Очигледно? Дали барем ме прочита пред да прокоментираш нешто? Ме интересира стварно како ја долови таа поента? Меѓу кои избирам? Како? Како било...
Сум бил во иста ситуација.Анксиозност, overthinking...Се се изговори.Мораш малку како машко да се однесуваш и да не се предаваш. Искочи сам на пиво, искочи на свирка.Обидувај се со пуштање муабети, но секако не сељачки.И да биде и сељачки и корпа да добиеш, пак обиди се.Потруди се. Ако одиш во теретана, а искочиш, пиј сок, без алкохолно пиво.Или напиј се едно.Како што одиш во теретана, така направи шаблон и за излегување.
Сум бил во иста ситуација.Анксиозност, overthinking...Се се изговори.Мораш малку како машко да се однесуваш и да не се предаваш. Искочи сам на пиво, искочи на свирка.Обидувај се со пуштање муабети, но секако не сељачки.И да биде и сељачки и корпа да добиеш, пак обиди се.Потруди се. Ако одиш во теретана, а искочиш, пиј сок, без алкохолно пиво.Или напиј се едно.Како што одиш во теретана, така направи шаблон и за излегување.
На темава луѓево бараат совети, ако немате нешто паметно да кажите, поарно не ни пишувајте. Не ја разбирам таа потреба само нешто туку-така да се напише, колку да се искритикува, дури и да се навреди....
Никој не критикува.Даваме совет.Доколку му одговара нека прифати.Доколку не, нека го прескокне. Негов е изборот.Јас сум дал совет од искуство.Секој греши и може да се поправи како и он.
Ова ако не почнеш да си го искоренуваш, ништо нема да направиш друже. Сакаш девојка или не сакаш? Одлучи се. Ако сакаш, работиш на тоа, не се откажауваш, не креваш раце, не се самосожалуваш. Сите можеме да кренеме раце, најлесно е тоа, а најтешко е да се бориш за да успееш да го добиеш посакуваното. Не си спремен за тоа? Исто така едно од најбитните ствари, дали можеби со оваа твоја енергија со која зрачиш, ти ги одбиваш? Си се запрашал? Немаш 100 години да му се сневиди, нит прв нит последен си со тој проблем, не кукај вака, туку обиди се да смениш нешто. Ја кривиш анксиозноста и повлеченоста, те сфаќам совршено добро, но планираш тие нешта цел живот да ти се пречка за да си ја пронајдеш среќата и да почнеш да живееш како што посакуваш?
Да те одбијат неколку пати по ред и ти ке си повлечена со анксиозност, a ако то нема влијание на тебе и не ти е гајле тогаш ти си робот без чуства
Бре, бре, бре! Нит прв, ниту последен си што си бил одбиен. Не е страшно, не е крај на светот, има многу риби во морето. Треба да поработиш на себе за да напредуваш. Со страв што ако некој те одбие нема далеку да стигнеш. Луѓе се разведуваат, прекинуваат долги врски, и продолжуваат со животот, вие едно одбивање го сфаќате ептен тешко. Така ништо не правиш, не напредуваш со таков мајндсет. @Dek0 што ќе те чини ако промениш дел од рутината и излезеш малку од зоната на комфор? И сам кажа ретко излегуваш, гледаш исти луѓе, еднаш одиш на кафе и си зафатен. Никоја нема да ти тропне на врата или падне од небо.
Сум била и повлечена и анксиозна и уште сум. Лекции можам да ти држам на тема повлеченост буквално! За чувствата и емотивноста па да не зборам. Дај не се жали жити се. Патем, имаш работа и кола? Зар не ти беше доволно тоа, уште си сам?
Баш поради егото шо го имаш, се наоѓаш во таква ситуација. На крај краева никого не можеш со сила да го натераш да биде со тебе или да му се допадниш и да те избери. Едноставно треба да пројави интерест другата страна па за да те одбери, а за да пројави интерест треба да оставиш впечаток и внимание дека имаш некакви квалитети за да не те одбијат. Реално и ти да си, ако нешто не те прави да чувствуваш интерест или не наоѓаш заеднички нешта, и ти би одбил некоја без да се двоумиш, биди реален И секако, треба да намалите со очекувањата и критериумите, дај малце спуштете се подолу, не може сите да не чинат.
А ти не си одбил некоја? Составен дел од животот е, и ќе одбиеш, и тебе ќе те одбијат. Не е можно на сите да им се свиѓаш, нит па тебе ти се свиѓаат сите. Да, не е сеедно ама јбг, живот иде даље. Ако некој ме одбил не значи дека треба да се откажам од љубов. Ако не те сакала некоја, не значи дека никогаш нема да најдеш друга што ќе те сака и ќе ја сакаш. Не си единствен што бил повлечен и што имал проблем со анксиозност, така да полека малку со епитетиве.
Дечки сега ве читам, и сакам само да потенцирам без да навраќате страни и без да имате некој погрешни предрасуди. Според пишувањево на повеќе членови, мислам дека имате впечаток дека имам преголеми критериуми и / или дека сум инцел, но можам јас само да речам дека не е така. Сепак е дискусија, и кај мене проблемот е друг. Било да сте маж или жена, претпоставувам барем вие што реплицирате сте имале некаков тип на додворување во текот на животот, јас (барем колку што знам), сум немал ни додворување а богами ни знак да испушти некоја. Ваше е дали ќе ми верувате, но јас не сум имал ни текст фаза во последнава декада, од пред COVID. И и тие што сум ги имал, или имале некоја корист од мене, или свиѓале некој мој близок кога сум мислел јас поинаку. Едноставно не сум дел од ноќен живот иако живеам во туристички град каде барем преку лето има чат-пат нешто. Сега ќе се надоврзам на тебе Стеф. Зарем мислиш да би можел ова да го правам, до сега не ќе го направев? Разговарав и со психилог за ова, ми препорача пред излегување да земам димитрин-хелекс за да бидам поопуштен во овие средини, да се намали анксиозноста, и тоа и го направив, еднаш, ама и мислам никогаш повеќе. По-глупо, по отуѓено во таква средина не сум се осеќал, а замисли дури и со друштво бев, а сега ќе оставам да претпоставиш како би било сам да одам, јас веќе имам премногу размислувано. Сакам ама не располагам со вештини за да дојдам до неа. Да, сум се запрашал, и одговорот е најверојатно, со 100% сигурност неможам да потврдам. Крајот на краиштата, знам дека нешто не е во ред со мене, не знам што. Не сакам да се откажам, но сум многу блиску бидејќи и немам друга опција како да го надминам сето ова, а и не станувам помлад.
Всушност не ни правиш ништо од што да се откажеш? Многу е лесно да кажеш анксиозен сум до тоа е... Ти давал совети и психолог ти не си прифатил, не дека не ти помогнал ти си се откажал затоа што за ништо не сакаш да се потрудиш туку сакаш магично се да дојде... Како сакаш да дејташ некоја ако со никоја не сакаш ниту комуникација да започнеш?
Не се сите луѓе родени да трчат маратони, не секој мозок е створен да напредва нон стоп. Замисли аплицираш на 10 работни места и сите те одбиват без шанса на интервју како ке се осеќаш тогаш? Ако то нема да допри до тебе тогаш ти си човек со нула емпатија и чуства. Според твоето ти оправдуваш машки шо пишат на 1000 девојки оти ете тие такви се силни и немат гајле дека се одбивани секој ден. Значи треба да згрешам да се разведам за да се унапредам така а Повлечена и анксиозна од шо те одбивале машки кога си ги барала да ги запознаеш? Сигурно не Не збораме за мене сега ама чим веќе спомна така е за жал... сум бил на неговото место и додека не најдов работа со добра заработка сум бил одбиван без разлика шо сум бил грижлив со разбирање, шо сум се трудел да бидам во топ форма, алишта итн.. значи то е вснушност напредокот секој друг совет е без врска Какво его бе пријателе никогаш немам терано никоја да биди со мене на сила. Едноставно не давале шанси за запознавање никаков интерест и ги поканваш на дејт неколку пати те обдиват оти ете те гледат како обичен, почнува да замара то и се повлекваш. Поќето девојки имаат неколку десетици такви обични машки шо им пишат секој ден така да треба да не си обичен за да те одбери тебе, а то да не си обичен е да имаш поќе пари.. на повеќе од 90% не им е гајле дали си ти паметна, чуствителна личност и не дават шанса да те запознат како човекот шо си доколку не видат дека имаш успех и пари Немам никоја одбиено а сум бил одбиван повеќе пати... не зборам дека не е дел од живото туку за психолошкиот страничен ефект, после 10 пати одбивање едноставно ке се повлечиш ако си нормална чуствителна личност. А совет како пример не се откажувај, биди силен, храбар, оди надвор и зборај на девојки и да те одбијат ако пак прај го истото... то е совет за ладни бездушни чудовишта
Сите имаат вештини од раѓање? Што ги прави другите повредни од тебе? Не знаеш, не умееш... Не бе брат, само немаш соодветен пристап, а и не сакаш не си спремен да научиш. Да пробаш не сакаш, ти ми делуваш дека се плашиш да не се разочараш, се плашиш, као пораз ќе си го доживееш можеби. Апчињата така сметаш дека ти делуваа? Не мора да идеш по дискотеки за да најдеш љубов.. Да не мислиш сите сме по искачанките Зашо не? Како шо кажа членката, сите сме биле одбивани. Бар ние обичните смртници Лелелеее втф А шо да ти кажат? Ај шо да ти кажат, ти шо би кажал? Утепај се ако не бива работа?
Одбивањето е составен дел кај мажите поради тоа како општеството функционира. Мажите се тие што се под притисок, приоѓаат, преземаат ризик, и на крај ги сносат последиците. Нема маж што не бил одбиен во живот, додека многу жени и не знаат што е тоа одбивање. Многу од нив, највеќе што искусиле е да не им пришол некој што го свиѓале. Поради сето ова има огромен терет кај младите машки и нормално е да дојдат до фаза каде што ќе сакаат да се повлечат, посебно во едно вакво ултра компетиривно општество каде што секој чекор се прати, документира и се шири на социјални мрежи како чума. И мој совет како некој постар и поискусен е дека прв чекор не се прави каде што се превзема 100% ризик, туку каде што имаш јасен знак од другата страна. Сите девојки што сум ги имал, уште пред да им пристапам сум знаел дека се заинтересирани за мене. На овој, или оној начин ми го покажале тоа. И секое пристапување нека ви биде ноншалантно, на пријателска база, никогаш директно и апла. Пристапувате да се запознаете, не по дифолт дека сакате да бидете со некој. Не ве бираат само, и вие бирате. Интересот треба да биде двостран.
@Dek0 Страшно е колку се моќни мислите да ни ја обликуваат реалноста. Ако постојано аутосугестивно се убедуваш дека постои проблем кај тебе и не преземеш нешто против такви деструктивни мисли не гледам начин како би излегол од кругот. Среди се прво себе а потоа ќе си подготвен и за девојка.
Види, јас се сложувам со скоро сѐ што кажа. Единствено не би се сложила со делот дека жените не знаат што е одбивање. Иако е поретко, има и жени што приоѓаат/пишуваат први (јас сум го правела тоа) и биле одбивани, макар еднаш. Разбирливо и човечки е да се разочараш и повлечеш некој период, ама не и да се откажеш. Советот што им го даде е на место.