Не знам што подразбирате под нападно, ама една порака да пишеш не е нападно. Нападно е постојано на некој да пишуваш а гледаш дека нема заинтересираност или воопшто не враќа.
Знам дека сакаш одговор од машко, ама реално, зависи од машкото. Јас лично не сум имала никакви проблеми кога сум пристапувала прва, а во мое време не беа толку актуелни социјалните мрежи. Така што да, позитивно е, кај вистински мажи, со правилен пристап, сигурно не веднаш да му седнеш во скут. Кај дечишта, недозреани и шовинисти не пали воопшто, напротив, се плашат.
Зошто да ни се одбивни? Од моја гледна точка, таквите женски се мит, и да би ми пристапела лично мене, прво нешто што би ми паднало во глава е дека некој си игра мајтап, скриена камера, снима online content итн итн. Нема причина зошто да ни се одбивни. Од една страна и супер би било да ми пристапи некоја пошто сум глуп јас со пристапување и не знам да читам знаци... али ете.
Зависи до карактерот на девојката. Јас да сум не би простила, еднаш кога ќе се сруши довербата после е тешко да се врати. Цело време ќе се има недоверба и нема да се има мир во врската. Мој совет, нареден пат помалку лажи.
Па има цврст карактер.Но, преку други луѓе и имале пишувано и вратила дека сака мир.Но, во меѓу време и кажа факти кои беа лажни и измислени. Иако е долго време изминато од тогаш ми се враќа во мисли.
Ова не ти е цврст карактер, ова ти е банана карактер. Да е цврст карактер ќе прекине се и нема да се занимава да пишува со други луѓе за тебе. Инаку пробај пак да комуницираш со неа, да почнеш се на ново ако толку ти значи, пробај да стекне доверба во тебе. Ако планираш пак да си лажеш оди на друга врата тропај.
Ме пријави во полиција на разговор.Дека била вознемирувана.И пишував СМС пораки. Дадов изјава дека никогаш не сум помислил да ја повредам, и навистина никогаш немав помислено.
@StefCek Зависи што е контекстот на ситуацијата. Дали сте биле во врска, за што била лагата, што било измислено не разбрав. Зависи и од личноста. И како сте стасале до полиција
Почеток на врска.Више можеби во врска. Ја излажав за годините, помлад се направив.Младолик сум. Подоцна сакав да и кажам, но ни одеше муабет што заборавив да и кажам. До полиција е стасано, бидејќи и пишав од неколку броеви Viber пораки.На кои на сите одговараше дека не сака комуникација.Неколку пати од тие броеви ги блокира, но претпоследниот не.Ја прашав зошто и кажа дека и да ме блокира, пак ќе најдам друг број од што ќе пишам. Лошо е што демек полицаецот рече немој ова да се случи, демек ако пишеш од друг број може полошо за мене да биде.
На апликација ја запознав.Тепнав години онака.Не е тоа манијак. Направивме муабет и случајно искочивме да се запознаеме.Не ни знаев дека она прва ќе иницира состанок.Мислев е лажна апликацијата.Не сум излегувал со ниедна на дејтови прекуу апликации.
Ама манијак си кога пишуваш од 10 различни броеви кога девојката директно ти кажала дека НЕ САКА комуникација. Не - значи не, а не пробај пак, не знам што не ти е јасно.
@StefCek И не сфаќаш дека не е толку за лагата околу годините, колку упорното бомбардирање со пораки и тоа од различни броеви? Те блокирала повеќе пати и се изјаснила дека не сака комуникација. Не си свесен колку creepy е ова. Остави го девојчето на мир и дефинитивно преиспитај си се себеси
Ужас. Ја демнел девојката од милион броеви, му кажала да не го замара, он продолжил, го пријавила во полиција, и овој уште прашува дали да продолжи да ја демне. Друже, ти си само за сите од тука да те пријавиме и да ја спасиме сестрата. На овој ме потсеќаш