@Slavejpile Џабе објаснуваш ваков сум, таков сум, незнам ти каков си, земи промени нешто кај тебе, излези од тој твој круг во глава, со готвење и седење во мир и тишина како пензионер ќе си останеш вечно сам. На крајот од денот џабе ти ќе ми готвиш и ќе ми продаваш дипломатии кога си досаден лик.
На таков рандом стикер ретко која девојка би ти одговорила, изгледа како да си и пишал само зашто ти лајкнала. А еден лајк на видео од непознат човек не значи многу. Особено па не на тикток. Место здраво или хеј, пиши на некоја со која што имате нешто заедничко, да се разврзе некоја тема, инаку здраво што правиш е многу сувопарно и не произведува некаков интересен разговор.
Абе уживај во младоста шетај,оди по забави па кад тад ќе ти испадни шанса за врска. Не се замарај до толку не е крај на свет.
Јас би ти рекла, немој да осудуваш пред да запознаеш некоја. Ти неколку прилики си ги отпишал веднаш. Гласините не се секогаш така како што се чинат. Не е страшно, млад си, ќе имаш прилики, некогаш се појавуваат најнеочекувано.
Еми по тие цркви и манастири нема ли собири нешто да идеш и таму па некоја баба да те такса за внука или па некое свештено лице да ти најде некоја врсничка? Мислам сеа, ја седам дома али не сакам да запознавам преку инста епа нема да ти дојде на врата дома сама. Еве ќе ти пишат и од форумов верувај, излези на дејт, или па пробрчкај по пријатели на инста некоја вака симпатична што ти е пиши и и после ден два викни ја на кафе не масирај многу со смајлиња и досадни муабети по пораки.
Бабите што работеа како стројнички се извадени ликови од меѓуградските бус линии и особено од возовите со кои во Мк. се патува со саати. Има виц за ова, кога Јапонците дознале колку долго се патува од пр. Ск. до Бт. си помислиле Македонија дека е огромна држава. Свештените лица немаат таква обрска, а некогаш па и Бог за некои нешта не може да ти помогне, ако сам не си помогнеш и покажеш иницијатива.
Најверојатно има ама зависи која црква организира, некои само литургии имаат, некои имаат и концерти, предавања.. За во Мкд не знам со сигурност кај има, ама на 29ти сега во Србија има концерт во Београд во "Свети Сава" храмот, па ако е тоа нешто што го исполнува може така да си оди на концерти во цркви.. Има и предавања некогаш се одржуваат.. Сигурно има и во Мкд црква што одржува концерти, предавања само треба да праша некој што знае. А и не мора баба некоја да најде за да му биде стројник, многу млади има што одат во црква и на литургија особено за поголеми празници или во посета на позначајни манастири и храмови.. Јас во црква неколку другари имам запознаено..
Нека следи српски Проводаџија. Може ќе си најде некоја од таму, само да им остави број на одговорните.
Ај и јас на форумов да пишам.Не сум го посетил долго време. Најдов работа, работам на себе, бев на обуки во странство.Девојкава што ја запознав, уште сме во некој контакт.Но, некако е ладно.Не знам дали јас имам згрешено, но додека бев на обуки се допишувавме и кога се вратив, искочив и и кажав дали размислила за врска.Откако и го кажав тоа, седнавме, направивме муабет дека таа била пред брзо време(5 месеци ) во врска и сега сакала кариера, но, се двоумеше и ми рече како да се видиме.Не ја притискав, но наеднаш ја снема. Де, ќе пише, па ќе ја снема, во круг некој. Не ја притискам откако минатата недела и пишав за кафе.Не сме биле во контакт од тогаш. Совети?Или да оставам што биде биде.
Месеци откако пишав последно на форумот за тематикава, ама еве уште неможам да си најдам женска. Бре што женска, situationship, somethingship. Апсолутно ништо не ми се дешава. Излегувам 1-2 пати во неделата (толку време), теретана, работа. Контактов со девојки ми е на минимум. Луѓево се скапаја изневерување, менување... Незгодно ми е на рандомки да им пишувам на Instagram, кога претходно не сме воспоставиле контакт во живо. Дејтингов за мене како математичка формула со сите променливи непознати да ми се.
Ќе си најдеш кога ќе престанеш да ја бараш. Не знам што има лошо ако и пишеш на некоја а сте немале контакт во живо претходно.
Не знам како работи тоа ќе најдеш кога престанеш да бараш. А за второто, ми делува мањачки. Не гледам ништо супер во тоа? Или беше сарказам за тоа што пишав дека изневеруваат? Пробав да доловам поента.
Не сака. Се друго е изговор. Не и пишувај повеќе. Јасно ти ставила до знаење. Време е да продолжиш понатаму.
Немам таков случај. Во друштвото што сме, само еден има девојка и изолирана е од нас Од некоја причина. Нема такво мешање. Како work life / love life / private life поделба некако доаѓа.
@Dek0 Како очекуваш различен резултат, ако не правиш ништо поразлично од стандардната рутина? Мој совет е наместо да се фокусираш на пронаоѓање девојка, фокусирај се да си го прошириш социјалниот круг, да создадеш прилики да запознаеш општо нови луѓе - и мажи и жени
Easier said than done. Не разбирам како би го направил ова, кога едино време после работа што ми останува е за втеретана, спремање јадење, нешто +- ова и ако одам до едно кафе еднаш неделно и тоа е. Дури стварно не ми е јасно како луѓето што се во брак/имаат деца успеваат да постигнат се, како работа + грижа за себе + останато.