратата за нешто потенцијално, но и тука некогаш ќе треба да настапиш подиректно ако ти се допаѓа некоја. Не да бидеш нападен, ама појасен во своите намери.
Ај нема да зборам општо, зошто општо секс е секс и за некој е подлабоко од само физичкото. Ама во конкретниот случај, јас не би ставила осуда дури и членот да сакаше да постапи со one night stand. Зошто уште една кочница да поставиме на низа кочници? Ќе зачуваме замислени морални правила на сметка на туѓ живот? Убо рече членката погоре. Детско размислување. Ама сума сумирам - само добар терапевт е можеби и единствен "точен" одговор.
Ја мислам дека сите посакале у одреден момент со некоја рендом особа што ги привлекла да имаат секс, дали во клуб или било каде но едните одлучиле дека е лоша идеја другите се препуштиле на импулсите.
А зошто да си ги контролирам(е) импулсите, не разбирам? Ако сум возрасна и сингл, треба да цркнам додека си најдам некој компатибилен за врска? Многу сте чудни. Океј, тогаш ќе си најде дечкото некоја што исто сака кежуал секс односно би потенцијално била океј со тоа, ако го он направи. Вушност, мислам дека во неговиот случај, подобрата опција е да спие со некоја онака, чисто да го разбие ледот и да го нема притисокот дека којзнае што треба да се случи за он да има секс.
@Dek0 Најреалното нешто е, сè ќе си дојде на свое место. Кога ќе си спремен, кога ќе почувствуваш природно, без да чувствуваш форсирање. За секого е различно, не е ова општински проект. Може да е следниот Петок, може следниот месец, важно е да не се притискаш себеси на ништо што не сакаш. Нема да те одмине. Some people bloom later. Може и да се осврнеш на детството или тинејџерството, да видиш да не те кочи некој настан така што си го заборавил или потиснал. И ништо што напиша не е wishful thinking, туку bare minimum на нормален човек. И така и ми звучиш, скроз нормален. You've got this, со среќа А за останатите мислења, I mean, какви се не гремлини, кои не се ни бањаат, се со партнерки и деца So let's not shame нормален дечко кој не е инцел и културно си пишал мислење т.е да не го обесхрабруваме безврска
Не можам да одредам точно некој таков настан, можеби комбинација на мали ситни настани што се акумулирале низ средношколските - студентските денови, што и не мислам дека се релевантни. Види Poly, според возраста што ја имам, ако одам по логика кога ќе сум спремен, сам ќе си останам цел живот. Што значи да сум спремен всушност...? Сум осамен? - Да. Ми се сака? - Исто да. Што превземам околу тоа? - Директно? Апсолутно ништо. Ве смарам тука на форум трудејќи да си одговорам на ова долга дилема со ваша помош. Искрено сум позитивно изненаден од досегашните реплики, и воопшто ве молам не филтрирајте работи доколку сакате да ми ги посочите. Не сум толку фрагилен, нема да ми скршите его, крај краева анонимни сме тука. Не може да ме турнете во пропаст повеќе него што сум. Да не ме сфатите погрешно, не сум депресивен од моменталната ситоација. Осамен =/ депресивен, термини што често знаат да се испомешаат. Се осеќам во последно дека времето ме гази. Чист пример од секојдневието би бил кога до мене поминува пар средношколци што си решаваат гласно љубовни проблеми, а ја во себе не знам дали да се смеам или да плачам. Морам да се сложам со тебе. Јас сум таков тип на личност што ми треба одреден период да помине пред да се опуштам во пријателство, да не се преанализирвам за секој збор изустен. Што сакам да кажам всушност е дека мислам лично не би можел да имам секс со особа што не сме барем малку блиски. Да, девојката може да е презгодна, надвор од моја лига и слично, но сето тоа ми пропаѓа во вода ако претходно не сме врзале еден добар разговор, или не сме вајбнале. But I'm getting way ahead of myself.
Другар што се замараш толку, опушти се Пиши на 10 женски денес ако треба, излези од сигурната зона каде никоја нема да те одбие, напрај Тиндер или ватевер е актуелно сега, флертувај, млати празна слама чисто да се опуштиш, немој да бидеш формален како тука што си - да не се осети другата страна ко на интервју. и десет да ти речат НЕ, не е крај света, наредното ќе биде да.
Чекајте другари тој не се лапал, вас до ебење ви дошло. Иди на Тиндер и со првата што ќе кликнете излези излапај се, значи идете на пијачка, напиј се се една две пијачки и заврши со тоа. Па после полесно ќе ти биде и поприродно секс да имаш, што исто у твојов случај не глеам проблем да биде и некоја особа со која само тоа и ќе ви биде целта. Е потоа, ќе се олабавиш и ќе земеш самодоверба ќе видиш и сам, и ќе ти идат полесно и удварања и нема да мислиш на глупости. Мислам, знам многу површен совет али 30 ги имаш, не 15 и ко што гледам немаш некои трауми па да му ја мислиш до толку.
Мислам дека Tinder во мојот град е залудно... Tinder е апликација што би работела само во Скопје, за жал не сум од таму.