@Dekoo Sorry, ама, стратегијата и целта не ти се ама ич поврзани Не сакаш да направиш ни мала отстапка од рутината, не шириш познанства, не сакаш ни онлајн, тогаш како поточно очекуваш да запознаеш девојка? I mean, велиш немаш време да запознаваш девојка, тогаш по таа логика, немаш време ни за врска. А врската бара уште повеќе време See my point? Време има секој, туку не секој има исти приоритети. Ако нешто навистина ти е приоритет, ќе направиш простор да го направиш
Има смисла, стварно контрадикторно испаѓа кога ќе размислиш вака. Не реков не сакам да ширам познанства, или онлајн... само од тие причини ми делува да речам глупо. Како очекувам и јас појма немам, затоа пишувам овде. Можеби и подобро е вака, посекако не би сакал непосветен во било која свера да бидам. Фала на мислењето.
@Dek0 Започни со мајндсетот да стекнеш нови познанства/нови пријатели, наместо одма девојка. Може тоа те кочи, тој притисок што веднаш размислуваш како да пристапиш на некоја романтично. А може поедноставно би ти било да започнеш прво пријателство врз база на некоја заедничка тема. Односно, можеш да се запишеш на некоја активност што те интересира, некое хоби, да патуваш повеќе доколку си во можност исто така. Also, онлајн не мора само да значи Инстаграм и одма додавање за флерт. Можеш да се зачлениш во некоја група пример за gym life/results и сл и така да се поврзеш со нови луѓе кои ги интересира истото. Па од таму да се додадете на Инста и така да се развие нешто. Како пример би отишол на некој работен семинар. Првичниот контакт да биде за нешто сосема друго, за да си повеќе опуштен и работите природно да течат. Со среќа
Како тоа немаш време воопшто , не можеш да одвоиш саат време во денот? Прескокни ја теретаната ако треба. И не гледам ништо незгодно во тоа да пишеш на некоја на соц.мрежи, пробај ништо не губиш ако е и она заинтересирана муабетот ќе тече спонтано, само немој да бидеш упорен во пишувањето.
Не, не дека немам време туку моментално таков ми е распоредот. Секој има време за се, приоритети и организација само е битна. Поентата ми беше не среќавам многу луѓе, во теретана веќе истите луѓе се гледаме горе долу. Па освем онлајн и немам некоја опција. Па затоа прашав дали е чудно, што според мене е. Немора и да кажам намери, ако рандом пишам се знае што е. Друго е како личности да се запознаеме во живо, друго е slide to dms. Ама тоа сум јас, overthinking 24/7 и закован во место.
Веќе сум навикнат да се гледам со истите луѓе и ретко да комуницирам. Реален муабет, не е лоша идеа, но исто, мислам и не би ми сменило нешто во голем размер.
Како би сакал ти да се запознаеш со девојка? Еве не сакаш да комуницираш со никој во живо, не сакаш на социјални мрежи, не сакаш да запознаваш луѓе.. Дај пример како мислиш ти дека ќе запознаеш потенцијална партнерка?
Дека не сакам е грешно отсликано овде. Не можам би било поточно, значи како психички така и физички. Често пати се самоанализирам и факт е дека си мразам некој карактерни особини, и кога ќе размислам на долгорочен план, самиот си се одбивам И неможам решение да најдам. Секакви совети сум слушал, треба, мора, exposure ама кај мене како ништо да не помага.
@Dek0 Значи можеби не е проблемот толку средината и немањето можности, колку што е мајндсетот. Штом сам на себе си си одбивен, како да бидеш тогаш привлечен во очите на други? И не зборувам воопшто за физички изглед, туку за таа самодеструктивна негативна енергија. Тоа навистина одбива, особено на долга стаза. Решението е активно да започнеш да работиш повеќе на себе, секој ден, за себе и за идната партнерка. Доколку не е проблем, сподели што толку те кочи и овде, кои карактерни особини. Понекогаш пак само може фали самодоверба повеќе, може фали shadow work
Пробано и залудно. Само што споделив кратко мислење во темата Анксиозност. Не добив некој совет освем треба да си опуштен, да иницираш, да се форсираш да излегуваш. Тоа е една карактерна особина. Да го цитирам Friedrich Nietzsche: Веќе неколку години пробувам да се средам во било кој аспект што можам да го променам, физички, финансиски, но мајндсетот е најтешкото. Едноставно, како да го променам кога позитивни работи едноставно во ова поле не ми се случуваат? Веќе колку и да сакам девојка, до одреден степен сум помирен дека ќе останам сам.
@Dek0 Мислам дека ти фали малку самокритичност, во смисла на тоа да си поставиш самиот на себе неколку искрени прашања и реално да си одговориш. Односно, што е тоа различно што си го направил во текот на овие години во начинот на запознавање девојки? Бидејќи ако ништо различно не правиш, како очекуваш различен резултат? My honest impression е дека премногу си фокусиран на тоа што ти се случува вп сопствената глава, а ја забораваш практичната реалност I mean, мајндсетот е важен, ама битно е и однесувањето. Едноставно, не мора да се чувствуваш 100% самоуверено или спремно да започенеш различно да ги правиш работите. Баш така, чекор по чекор се стекнува подобар мајндсет
Ти до одреден ја до целосен степен, welcome to the club Некако се пронајдов во приказната, и кај мене, удварачи машала ама ете никако да смогнам сили и да се натерам себеси барем на дејт да идам. Не дека се преценувам далеку од тоа туку ете, некои други работи ми се приоритет па си давам простор на тоа поле да уживам во слободата. Кај тебе е малку поразлично со тоа што ти посакуваш да го смениш тоа, и искрено, штом си го сфатил тоа веќе на пола пат си да го решиш. Ја би ти рекла, биди упорен, не напорен ами упорен. Излегувај почесто, "силувај" се себеси на што почести прошетки, кафе со екипа излегување навечер итн. Нема не можам, не сакам, ќе одиш, точка. Од небо нема да ти падне. Значи оди, умешај се во народ, биди поопуштен (колку и да звучам клише ама така е, знам шо зборам), ако не друго прави спомени. Другата половина, сама ќе се појави Одам да нахранам мачето
од обврски, се вратив на форумов. Девојкава ми пиша сама да искочиме.Искочивме ден за ден.Има обуки и работи, затоа била зафатена.Плус и јас работев.