А што е битно што ја натерало да го игнорира и дали било само пишување или сериозна врска? Вие разбирате (не само ти, туку сите што се упорни, читај напорни), што значи "НЕ"? "Не." е целосна реченица, готово. Не значи да инсистираш, прашуваш, досадуваш, туку да ја оставиш на мира. Затоа ќе има male loneliness epidemic. Не ми се верува што се објаснуваме уште во 2026 година. "Ме пријавила во полиција, сериозни се работите, сигурно многу ме сака и сака да ја бркам ." И трол да е типов, не значи дека нема вакви напорни ирл. Страшна болест е неебитис.
@StefCek Човек кој вознемирува некого од 100 броја, не може да има добра намера. Причината не го менува овој факт. Може да напишеш една-две пораки кога настанало недоразбирање и сакаш да се објасниш. Но, кога гледаш дека личноста јасно не сака, тука застануваш. А ти си отишол до степен да те пријават во полиција. Ngl, из гивин Џим Кери во The Cable Guy
Ќе има, кога не им давате шанса од прва се да Ви кажат што се случило, туку одма кажувате *НЕ*.Немате трпение и одма бегате и ги сметате за манијаци, болесници. Ама остави ја членката нека се изјасни, не објаснувај ти зошто ја вознемирувал од 100 броеви.Секако има и таа право да се изјасни.А, не одма да обвинувате.
Па најважното си го излажал, колку години имаш. Не знам што очекуваш повеќе. Другарките сигурно не и мислат лошо со тоа што и го 'перат' мозокот. Па нормално дека ќе бега, ја лажеш за годините, ја демнеш, ѕвониш од различни броеви, не знам што очекуваш да ти каже УПОРНИОТ ЕБЕ, НЕ УБАВИОТ?
И овој е некој замарант па ги брани таквите и овој ако нема некоја вака замарано ја еве...уште прашува глупости
Какво трпение сакаш да има некоја ако и ѕвониш од 100 броја и дојди до полиција работата? И од прво имаме право да ви кажиме НЕ ако не сакаме ништо, буквално никоја не ви должи објаснување зошто не сака ништо со вас и треба да се научите да го прифатите тоа и да се тргните. А со вакво однесување ако не сфаќате зошто ве одбиваат тогаш си имате голем проблем. Господ да чува.
Епа јас не излегов на едно кафе. И мислат, дека сум можел да и побарам да ми прости и да и кажам зошто сум ја лажел.
Имавме интимност.Се познававме подолго време(скоро неколку месеци).Можела бар да ми даде шанса да и објаснам некои работи.
Зошто да ти дадеш шанса? Дека сте имале секс и сега ти должи нешто, да те слуша зашто ти сакаш да се објасниш? НЕ САКА. Впрочем, не знам ни што совет дојде на темава да бараш, пиша поназад си сфатил дека не те сака, ете, ама изгледа не сфаќаш упорно.
Имавте секс, а ти уште си ја лажел за годините, па стварно немам речи. Еве ти дала шанса да не те види више
Па бидејќи беше повредена од тоа што го направив.И ништо не ми должи.Јас и должам извинување. А зошто да не ми даде шанса?За друго нешто, ништо не сум ја излажал.Работев на голем проект, со тежок стрес.
Зошто очигледно не сака. Како можеш да не го разбереш тоа? И овде на форумов стана напорен со истово, можам да замислам нејзе како и е што ја гњавиш, па морала и во полиција да пријави. Се надевам ќе се вразумиш и ќе ја оставиш на раат. Еве и овде доби толку одговори кои истото ти го викаат, послушај, не напињај и овде како што ја напнуваш нејзе. Еве, почни од овде, престани истото да го пишуваш, па примени го и во реалноста, сам себе не се гњави со истото и не ја стресирај и нејзе. Да, да, рече си престанал, ама навистина е тешко да се поверува во тоа.
Не сум и пишал, а и не смеам од полицијата.Подобро тука да испроцесирам некои емоции и ситации реални и да разберам, отколку да добијам кривична пријава за некого. Не е битно, не ве напнувам.
Добро пиши и порака од 10ти број некој извини и се и повлечи се. Не знам што не ти е јасно, гледаш те има блокирано секаде, не сака контакти со тебе, значи Н Е С А К А. Нареден пат не лажи и не напнувај. Ова бетер од манијак ќе излезе. До полиции штом е стигнато...
Проблемот е баш овој. Ти не дека нешто овде процесираш за да разбереш, па демек затоа не си и пишал. Туку дека не е полицијата, верувам дека ќе си ја испраќал 1000-та порака во моментот. Ете, ова не е тешко да се сфати. И ова е тоа што треба да седнеш да си го преиспиташ кај себе. Како девојка ти кажувам, жена која те пријавила во полиција, не сака никогаш веќе да те види, ниту на слика. Не ја плаши повеќе
Остави ја на мира ало, те има пријавено во полиција, мислиш до твоето извини и е дојдено? Малце си ми језив искрено.
Си работам со психолог.Не се секирај. Мислам дека разјаснето ми е се. Имај малце почит кај модераторот.Кажа да не напнувам.Не разгорувај оган. @RainBow ај смири им ги страстите.Нели се договоривме да молчам, а другиве не те слушаат и не ти го почитуваат зборот.