@junec абе види, сум била одбивана и за работни места, сум била повредувана од мажи за кои би дала живот а и ден денес по толку време ме боли таа лузна, не можеш да знаеш низ што поминува човек за да мислиш така. Не дозволив сето тоа да ме натера да се затворам или да имам таков мајндсет како твојот дека сите трчат по коли и пари и дека секој мора да те сака во животот. Со жалење не можеш ништо да постигнеш. Смени го тоа мислење дека сите девојки трчаат по пари и коли и слични глупости. Никому во животот не му е розево. Поработи на себе, на пристапот, ако една не те сака ќе те сака друга. Во ред е на некому да не му се допаѓаш, во ред е да не сака да биде со тебе, живот иде даље. Ако дозволам секое одбивање да допира до мене психички ќе се уништам. Ако некој не го допира се и сешто бе значи дека е човек без емоции. Без форсирање на работите и без премногу очекувања. Каков совет сакаш ако не отстапуваш сам од своите рутини?
Пишав повеќето, не сите. Секако има и жени што приоѓаат, ама има и такви што никогаш во живот не би пришле, никогаш. Што е и океј, затоа што сепак според сите социјални норми, мажите треба да го прават првиот чекор. Проблемот е што денес има огромен општествен притисок, приоѓање, и одбивање се смета за јавно исмејување, се споделува на социјални мрежи, се праќаат скриншоти. Вакви работи директно влијаат на млади дечки, кои се повлекуваат и се затвораат во себе. Кој е постар на форумот ќе се сложи со мене дека порано запознавањето било далеку полесно, и генерално било многу поопуштено од што е денес. Не само за врски, општо за дружба.
Точно, нѐ има секакви, без разлика на пол. За мене барем можам да си кажам дека немам проблем со тоа. Тоа со исмејувањето и споделувањето на социјални мрежи дека одбиле некого, според мене може само некоја незрела особа да го направи. Зрел и остварен човек не би се замарал со такви глупости. Истото го мислам и за некој што на пример се служи со вреѓање на особата што го одбила, тоа ми е многу детско и ниско понашање. За последниот дел, иако не сум многу ,,стара" ќе се сложам дека приоѓањето и општо запознавањето во живо е многу полесно. Така многу подобро го запознаваш човекот и имаш поголеми шанси да ја добиеш вистинската слика за него, за разлика од социјални мрежи кадешто многу често ништо не е реално прикажано. Мислам дека на повеќето ни се десило, да ни се допадне некој на инстаграм а кога ќе се запознаеме во живо да се ,,разочараме" затоа што не бил таков каков што ни се прикажувал на инстаграм.
Ама ти си била во врска со тие мажи шо те малтретирале шо те повредиле а сигурно не те одбиле кога си ги поканила на дејт да се запознаете.. разликата е голема. Сега ти замисли како ке ти биди да те одбијат 10 машки еден по друг за дејт Бадијала им се збора џабе е... сега се е како ке се изрекламираш па да ја заинтересирам таа да ми пиши оти јас ако пишам прв тогаш сум манијакот и очаен сум бил
@junec Како дошло до тоа да те одбијат? Не верувам дека сите те одбиле поради пари. Не знам како изгледа да те одбие девојка за кафе бидејќи сите што сум ги дејтал сум бил во врска со нив, ама многу добро знам како боли да раскинуваш долгогодишни врски и верувај сигурно е помалку болно да те одбие за кафе некој кој го знаеш неколку дена и пак не сум се откажал.. Тоа не значи дека сум без емпатија и чувства едноставно сум пробал не успеало животот продолжува ќе најдам некоја со која двајцата ќе си одговараме... А што се однесува до пишување на инста на некои што не ги знаеш е најглуп начин за дејтање и најмалку успешен. Ни јас не би вратил на инстаграм на порака на непознат. И да глупо е на 1000 девојки да пишуваш.. Како пишувате на толку многу ? Не треба прво да ти се допадне па потоа да пишеш? Ова е исто ќе пробам кај сите па кај успее.. Мора работа на себе, на комуникација, начин на размислување...
Ја да сум ќе се запрашам шо не е у ред со мене!? Или ти се превисоки критериумите, или имаш свои недостатоци За какви недостатоци станува збор, ако станува, само би шпекулирале. Треба ти да си размислиш за ова.
Не ме малтретирале тие со кои сум била во врска, ме повредиле на друг начин тие што ми се допаѓале а со кои не сум била во врска, два различни поими, поточно сум била одбивана или сум била гледана само за секс. Престани да глумиш жртва, крени глава и поработи на себе. Толку е едноставно наместо да плачеш по форуми.
Не било тоа така "немаш пари сиромав си зато нема дејт" туку "не денес, ај утре" а кога дошло утре било "ај другата недела" за да не биди ништо пак и после то да ми пишат тие први и пак ништо да не биди, значи игри како во некој круг дали за внимание дали за ego trip или за кој знае шо. Е сега од кога сменив работа, друга кариера и можам да излегвам секој петок, сабота, недела, да патувам често надвор од државата, да трошам повеќе и то да го објаувам на инста, наеднаш интересот се покачи за 10 пати дури имам добиено понуди за дејт а то не се случило предходно. Ова е според моето искуство и шо ми помогнало мене е повеќе пари, другите совети биди смешен кловн, вежбај, оди на прошетки, хобија итн.. се било бадијала. Освен ако не си надпросечно убав така и да се дрогираш пак ке ти се лепат девојки И мене ми е одбвино то, ги мразам тие работи спамирање секоја една зато и пишав така дека ми даваја совет упорен да бидам и дека немало гајле и да ме одбијат 100 пати.. не е чоечки то Ете ке ти повторам пак: Пари и читај погоре шо му пишав на другарот за да не се повторваме по 1000 пати То ти шо си правела во твоето минато е твоја работа нема врска со ова овде шо го збораме. И не глумам никаква жртва јас туку зборам така како што е и му давам совет на Деко за то шо мене ми помогнало
@junec зборуваме за тоа дека никому не е сјајно и сите сме биле одбивани. Животот продолжува, за жал не е како што сакаме секогаш. Многу добро знам како се чувствуваш, сум се чувствувала исто, но кратко сум тагувала и не сум дозволувала да ме уништи пораз. Да, сум се борела против анксиозност но сум успевала да станам по поразот. Колку и да звучи клише, не дозволувај некои работи да те победат, променат или да ти променат начин на размислување. Сум била и јас долго сингл, не ми беше убаво додека бев сама и осамена ама барав начин да поработам на самодовербата и други работи. Натака ти си знаеш.
Дефинитивно не се парите кои ги привлекле нив, туку ти си добил можност за повеќе излегувања што ти овозможуваат повеќе познанства. Плус многу често се чека стори на инста за да ти пише некој, ако ставаш почесто добиваш поголеми шанси некој да искоментира на истото.. Друго не можам без да знам да кажам дека те користеле, ќе те искористи една- две на таков начин не можат сите.. Може не е до нивното его туку несигурност, а ти со ништо не си направил за да се осети сигурно да излезе со тебе.. И јас на почетокот (и не беше многу почеток) на сегашната врска тука барав совет кај што и јас имав мисли дали сум користен или нешто не е во ред со мене.. Многу добри совети добив и беа во право дека за некои работи јас немам дадено доволно сигурност на девојката, ги применив советите и добив разлика во врската и нејзината доверба и однесување...
Значи lemme get this straight, Кога немате пари, секоја која не е заинтересирана автоматски e спонзоруша. Кога ќе дојдете до пари, ги постирате на Инста за да добиете внимание од жени кои сакаат мажи со пари. Дуњице то сам ја, логика од Тему
Да се откажам од помислата да си најдам женска, да си се помирам со фактот дека не секој (односно јас) има среќен крај и дека има сродна душа. Факт е дека сум анкиозен кога сум доживеал неколку пати панични напади од таа анксиозност, но не биле сите во овој контекст. Истото и тој ми го рече, мора да се потрудиш и ти но тоа е широк поим. Што да правам кога се ми изледа неприродно? Да пристапувам во живо, скоро никогаш нема сами, или се во друштво што во моментот ако пристапиш самиот си пишиш смртна казна, или се со дечко. Згора на тоа, не мора да потенцирам дека немам гејм. Да се додворувам на социјалки со некои што немам ни здраво направено во живо ми е исто така дебилно, но тоа можеби сум јас, самиот препреки си редам а можеби дејтинг сценава сега е поинаква и поопуштена а јас е комплицирам, затоа и сакав да слушнам мислење. Факт е, веќе имам години што се докажувало потполно истото, иначе не ќе бев тука да *кукам на форумот. Колку се деструктивни, толку се и реални. -- Што се однесува до дискусијата за пари, не ги гледам така работите иако малку времево е материјалистичко и повеќето гледаат за пари, статус, патувања и слично. Не сум некој што премногу има, не сум некој и што нема. И да сумираме од дискусијава на кратко? Излегување почесто иако ми е непристојно и се чувстувам како крип? Ако е со друштво, пиши пропало, ако е без, поголемо пропало. Да пишам на социјални мрежи на непознати не бива, да не пишам, пак не бива. Неможам да најдам НЗС.
Ако ти е до толку незгодно.. Немаш ниту една братучедка да се здружиш со неа, викни ја на кафе неколку пати ти после може ќе дојде ќе те викне со другарка или ќе те стави на стори на некоја другарка ќе се допаднеш... Или некоја стара пријателка не мора само таа зебри го старото детско друштво од мало што сте играле сигурно имало и машки и женски покрај нив може ќе влезеш во ново друштво, нови луѓе.. Во теретана ако видиш почетник понуди помош или прај се глуп за некоја справа па прашај како се користи кажи фала пружи рака претстави се и започни разговор...
Ништо ново, јас секако сегашнава состојба е доживувам како пораз. Не, не мислам дека ми делуваа. Не, не мислам дека сите се екстроверти, но сепак и таквите пронаоѓаат, а јас не. Значи друго е проблем. Помали се. Не сум во контакт со стари пријателки, случајно ако ги контактирам или ќе мислет нешто ми треба (точно) или ќе мислет им нудам пирамидска шема. Сум разговарал во теретана со девојки, повеќе наврати, али нареден пат до мене поминуваат со глава во земја, или преку мене гледаат и како тоа да го сфатам јас? Да приоѓам да досаѓам for the sake of it? Или веќе аутизам имам и неможам емоција да препознавам.
@Dek0 најдобар совет - не барај совет на фемина. Ти пишуваат луѓе што само сакаат да се осеќаш уште полошо. Ако веќе бараш совети на форуми, подобро редит или не знам, да најдеш онлајн луѓе со слична ситуација како тебе.
Кај го погоди реддит. Таму се што има на македонски е дно дна. Секој пат кога сум гуглал нешто и сум отварал таму, катаракта сум добивал. Фемина со сите фалинки и нереализирани карактери сепак ќе пружи повеќе отколку такво дувло.