Не те разбрав што сакаш да кажеш… Ако збориш за откажување од девојчево - да. Зошто треба обострано да биде што очигледно не е. И очигледно е нешто ужасно битно штом нејзе не и поминува туку така
Да, зборам за откажување од девојкава.Знам дека има некои други проблеми(ги има кажано на времето на гледање), затоа и е дојдено до степен на полиција.И го запознав карактерот, како се однесува, што има правено.Сама се отвори.
Дечко, за каква љубов зборуваш после 4-5 месеци… ова е некоја тешка опсесија и дијагноза. Оставија на мира, и најди си занимација
МАЛО како сакаш сфати ме ..Ама дечко не оди тоа така...боже ..дај ми трпение ...не ти е природно сево ова што го правиш тоа страшно може да вознемири и уплаши жена .Не бива..
Ама таа не те сака. Сега треба да биде со некој што не го сака за ти да си задоволен? Еве ти што не бидеш со некоја што не ја сакаш?
Од други работи е уплашена девојката.Но, ги изнесува кон мене.Не е битно.Не сум и пишувал од полицијата кога ме повика....Никој немал ни намера да ја вознемири и заплаши.
@StefCek Па да ти кажам искрено, Уште полошо ако девојката имала слично трауматично искуство/страв во минатото и, ЕМ ти се отворила за тоа, ЕМ истиот хаос си и го приредил
Од тебе е уплашена штом ти повикала полиција!!! Разбери вишеее. Се плаши од тебе, бега од тебе, не те сака. Како можеш да не го сфаќаш тоа?
Ти да си ја сакал нема да дозволиш ни на секунда да се потсети додека е со тебе на некоја траума.. Очигледно сакаш или само да ја поседуваш или не можеш да си најдеш девојка а таа е единствена што те прифатила за врска..
Имав претходна врска пред нејзе, некоолку месеци.Никој не сакал да ја поседува или не била само таа единствена.А ти како би и кажал дека ја лажам за годините кога дознав која е, какви трауми има? Разбрано бе, не се возбудувај.Ех, какви пациентки има на форумов.
Ако сум решил да излажам си ги сносам и последиците.. Како што сум ја излажал така и ќе кажам, ако ми прости добро, ако не до мене е не до неа..
Така и беше, само што јас се обидов да ја вратам.Да и докажам дека ја сакам и сум и поддршка во тоа што го поминала претходно.
Си и кажал тоа се кога си и ги открил лагите, молиш да ти прости ама не можеш со сила да ја натераш.. Не е решение да ја бараш од разни броеви, по другари, манијачки е.. Пушти ја на мира, ако сакала да прости ќе простела.
Ептен е љубов и мн ме сака дечко ми ако ми става сол на стари рани, особено оние кои се посебно болни. Дечко није ти добро
@StefCek Прво и основно, самиот факт ти како 35+ годишен или 40 шо сака да оди со 19-20 годишна девојка е многу гаден и одвратен а да не зборуваме за другото. Како "зрел" маж, си се запрашал "што барам јас со девојка која сега матурирала", м? Не ти е срам? И да. Има право да те пријави во Полиција затоа што и сервираш психичко малтретирање по цена "да остани" со тебе. Ако си бил сериозен, немало да се впушташ воопшто ниту на памет да ти текни со 19-20 годишни девојки, а богами и некоја од твои години како би те шутнала не само шо си лажеш него и односов ти е манијачки. И не само Полиција туку и ЕБР ќе те собери Шо не шета по земјава, брејј..
Дечко што ти е проблемот? Бараше мислење ти кажаа. Не ти се допаѓа што прочита? Реалноста, според нас е таква. И јас се согласувам со се што ти кажаа, ако сакала ќе простела. Мада ова не знам дали е за простување, не лагата, манијачењето...