Па битно ми е да, бидејќи и јас имам автомобил. Барам само она што и јас можам да го понудам. Мада овде не ми изгледа дека конкретно автомобилот е само проблем, а друго сѐ било топ. Етикетирате жени материјалистки и се плашите да не ви потрошат пари кои ги немате (општо ова многу мажи).
А зошто уопште се пуштате по такви девојки кога знаете дека се материјалистки? Не треба девојките да си ги спуштат стандардите и не се криви они шо вие неможете да им го овозможите животот шо они го сакаат. Треба да си барате некоја на ваш левел, ама таквите не ги сакате и не ги цените.
А од каде знаеш дали имам или немам?Може сум циција и сакам ферски да бидат трошени и моите и нејзините пари. Односно, заеднички да ги трошиме. Фала на бруталната искреност. Пред се, девојката беше фина и се гледаше дека има интерес.Ја почастив пијачка, дојдов до нејзината населба да не се мачи.Ја испратив и до пред зграда да не се плаши, дека имаше некој страв во нејзе. И, од каде ти дојде на памет дека немам автомобил?Имам, но моментално има причини што не го возам возилото. Малце сум во финаниски кризи. Девојкава на изглед е просечна, ме привлече што имавме исти теми на разговор.Не е некоја мажи да паѓаат по неа. Се покажа дека е материјалистка кога ме праша зошто не сум со возило.Нема да и се објаснувам каде ми е истото. Баш девојкава без материјализмот е тоа ниво, плус ќе беше ценета и сакана, но и се виде маската што ја носи.
Е ок де може автомобилот да е на поправка, може да го зел брат сестра родител им затребал.. може не му бил исчистен на детето а немал време да го исчисти.. на крај на краевите ете САКАЛ да излези без автомобил.. и што е тука проблем ??
Во три теми пишува како нема автомобил + вели После ти вика од кај си заклучил дека нема автомобил? Ма точно знам зошто девојчето го откачило. Hint: Не е автомобилот. И со Порше да си дошол, истото ќе било I'm outta here, ме мрзи да објаснувам на просечен Македонец оти едно макијато со пластична бела лажичка и материјалистки не идат во иста реченица
Мислам дека треба малку да поработиш на карактерот.. Велиш дека сакаш ти да ги контролираше финансиите затоа што си циција и нејзините и твоите, ама погрешно е ако таа сака нешто да купи.. Знаеш искрено подобро да си некој сиромашен/просечен што ужива во животот отколку цицја.. Матријалистка била само затоа што прашала зошто не си со кола. Најнормално прашање е, си можел да и одговориш и да и кажеш зошто..
Циција треба да се сврсти у ред флег personality traits не само у врска и без разлика на пол, невеликодушност ми е многу лоша особина и открива и други црти на личноста.
А што е проблемот културно да одговори и да каже зошто не е со автомобил? Карактерот не ти чини друже, начинот на кој разговараш... Дури и откако кажала дека не сака да биде со тебе е лоша, матријалистка, те смета за банкомат само затоа што прашала зошто не си дојден со автомобил..
И што има лошо во тоа да праша? Можеш културно да одговориш.. Тоа се нормални прашања за да запознаеш некој..
Па кажи ми, зошто да не ми кажеш. И зошто бегаш од жени кои бараат автомобил? Напротив, мажите повеќе самодоверба имаат со автомобил за да трчкат жени, а ти бегаш .