Значи таа не сака ништо со тебе, ама уште не запознае ти си утрипуваш дека сте во врска.. Дефинитвно не си и се допаднал и не е поради материјалното, туку поради начинот на кој комуницираш, криеш работи, лажеш... Поработи ти на карактерот и смени го начинот на кој разговараш особено со женскиот пол, не си ништо повеќе само затоа што си машко, нема рогови да ти пораснат ако се однесуваш грубо и одбиваш да одговориш искрено на поставени прашања..
Никој не кажал и не се трипам дека сум во врска со девојката.Каде го прочита тоа?Прво кафе ни е...Ќе поработам и на карактерот и на други битни работи, како автото да си го направам.Никој не ја ни излажал за ништо и секако некои работи ќе ги кријам.Не ја познавам добро девојката.Баш имаше момент кога нешто ново и кажав и се изненади и секако ќе се изненади кога не се знаеме многу долго време за тоа да и го кажам.
Можеби требало само да кажеш на сервис ми е, ништо страшно. А исто и прво кафе било, не троши толку енергија мислејќи на тоа. Ако треба да биде, ќе биде.
@StefCek еве мене на пример материјалните нешта, длабок џеб и коли не ме интересираат бидејќи фала му на бога имам мозок да заработам сама и не сакам да трошам пари на партнерот ама карактер ко твојот и однесување посебно овде на форумот со начинот на враќање ми е страшно одбивен. Можеби и не е до девојката туку до твојот карактер на кој треба да поработиш.
@StefCek Тоа што си хиперфиксиран на колата и поради некое просто прашање уз муабет сам си даваш заклучок дека те гоустнала заради колата е знак дека ти имаш некој комплекс поврзан со финансии и имање добра кола а имаш и создадена слика за сите жени дека се материјалистки па чекаш и најмала ситница за да си ги потврдиш тие очекувања. Види колку нелогично и параноично пишуваш, што од страна навистина делува како да мозокот ти е испран од маносферата кај што истовремемо си измачуван и од нереални идеали дека треба да си натпросечно богат, и од потсвесно карактеризирање на жените како површни безмозочни суштества кои само чекаат да им кажеш колку пари имаш. Најдобронамерен совет, излези си од кругов.
Во полиција не си пријавен затоа што си пател туку затоа што си ја демнеел девојката и присилувал на врска со тебе иако ти кажала зошто прекинува и дека не сака комуникација... Не си пишувал од што си бил повреден или не си знаел што е причината зошто не ти пишува а и не сте биле долго во врска, па да каже човек дека те мавнало на психа.. Ти само гледаш да имаш девојка и сите што ќе стапиш во контакт сакаш уште веднаш да се во врска со тебе и дури и да не им одговара нешто да се во врска со тебе по секоја цена.. Ако некоја не сака врска ја малтретираш психички за да биде во врска, кога разбереш дека нема шанси плукаш по девојката и и ставаш етикети како матријалист...
Од каде оваа констатација?Не го знаеш ни односот ни со едната, ни со другата девојка. Беше таму да видиш дали сакам да бидат во врска со мене?Знаеш со колку девојки сум искочил на кафе пред да прашам за оваа девојка сега што ја гледам? И воопшто не е точно со етикетирањето на девојките што не сакаат дасе со мене.Погрешна дијагноза друже *д-ре*.Само осудување.
Биди си своја ако му се допаднеш на некој ќе му де допаднеш ти како што си а нњ да се преправаш да глумиш нешто што не си.
@Ne znam koj Работи на себе за себе за да го немаш овој мајндсет. Префрли си го фокусот и енергијата на себе. Инвестирај си во изгледот и знаењето, направи да ти биде удобно во сопствената кожа, да имаш здрава самодоверба, да правиш работи кои те исполнуваат, да се сакаш себеси. Што е за тебе, секако нема да те одмине. Како да му се допаднеш на маж, кој патем е the easiest thing to have, треба да ти биде последна мисла на ум. A ако си со став, како на маж да се допаднеш, само можеш на погрешни да налеташ и да заглавиш во динамика каде цело време по него ќе трчaш
@Polyincognito имам самодоверба плафон.Работам на себе.Е сега се облекувам ок-и убаво ми е на мене,но не премодерно.Не следам мода и ти ме гледаш во другата група. Оваа мислам не ми е опсесија,туку ме газат годините 40 во Јули -а немам врска. Фала сепак на советите.
@Ne znam koj Таман работа, нема потреба да бидеш премодерна или да глумиш нешто што не си, за да се допаднеш на некој. Би рекла пробај да бидеш малку поотворена, ете да воведеш нова рутина во секојдневието, да се запишеш на некоја нова активност, да пробаш нешто ново. Ако си за запознавање онлајн, може да пробаш и некоја дејтинг апликација или да се зачлениш во некоја Фејсбук група од таков карактер, па дури ете и на балканско ниво, не мора да е само Македонија. Едноставно не да трчиш по некој, но да си бидеш општо поактивна меѓу луѓе, со патувања или преку работното место, со одење на семинари, курсеви и сл. Не се разочарувај, буквално животот е пред тебе