Здраво девојки, јас сум машко и сум нов на вашиот форум, воедно ова е мојот прв пост. Јас сум 25 годишно момче, живеам во мало местенце и никогаш до сега не сум имал девојка. Сум пробувал повеќепати да воспоставам контакт со девојка но на крајот некако или гледат на мене како на пријател или само не се заинтересирани а понекогаш и грубо отфрлен. Сакам да напоменам дека мојата цел одсекогаш била здрава врска која со тек на времето ќе прерасне во брак а потоа во цело семејство. Кратки врски и ,,забава" не ми се привлечни барем мене. Почитувам девојки што се во врска и не им приоѓам за да не им направам проблеми во врската. Кратко за мене, Верувам во Бог, сакам црква и Манастир, се трудам неделно време да посетувам Богослужба, живеам самостојно, знам да готвам, чистам, одам на работа, работам дома (произведувам природна храна колку за мене), се хранам здраво, физички сум активен, имам мал круг на пријатели и ценам лојалност. Порано одев во теретана но, поради недостиг на време ја оставив и вежбите ги пренасочив во домашна атмосфера. Незнам што е пијанство, алкохол пијам еднаш во 3 месеци и тоа најмалата лименка пиво најчесто поннекој повод, ниту сакам цигари, несакам ноќни клубови и дискотеки. Сакам природа, чистина и воздух и мир. Како што кажав до сега не сум бил во врска никако. Ми приоѓаа девојки порано но ги одбив, несудејки кажувам беа непривлечни за мене (познати девојки во околината знаете по што, имаше пример и девојка во почеток од бременоста сакаше да ми се наметне...) Е сега веќе неколку години чувствувам самотија, јадам сам, излегувам сам, спортувам сам, немам со кого да одам на одмор и сето ова на моменти ми доаѓа многу тешко. Не сум љубоморен на паровите само сакам да не останам сам. Ме советуваа да пробам преку инстаграм, иако претпочитам контакт очи во очи, се решив пробав и тоа, но не ми оде баш најнај и ми е некако непријатно така дека сум непознат нив да им чкрапам на девојки. Се мислам и годинава да не одам на одмор, но наспротив моја волја ќе одам, си давам добри и позитивни мисли. Им кажав на пријатели, да ме запознаат ако имат прилика некоја но, како што знам и тие имат мал круг на пријатели. Еден другар ќе ми местеше девојка (негова другарка) но ми кажа потоа лоши работи и ми рече остави не е за тебе таква "рошла" за да послем еден месец ги видов заедно во врска. Ве молам за некој искрен совет од ваша страна. Извинете за долгиот пост. Имајте убав ден.
Нов профил си напраи? Ова е веќе видено многу пати. Кај све проблематични ти се лепат, а нормална не може да се најде Најбитно од се', се испофали што се' си, али пак не иде и покрај овие квалитети.. Најпрво, за почеток да прекинеш да лепиш етикети као 'рошли, курви, неморални' и не знам што. Намали со егото малце, и ќе видиш како одма подруго ќе биде. Синдром на најс гај имаш според писаниево, али ти си знаеш. Ако чкрапаш 'zdr mace, sp kako si, daj se upoznaeme' си зеабал батка. Не иде тоа така кај нормални девојки. Иди, не се мисли, може ќе запознаеш таму некоја, не се знае тоа кај ти е среќата. Само помалце его, поише култура и манири, и ќе упали без гајле
"Рошла" го напишав во наводници како цитат на мојот другар. Инаку ,,здраво маче,, и други такви работи немам пишувано. Затоа кажав дека пишувањето на инста не ми оде. Не те познавам каков профил си на човек и тешко ми е да воспоставам комуникација онлајн со непозната личност.
Чекај малку тебе тие што не ти се допаѓаат а ти им се допаѓаш се курви и рошли, и легитимно е за тебе да добиеш некоја поради тоа што тебе не ти се допаѓа, ама кога тебе ќе те одбијат пак се лоши, и те отфрлаат грубо, а ти си нај нај и не смееш да не се допаднеш на некоја. Спушти се малку на земја, не летај толку.. И прво што ми падна во очи е она со бремената девојка и не можам а да не го искоментирам.. Не смее да бара партнер ако е бремена? Ми се наметнува викаш, не мора да прифатиш некој ако не е твој тип ама вака да коментираш за девојка што сакала да флертува или да се запознае со тебе. Што дека е трудна, знаеш се што како било? Не си во ничија кожа и прерано судиш.. Не знаеш кој низ што поминува.. И ако слушаш муабети се знаело какви се, луѓето можат да измислат, види ти па после суди, а не според рекла кажала муабети... И никој не ти брани да го зголемиш тој круг на луѓе, ако сметаш дека треба.. И премногу бегаш од девојки како од ѓавол очигледно, и на пријателска база смееш да останеш со девојка, не мора на секоја ѕид да и градиш пред тебе што не е за врска туку сака другарство..
Каде виде дека летам? Каде навредив некоја и реков рошла? Кажувам како беше таа случка и зборовите не се мој.
А па баш фино штом така, значи дека не се пушташ на сељачки начин? Ова е супер. Те охрабрувам да пишуваш, нема шо незгодно, пробај си ја шансата, ако одбие не е крај на свет, идеш на следна. Со стројници да не сакаш да ти најдат? Па и да ти мести некој, ти пак може нема да ја знаеш, пак си приморан да се упознаваш, не те сфаќам.
@Slavejpile Немаш потреба од цел есеј како си одбиван повеќе пати и си сам, кога и ти си одбивал девојки Ова е буквално како функционира дејтинг светот Второ, звучиш како да имаш изградено идентитет на "I'm a good guy", Ngl, makes me wonder a little што не кажуваш Во ред е што имаш позитивни особини, но сето тоа те прави функционален возрасен човек, не еднорог. Буквално опишуваш просечна жена. Which means, општината не доделува Викторија сикрет модел за соберените поени, бидејќи да беше така, жените први ќе треба да добијат по еден Хенри Кавил. Мојот совет е, check yourself. Каква енергија носиш, зошто некоја девојка би се заљубила во тебе. Бидејќи луѓето партнер избираат и врз основа на хемија, привлечност, емотивна поврзаност, самодоверба, социјални вештини и сл. Воедно, ти фали social exposure - да се мешаш меѓу луѓето. Бидејќи ако не излегуваш, а не сакаш ни друштвени мрежи, најчесто се изолираш и запознаваш вкупно 0 нови луѓе на годишно ниво, како планираш да ја запознаеш идната девојка? Одењето на одмор е паметна идеја и за почеток стекни нови познанства, не мора одма зацртана врска
Се додека форсираш да најдиш што поскоро само за да имаш некого, нема да ти успее. А и ако волку се идеализираш и претставуваш пред девојка, ќе те одбие нормално затоа шо не и оставаш време самата да те запознае каков си, дали си добар човек, да ги препознае твоите квалитети прво како човек а потоа како партнер, ти правиш како да си на аудиција, кажуваш се што поседуваш и сеа очекуваш одма да кликне со тебе затоа шо си и кажал каков си, дури и ако ги наметнуваш твоите квалитети, сврши работи.. Дозволи личноста сама да те препознае
Не се наметнувам. Напишав на форумот колку чисто да знаете нешто за мене за да ми дадете совет. Ви дадов некоја слика за мене.
Сакам нови познанства и сакам муабети за храна, дискусии за посета на интересни места. Телефон оставам веднаш штом правам муабет со било кој.
Па ти можеш да зборуваш со било кого за разни теми, да се дружиш, е сеа ако очекуваш стриктно со девојка да зборуваш и потоа да кликнеш со неа, нема да ти успее, може е зафатена во врска, може не и е денот, затоа што тоа е наметнување а притоа може и не ја интересираат твоите теми на разговор за готвење. Ако дојдиш во контакт со сингл девојка, ќе се прилагодиш спрема разговорот кој го водите и двајцата, да дозволиш да кажи и таа нејзини теми не само твоите за готвење. Не брзај, ако брзаш ништо не прајш.
@Slavejpile Мораш да си го прошириш кругот и да создадеш прилики за нови познанства, и машки и женски. И да дозволиш работите да се одвиваат во својот природен тек кога станува збор за девојки - со флерт, со кежуал прифаќање ако си одбиен, со градење хемија, со подобро читање на просторијата дали има обостран интерес. И да започнеш да ги гледаш жените како индивидуи, а не како категории. И да не им пристапуваш на дејтовите како менаџер кој вработува и разгледува CV. Луѓето сакаат да се чувствуваат удобно и да се поврзат на почеток
Хахахаха ме насмеа Се согласувам со повеќето што ме советувавте да го проширам мојот круг на познаници. Ќе поработам на тој случај. Имав и јас друштво порано но, како минуваше времето се зголемуваа обврските на сите, некој заминал од Македонија, некој го напушти друштвото, некој поради факултет или работата... Останувам со позитивна мисла, промената започнува внатре во нас. Бог дарува среќа секому.
Искрено ако е точно ова се што пишуваш, мене нешто тука не ми штима, како да има нешто друго што не кажуваш. Инаку за запознавање не мора да бараш во дискотеки, уште подобро на некои спортски настани штом тоа те интересира. Ќе си најдеш така некоја со ист интерес.
Уште нешто ќе допишам, ми поминало времето за редактирање. Некогаш на вакви теми се филозофира малку непотребно опширно за карактер. А што мислам под тоа - за да се имаш гледано со некого до 25 години, ете и да не било официјална врска, карактерот е буквално небитен, затоа што реалноста ни потврдува дека колку и да си ужасен човек, ако имаш среќа ќе имаш некој. Ако до сега не си бил со никоја, 99% е едно од овие три: изолација како што реков, немање социјални вештини или изглед. Пошто пиша дека се грижиш за себе претпоставувам дека изгледаш океј, така да поверојатно проблемот е во првите две. А друго нешто кое исто така можеби е проблем е што идеш по девојки кои не се за тебе. Еве на пример јас ако се запознаам со некого и ми каже дека не искача никаде и е религиозен, тоа ќе ми е знак да престанам комуникација. Не дека ти треба да почнеш да живееш на друг начин, ама треба и објективно да видиш дали девојките кои те одбиваат се во твојата лига и сте на слично рамниште. Така што размисли за овие работи, пиши на некое девојче и со среќа.
Јас се пронаоѓам во изолацијата ако не се лажам сам себе. До пред неколку години јас бев многу многу срамежлив. Сега не сум толку но пак барем малку сум хахах Еве некаде 4 години како сум поотворен. Имав друштво порано но, како завршив средно тоа почна да се распаѓа. Едни ја напуштија Македонија, втори заминаа во други градови, трети се зафатија со факултет, работа, некои го напуштија друштвото и сл... Јас првично сакав факултет но се предомислив и почнав со работа и останав во ова место да живеам. За време на ковидот мислам дека се се распадна. За излегување сакам излегување. Сакам кафе попатно и муабет. Честопати ме покануваат на вечера некаде колеги и пријатели и на 90% од нив сум присутен. Сакам прошетка во природа, сакам плажа, историски места и други слични работи, несакам многу седење во затворен простор и да седам пред тв. За религиозноста. Не инсистирам и не ја наметнувам, го почитувам правилото ,,Имаш ли вера? Чувај си ја за себе" Не сум длабоко навлезен. Знам само основа од мојата вера. Инаку таму запознав фини луѓе кои што ми се најдоа и за добро и за во лошо. За тип на девојка барам нешто налик на мое рамниште, не барам нешто високо во било која смисла. Не е битно дали работи во конфекција или е во дигитален маркетинг (двете професии се за почит), дали е со плава коса или не..... секогаш ќе имаме недостатоци и не треба да ситничеме. Тоа се детски фантазии. Ставив видео на тикток, првото лајкче ми беше од девојче и се заследивме. И пратив стикерче од оние сугерирани што се откако ќе станеш пријател со некој, нешто како "hey,, и настапи тишина... Едит: постот ми изгледа мал но кога го постирам овде, роман сум напишал. Извинете вам што ви одговарам и сите што ме читате.
Ова со лајкањата не го сфаќај озбилно ич. Си лајкаат рандом, некои од досада, други на заебанција, трети може интересно им е. Не се обесхрабрувај.