Па не мора, ама генерално ако е поголема далечина, и се гледаме ретко, можам да претпоставам како ќе заврши. Again, I'm getting way ahead of myself.
Покрај тоа што си срамежлив премногу анализираш и бараш нешто што со сигурност ќе биде прво и последно. Немора да биде прва и последна, пробај, почни од некаде, покани некоја девојка на кафе не му ја мисли многу на почетокот, ќе се запознаете па ќе видите дали си одговарате. Не се плаши и да заврши се и да бидеш повреден, нормално е...
Еве мој совет како да го поминеш тоа и не е тешко секој може да го направи, Не зависи од тоа дали имаш самодоверба, искуство и други ствари. Треба да го направиш еднаш и ќе ти биде јасно дека е изводливо и не е тешко. Излегувај по барови, дружи се со луѓе( девојки предност) оди по семинари за личен развој, теретана или некаков спорт. Значи девојка можеш многу лесно да ја легнеш уште првиот ден од запознавање ако ја видиш дека има дечко со неа и го сака, сите сме такви кога имаме дечко ги сакаме сите други особено тие што ќе ни приидат додека сме со дечкото Јас лично хо сметам тоа за голема храброст и на секој кој го направи тоа сум му дала. Второ Не приоѓај на девојки што се сингл Тие никогаш нема да ти обрнат внимание и јас сум таква. Не дека си лош или нешто просто друга е причината. Се надевам дека со ова ќе ти помогнам, а за тоа дали ќе успее Сигурно ќе успее пробај нема да се разочараш.
Молам?? Извини ама ако си ти таква не се сите.. Ти му велеш не барај сингл туку најди си авантури со зафатени девојки и играјте си со чувствата на нивните дечковци... Човекот бара девојка, а не авантура, сам кажа дека не може да има секс ако не е емотивно поврзан.. Плус нека се опушти малку покрај женскиот пол, па бакнеж, дури подоцна секс. Без разлика што има 30 години подобро е се да оди полека... За секс и да најде не значи дека после со тој еден секс што го имал со рандом девојка ќе биде спремен за емоционална врска со некоја..
Девојко искрено се надевам дека си трол. Ако си сериозна, поголема глупост од ова немам слушнато. Да генерализираш дека девојки во врска „ги сакаат сите други“ и дека треба намерно да им се приоѓа додека се со партнер, е не само погрешно, туку и длабоко непочитувачко. А што кажува тоа за таа девојка, да не почнувам да зборувам. Тешко на тој што ти е дечко. Се надевам ќе му се отворат очите па да се спаси од тебе. Постојат жени кои се лојални, емоционално зрели и имаат јасни морални вредности. Флертување со некој што е во врска не е храброст, туку отсуство на почит – и кон жената и кон нејзиниот партнер. А најмногу кон самиот себе си. Ако нешто „успее“ на таков начин, тоа не е успех – тоа е јасен показател за ниски морални вредности, недостаток на интегритет и здрави вредности.
@Lina97 сака да ме натепаат Следен чекор ќе биде да се додворувам на девојки со бурма на домал прст? Без разлика, фала ви на мислењата, знам што треба, но не знам како, ќе пробам да го откријам начинот да се поврзам со некоја. Чисто ме интересираше како би реагирале вие девојките доколку се најдите во ситуација со некој како мене. Од една страна, самиот на себе сум одбивен доколку бев на место на било која девојка и би си имал работа со некој како мене. Прво нешто што ми паѓа на ум е дека чим таа личност не успеал да се поврзе со било која во 30 години, одма помислувам дека за некој red flag се работи.
Да не се правиме невини и фини Која девојка би сакала да запознае некој на живо реално. Предпочитаме тоа да е онлјн
Нема да те натепа никој не се секирај Девојката ќе му каже демек од школо се знае со тебе и се ќе биде наред, досега така сум ги вадела и немало проблем
Што ти е виновен дечко ти, па си играш со него? Остави го па оди со кој сакаш и што сакаш прави... Не ми е јасно како така можете да си играте со чувствата на луѓето.. Толку малку ти е битен?
И на сегашниот дечко истото му го правеле додека не го смениле, не му смета зошто знае дека тоа е насекаде и дека нема да биде поразлично, само што разликата е во тоа што некој девојки не кажуваат а јас кажувам за тоа и ми простува.
Колку повеќе мислиш толку помалку си спремен да превземеш чекор. Не мисли. Колку и да звучи како лош совет, не треба да мислиш. Обиди се без многу размислување што и како.
@Dek0 спомна дека си посетил психолог но не ти помогнало, мислам дека најдобро во моментов ти е да најдиш некој што знае да те насочи. Но и психолозите нема магично да ти ги решат проблемите, само треба да се најди пристапот што ќе работи кај тебе. По ова што пишуваш, ми звучиш на нормален дечко и многу сум сигурна дека можиш да најдиш нормална девојка ако не си ставаш кочница во главата уште пред да почни да се развива комуникацијата. Страшен е светот за сингл стрејт девојки , па дечко со квалитети би имал навистина предност. Немој премногу да си ја чукаш главата за неискуството, ќе си дојди сѐ полека кога ќе развиеш комуникација со девојка што ти одговара. Со среќа.