ЕлеМентал, кога прочитав се што си и кажал, не ми е јасно зошто сеуште те рецка Веројатно и се свиѓаш на женската (како и машките, и женските не се моногамни суштества ), а директната корпа што си ја акнал, најверојатно мислела дека е само зезање. Е сега, имаш две решенија: 1. Да пробаш да разговараш со неа отворено и да ја прашаш што сака она од тебе.Ова тешко дека ќе помогне, ти и онака си пробал да ја одбиеш, па немало резултати 2.Да продолжиш да ја игнорираш и pray to God she will leave you alone Морав на англиски, подобро ми звучи така.Се надевам сфати што сакам да кажам И уште нешто, не пробувај да ни го дешифрираш однесувањето, ќе добиеш само мигрена и ништо друго
Епа вака сега , не е за мене туку за другар кој сакам да му помогнам ама незнам како... Човекот е гејмерче, 23 год и едиствениот контакт со девојка било во школо муабет 10 мин ... И овој викенд решивме со другари , едвај го убедив да искочиме и ќе му местиме ...ама бидејки врска нема детето ми треба помош од вас ...како да го упатам во областите , како да ја поставам сцената и сите разни работи околу тоа -јас бидејки немам искуство големо , неможам многу да објаснувам ..... така ако можете одвоите време и пишете неколку реченици што како каде за запази за прв пат , што да прави што да неправи и сите тие работи ... и ќе ве замолам без коментари од типот ... "Пааа пушти го и све само ќе си тече." .... малце објаснување.. Сакам да му помогнам да го оживеам и да го ставам во љубовните патеки, ама незнам како
Прво глејте олабавете го детево со малку алкохол .. Па отидите во диско некое или договорете се со некои другарки да се соберете сите и сите да искочите ... Измешајте се машко-женско друштво ... И тука глејте да олабавите и д анаправите една фул ситуација со заебанции шали ова она ... Така и он ке се опушти ... И ке го приметиш кај ке му шара погледот кај кое девојче И тука може да си се намести сцената коа он ке биде тотално опуште види дали и типката дава такви сигнали со погледи И наместите ситуација да останат на само пример ... Коа ке идете накај диско остајте ги нив двајца заедно да одат ... Ме сфаќаш ? После на пример исто спојте се со некое женско друштво и коа ке е убаво време излезете сите заедно .... Све што треба за почеток кај него да се наоѓа во женско друштво ама заедно со вас зашо инаку би се затворил ... И бирајте женско друштво кај шо се поотворени позабавни и слично Ако ми текне уште нешто ке допишам
Аууу, тешки се ваквите типчиња...ги имам неколку другари. Не се ослободиле во средношколските години, па подоцна уште повеќе се затвораат и се многу несамоуверени околу таа работа. Мое мислење е - ништо наеднаш и со сила да не форсирате. Најдобро е од машки да излезете во некој кафич денски (не одма со вечерни излегувања), а во друштвото да ви дојдат и добро познати женски. Онака да си правите кафе муабет, каде во разговорите ќе е вклучен и другарот (не само да молчи и посматра). Така излезете неколку пати, колку да се ослободи во женско друштво. Потоа излезете и навечер, па кога уште повеќе ќе се ослободи другарчето, може да тргне во напад. Најбитно е да не се разочара ако го откачи некоја, а вие да не го исмејувате поради таква можна случка. И цело време да го дружите, да не е отфрлен, но и да не му навалувате премногу безосетно со разни фрази и изрази. Трпение пред се` за таквите машки. Иначе моите `вакви` другари не ги бива околу женски, али општо гледано се многу учени и добри дечки.
Немој веднаш со вечерни излегувања. Прво нека се опушти со вас на кафe, спортски активности и слично. Разговарајте на теми за кои секој би се заинтересирал, не кога ќе седни со некоја девојка за дота да и зборува. Во друштвото имајте и девојки, но прво ваши другарки кои ќе разговараат најопуштено и најнормално и со него, а не само со останатите. Нека му дадат до знаење дека и тој е интересен и можи да заинтересира некоја, да го охрабрат малку со разговорот. Најважно е тој да се почувствува способен и да биди храбар. Ако тој не се чувствува така узалуд вам труд свирачи. Потоа доаѓаат вечерните излегувања, директен флерт и сл. До тогаш би требало и сам да знае и да собери храброст да и пријде на некоја. Велиш дека ќе му местите некоја. Дали веќе имате некоја девојка во предвид ? Дали сте разговарале со неа или...?
Малце тешко со наши другарки оти сите го реметат .... Ништо ќе морам план Б Ќе му нацртам скица од кафичот и ќе нацртам детаљите кој како што зашто Тешкооооооо
Не е тешко! Тој прво нека се ослободи во таа атмосфера на излегувања, кафичи, музика, гужва.... А, потоа нека брка женски. Не мора тој истата вечер да фати некоја!
Тука ми изглеа како да треба Мистери да интервенира ..... Како да се реши проблемот? - Дај му цице и проблем решен .... Ќе има осмех цел месец Е сеа треба некоја другарка да се жртвува и готово .... А резултат, дечкото ќе сака да излегува што почесто
Имам едно прашање!? Дали си 100% сигурен дека девојката воопшто не те интересира!? Во однос на дилемите: 1. Си и станал предизвик, тоа е факт, ама мислам дека го прави ова зашто забележала дека не си индиферентен кон неа. Имааа, има тука нешто 2. Надворешните манифестации не секогаш се одраз на она што вистински го чувствуваме...маска брат, глуми лудило по малце (можеби а можеби и не ) 3. Жените понекогаш се водат според однесувањето на соговорникот, пробај да бидеш помек, па да видиме дали и даље ќе биде статус кво или пак можеби не!?
Potreben mi e sovet ! pred nekoj den se skaravme so devojka mi za gluposti.se somnevav deka ima drug i od nejzina drugarka pobarav nejzin pasvord na facebook i ona ne mi dade i posle ona se i raskazala i taka nastana karanica i mi rece da razmislam do petok i da praime muabet a jas stvarno neznam sto da i kazam kako da i objasnam deka zgresiv :/
Чим ти пишуваш постови за таа девојка,значи мислиш на неа.А,чим мислиш на неа...Тука нешто смрди на нешто повеќе...Ја знаеш онаа- ко се воли,тај се бије?! Поздрв пријателе...
Никола остави малку нека и се олади главата на девојка ти... Да си ми дечко мене и вака да ми регираш, у Аушвиц би те пратила ! Вака сеа, остај го девојчето да се смири, и јави и се и закажии да се видите ... Објасни и дека си згрешил, кажи и дека стварно ти жал и ВЕТИ И дека нема више да се повтори. . Нареден пат на непроверено немој да ја осудуваш. Плус тоа со искрен муабет и отворени карти се се решава. Дај и до знаење дека ти е жал шо така си изреагирал и дека нема да се повтори во иднина .
*Warning the letter contains love and feelings Значи пак јас , ветувам последен пат ама тоа е срцето лудува , мозокот полудува .... Вака сеа ... проблем како проблем не е обичен Има една девојка , секогаш има ... која со нејзините мислења и сликици ми го замати на кратко умот , обично тоа се случува ама после 2 дена ќе си отиде... и ќе остане само насмевката ... но сега некако после 4 дена пак чуствата дека можеби е она правата останаа .... па решив да пробам да реагирам , бидејќи можеби е , можеби не ...којзнае , али сигурни би било глупо да не проверам...па ако не е барем нема да ме јаде цел живот . Но,проблем како и секогаш во љубовта го има ..... е тоа што не ја познавам девојката лично , а 20% сигурен сум дека она знае дека јас постојам на планетава ..ок можеби 40% Ја имам само на фацебук . Прашањето е , како да ја сретнам , т.е да договорам искачање или сл. НЕ . Преку фацебук , одбегнувам разговори со луѓе на фацебук бидејќи јас понекогаш правам некој си чудни фори кој по правило треба да се смешни и доволни да не ме стрпат у лудница , а на фацебук тоа неможе да се види - нели не е важна реченицата ТУКУ КАКО ја изговараш , и сега ја мислам на смешно ...а она ќе каже види го овој мајонезов сака на лепче да ме мачка. Така фацебук НЕ . .... само ако паѓа нуклерка и сите ќе изгиниме. Од пријатели , немаме лични заеднички ... имаме само тие манијачките .... така да неможам со фората знаеш ај со другари на кафе. Да и праќам преку други профили не доаѓа у обзир. Да чекам да се сретнеме на среќа некаде , исто е тешко оти е од други град и сега само доаѓа на учење тука , или сл. Ако отидам тамо кај што живее (нити знам) а и да дознам ќе изгледа како манијачко ... одма тоа ќе помисли , не ја обвинувам ... тешки филмови маму им ... и така тука целта е да стигнеме во контакт , прв , во живо ... првиот е најважен .... после е лесно (веќе имам искуство) ќе се усрамам , ќе напраам глупост некоја и ќе рече ај овој го бива за по риба ќе го земиме за по дома да почисти ... и итн итн (*English because its cool) SO I am asking you how , HOW are we going to meet the shadows ... how are we going to meet ..... how ..... how ...... Секој што ќе даде одговор од 5- реченици , ќе биде каменуван на плоштад
Не знам, едино да запознаеш некоја нејзина пријателка, и да направиш убав муабет и пополека да се зближиш со нејзина пријателка, со цел да дознаеш каде ке биде излезена некоја вечер? Каде најчесто иде на кафе и сл? Не да ја прашаш баш за нејзе туку онака од околку идеш негде вечер? А со кого? Со другарки? А ги знам? Итн и така оп и ти си таму и ете ти прилика да се покажеш Не знам, се надевам помогнав
Проблематичен дечко. Шала на страна .. Мислам дека нема подобро "флертување" од фејсбук, односно запознавање. Можеш да почнеш со лајкови, па пораки, па чат, па телефон, па живо, па врска, па кревет. Ако веќе не сакаш тоа да биде на фејсбук, можеш некако да и го дознаеш телефонскиот број и да и се јавиш, но како женско мислам дека тоа ќе изгледа глупо затоа што ни ја знаеш ни ја познаваш, а и се јавуваш да и кажеш дека ти се допаѓа. И јас сум НЕ за одење во нејзиниот град. Единствено решение ти е фејсбук, барем јас така мислам. Остави ги сега тие твои проблематики околу фејсот. Ако сакаш да ја запознаеш жртвувај се. Јас мислам така, почни со фејсбук па потоа оди кон телефон и запознавање во живо. Спојлер Нема да бидам каменувана, имам повеќе од 5 реченици. (смајли што се радува).
Ја мислам вака, ако ја имаш на фацебукон види кај најчесто излегува, и ако се најде некое онака позанимљиво местенце појави се таму, и од нигде никаде пријди и и поздравија После, ако исто е на фацето пробуричкај низ нејзините пријатели, можи ке најдеш некој заеднички ама близок пријател, не за да ти ја мести, туку одоколу да ти каже нешо за неа за да си имаш поубава слика за да знаеш накај да тргнеш. Сепак мислам, за жал денес се е комај во рацете на тој фацебукон така да пробај ископај детаљи за неа, па и на крај да дознаеш кај живее, и да појдеш до нејзиното место нема да изглеа манијачки, едноставно „случајно’’ си поминал од таму Манијачење е више стварно у секој чекор да ја следиш без гајле . А и не даваш мн инфо кај си ја видел шо како .... ?
Фала ви што сте одвоиле време да ме посоветувате Неможам фацебук , никад не сум можел ... само во живо ** your answer does not please me ..... into the fires Паааа тешко малце со оглед дека малку пријателки има у Скупи .... ок ќе видиме твојот план might just work , само уште да најдеме прво кај другарките искачаат и чуда па после до нејзе... ама пак долг процес кој ќе фати месеци и месеци , прво треба да им покажам дека не сум мањо на другарките за да може да ми помогнат и итн итн .... ќе починам сам до тогаш ** Your answer does not please me .... into the fires Хмм добра идеја .... погрешка ќе ја сретнам и тамо ќе се запознаеме случајно нели ..... she will not suspect that i already knew where would she be *** .... Само пак тука тешко ќе биде ,бидејќи на фацебукот не пишува као ... вечер во B2 со срцките јеее... али ќе видиме не давам инфо оти незнам дали може тука да прочита , и ако дознае пред јас да се изјаснам We shall have problems , not problems like oh my eye hurts ,but problems like HOUSTON WE HAVE A PROBLEM ** Your answer pleases me .... you shall get a cookie
Jипман,јас мислам ако веќе одиш на место каде што е и она,немој така одеднаш да и пријдеш и да се поздравиш...првен испитај терен,т.е малце флерт ова она,насмевни и се и ако ти врати на насмевката тогаш пријди и,бидејќи вака одеднаш премногу чудно ќе и дојде.
Те разбирам дека не сакаш преку ФБ, ама само на ФБ ја имаш, па најлесно ти е така!!! Прати и` порака на фб дека сакаш да пијате кафе, да се видите.... А, така може и да се уплаши и да те одбие, а ако претходно на чат малку се запознаете, поголема е шансата да прифати да се видите. Ова е начин, ако немате заеднички пријатели. А, јас не сум за да одиш во нејзиниот град (можеби е мало место, па и` е срам од луѓето), и каде воопшто ќе ја сретнеш нејзе таму, ако немаш контакт? Мислам дека само ќе ја уплашиш уште повеќе.
Циа Мислам дека нема зашо чудно да и дојде, баш напротви и пријатно ке ја изненади . Мене така некој коа ми приоѓал од нигде никаде едноставно повеќе ми останувле у памет отколку некој шо незнае како да дојде до мене, или како да ми пријде или пак преку други луѓе и такви ствари ... Нишо чоек нема да го кошта ако ја сретне некаде и ја поздрави. Тука и ке и го види карактерот дали е некоја дигната или слично. Ако е од таквите од Големото Добро Утро ке си знае на што си е ... А ако е некое пријатно девојче можи и да излезе нешто у негова полза