Јас дури сега сфатив дека станува збор за истиот дечко кој беше пријавен од претходната девојка за вознемирување Тогаш мислеше дека е одбиен оти лажел за годините, тука за автомобилот Buddy
А што да се снајде.. Ќе каже како што е.. Мислам дека многу идиотски се однесуваш кон женскиот пол.. Сите се свесни дека не можеш 20 год одеднаш да постигнеш се да имаш, особено ако си студент.. Не е толку битно материјалното, ама никој не би сакал да биде со ленчуга кој планира цел живот да чека од друг, а брзо низ муабет се познава кој каков е и какви планови има.. И не разбирам што е проблем да кажеш што кола имаш, може е љубител на коли, може се интересира и разбира од коли па ќе почнете муабет на таа тема. Не гледам проблем и да отидеш по неа со кола и самата да побара.. Љубов ќе и пржел аматаа не смее ништо да те прашам, ништо да побара од тебе.. Друже извини ама тоа не е љубов ниту почит.
Е јас знаев кој е Затоа му пишав дека не е за дејтање кога напиша дека девојката страв нешто имала кога ја испраќал до дома После кажа дека од кучиња се плашела
Ај сеа вака.. Ок бе не гледаш дека во љубовниве теми се зафркаваат луѓево а ти пресериозно сваќаш.. и некни така со таја што ко бајаги беше силувана, помеша и банки и пошти и судој и се.. така и овај еднаш од кучиња се плаши еднаш коли сака, па расипана е колата..
Никој не чекаше од неа нешто.Чекав трпение.Може требаше да бидам директен. Разговаравме за автомобили, не мора се детално тука да кажувам.И кажав што кола имам и причина зошто не возам. Не сакам се детално, да не се најде девојкава да чита. Девојкава не била ни вознемирена од моја страна, ни физички малтретирана. И што има да се споредува нешто во темава со другата девојка?
да бе еднаш се плаши од кучиња другио пат сака в кола па го пријавиле за вознемирување, па сега што е следно..
или она пред некој ден дечкото ме силуваше па банката ја опљачка, па диското во кочани, па такси возеше..упаљач украл, нз пријавила силување, па немало адвокат, глупости на квадрат..
Претходната девојка ме пријави за вознемирување.Нема што да лажам. За вторава девојка, кучиња скитници имаше и ја испратив до дома.Таа сакаше.
Праша за мислење за ако некој нема автомобил, дојде до тоа дека девојката е материјалистка. И што ти е сега планот со неа? Комуницирате уште?