А видош шо пиша во првите постови, дека луѓе и пишувале за него а она само викала дека сака да е на раат. И дека кажувала "невистини". Фактички он праќал луѓе да ја замараат за него, а она им ја кажала ситуацијата како е и зошто сака да биде оставена на мира од него, а овој скроз ја негира реалноста во својата глава. Ужас. Се ужаснувам од такви.
А ти ги прати тие другарки да и пишуваат? Или нејзините другарки ти пишале на тебе шо си и направил и оти она сака да ја оставиш на мира? Ај кажи кои се тие невистини и лажи шо ги кажувала за тебе.
Јас им кажав да и пишат и да ја прашаат дали може да ми прости. Има цели реферати враќано.Дел од тие се лажни обвинувања, дел се вистина. Поени добиваш вака?
Па ајде оди прочити ги и пиши ни тука, па ќе те посетуваме поубаво кај си згрешил или каде е грешката, за да можеш поубаво да ги сфатиш работите, а исто и ние.
@StefCek Тогаш зошто сакаш да ти прости и да бидеш со девојка која лажно те обвинила? Make it make sense
Дека ја сакам.Да и се докаже дека секој може да направи грешка, па дури и таа, и дека може да се прости.Затоа што сме луѓе и грешиме.
Im your biggest fan and i'll follow you until you love me....paparazzi Оваа песна не е толку многу романтична во реалниот живот.
Како ја засака толку многу шо правиш се за да ја вратиш, а на почетокот кажа дека сево ова се десило на сам почеток од врската? Друго, ме интересира колку години имаш ти, а колку таа? И за колку ја излажа?
Па така што нема да ја лажеш на пример, ко за почеток и ќе ја почитуваш другата страна и нејзините барања и мислења, во случајов - да не ја бараш
Ми се допадна карактерот.Грешно си ме разбрала, се гледавме околу 4 и пол(скоро 5 месеци).И после почнав со повиците да ја вратам.И испратив и ружи за смирување. Разлика сме некаде 6 години.
@StefCek Девојчето со сигурност не направила драма само бидејќи си ја излажал за годините, притоа разликата е 6 години. Толкава драма за тоа, до степен каде мора да те блокира, па и до полиција да стасате, значи самиот си ја знаеш вистината
4/5 месеци се ништо за да има ваков stalking момент. Еве како женско ти кажувам дека не е океј. Продужи даље. И да, не кажа колку години имаш а тоа е мн битно во приказнава