1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Jaс се согласувам со тебе дека е подобро сам да се запознае со неа отколку преку други пријатели,бидејќи и јас стварно мразам така,ама според мене стварно многу чудно ќе дојде некој што ни го знаеш,ни го познаваш,ни една реченица муабет немаш направено,да дојде да те поздрави (освен ако се свиѓате и двајцата,е тогаш може,но во овој случај не сме сигурни дали и девојкава го бендисува Јипи)...сепак на Јипи оставаме да одбере како ќе се запознае со девојкава,па да не извести за резултатите.Поздрав ;)
     
    На Yipman2 и WildCherry им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    И јас се согласувам дека најубаво е да и се приближи и да почне разговор.Вака може и он да ја мерка и она да го мерка а ниеден да не се осмели да го направи првиот чекор.
    Така да Јипи собери храброст и запознај се со неа.Најпосле ако не биде нешто друго,може да станете другари.Не губиш ништо а можеш многу да добиеш.Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи но понекогаш во животот треба и малку смелост.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Абее ќе се возам до нејзин град ... мислев тука у Ск да ја сретнам .


    како и да е одговорите се веќе анализирани ( не ми се верува дека земав лист и анализирав на него кој фрик сум значи) и сега сцената е поставена , т.е ќе се постави ... мора да дознам да не свиѓа некој или да не има некоја симпатија ...


    ај може ќе ве известам некој ден за резултати , знаете во МКД се чека неколку месеци за резултати :rofl: :rofl:


    Ќе почекам сеа да се врати во Скопје


    Благодарам на вашето време и одговор , ќе ви се врати со снег и милка чоколадо :inlove: :inlove:
     
    На Divinebutterfly, CIA и girl.23 им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Доцнам 2 месеци со одговорот, ама ај сепак ќе одговарам :D ...

    1. Дефинитивно. Сите на почеток на сексуалното искуство верувам дека сме искусиле триење на суво без доволна лубрикација. Што има врска ова? Па, твоето однесување неа ја е*е во здрав мозок и тоа на суво со тоа што таа те дразни, а тебе не те боли полов орган за тоа. Проста психологија и делува независно од пол, повеќе е изразена кај луѓе со големо, ама неизбалансирано его. Таа е во ситуација на it's easy to tease but hard to get release и тоа од неа самата, проектирано преку тебе.

    2. Може и да, може и не. Може и нејзиниот дечко да ги поседува твоите карактеристики, ама тој е веќе освоена територија. Дури и кај двајца скоро идентични субјекти кога едниот е достапен, другиот не, човечката мотивација претежно го бира вториот, тука не сме ги надминале многу законите на џунглите и саваните и натаму сме во пештерите :D . Нема овде однапред пропишани правила некои бираат секогаш слични, некои дијаметрално спротивни карактери и темпераменти на партнери.

    3. Исто што и на мажите :) . Во принцип сите прокламираат потреба од искрен и отворен партнер, ама на пазарот на спарување во игра се премногу извештачености, маски, суети и ега често желни и за валкани игрици само да се излезе како победник, манипулации итн. итн. и често се расипуваат и врски од повеќе години за его фид од секс за една ноќ со кој сметаат дека со затнување на еден отвор ќе се наполни душевната празнина. Епа не оди така, ама ја увери го некој кој сака изгореници од трет степен на своја кожа, за да се чалами потоа со емпириско запечатување. Оф, мори ма(ј)ко...
     
    На felisitas, thinkerbell, EleMental и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bobisk

    bobisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Ајде нова приказна...

    Со другарка ми си се знаеме одамна едно 6-7 години, а и бевме во ист клас во 1-во и 2-ро одделение :D Последниве 2 години ептен се зближивме: излегувања, скајп и фб секој ден, па коментари, лајкови, стандард....па ја викнав и на дипломска, па стално ме прашува за совети, мислења....дури и поздравувањето веќе не е обичен стисок со рацете туку кратко гушкање и бакнеж во образ ;) И сега што да правам...да превземам чекор за нешто посериозно или... :worried:
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Па ако и она ти дава знаци дека сака да биде нешто повеќе тргни.. ако не подобро задржи ја само како другарка :)
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ако навистина ти се допаѓа превземи нешто, но пред тоа треба на некој начин да се осигураш дека и таа чувствува нешто повеќе за тебе освен другарска љубов. Обиди се уште повеќе да и се приближиш, но не пренападно, или одоколу да ја прашаш... Ако не ти дава никакви знаци, немој да си го расипуваш другарството.
     
  8. bobisk

    bobisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Па знаци...шо знам? :?: На пример?
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Па не знам ако разговара со тебе поголемиот дел од времето, ако си ја фаќа косата додека збори со тебе, ако изгледа срамежливо.. знаци :)
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ти треба да ги пронајдеш знаците за да може подобро да се запознае ситуацијата.
    Тоа што го опиша ни кажува дека вие сте блиски, па според карактерот ти најдобро знаеш што таа чувствува кон тебе, дали нејзините чувства се само пријателски(штом те прашува за совети) или со тоа сака нешто повеќе.
    А дали да преземеш нешто прво одговори си на прашањава.
    1.Дали вреди нашето пријателство да прерансе во нешто повеќе?
    2.Како ја гледам, дали воопшто чувствувам нешто повеќе за неа за да можам да бидам со неа?
    3.Дали доволно ме сака/ме свиѓа за да бидеме заедно?
    4.Како ќе реагира ако и кажам дека сакам нешто повеќе?
    И уште некои прашања и на тебе останува дали ќе направиш чекор повеќе.
     
  11. FST

    FST Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    како да запознаеш дечко(девојка) во зима (преку ден спонтано

    незнам дали е до снегов или до мене ама некако во лето има повеке шанси преку ден во некаква спонтана или полуспонтана ситуација да запознаеш девојка со која се разминуваш на улица шеташ некаде или слично. И некако повеке верувам во денските запознавања отколку вечерните ама ова зимо некако не иде. Можда и ја сум глуп не го користам доволно снегот као стратешки партнер - можда и сите стварно премногу брзаат некаде па некако добрата можност да направиш нешто ја снемува додека трепнеш. А и на зимовање да идеш не е ко на летовање - ...девојки на плажа.. имаш саат време да мислиш како да и пријдеш. па влагање у вода ..а сега???

    Донекаде мислам и дека добар дел од (спонтаниве) денски запознавања се е игра..барем за мене е во лето.. ама (можда првпат сега се најдов сред зима.. сакам да запознаам нова девојка (спонтано) и полека се привикнувам со фактот дека незнам да си изградам спонтана ситуација во зима ..

    можда и оној дел што не е до играта (среќа) нешто не ми е настроен баш месецов. што убаво знае некогаш среќата да те однесе баш некаде во правиот момент каде сам влетуваш во совршена ситуација.

    Ајде ако има некоја добра идеја или искуство сам да си изиграш ..
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    како да запознаеш дечко(девојка) во зима (преку ден спонтано

    Дечко па ако одиш на скијање нема подобра прилика од тоа да запознаеш девојка... си се качуваш со некоја на жичара и си почнуваш муабет.... ако не скијаш излези по кафичи на кафе сигурно ќе најдеш некоја што ќе ти се допадне, пријди и и запознај се.. сепак според мене за зима иделано е запознавање на жичара ахааах :lol: :lol:
     
  13. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    како да запознаеш дечко(девојка) во зима (преку ден спонтано

    лелее колку романтично звучи ова што си го напишал... снег врни тура и да ти пријде некој со чадор и да ти каже ајде со мене на чај гледам си смрзнала :D
     
    На DeckoSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Рецепт за спонатно запознавање на дечко/девојка во зима

    Потребни состојки:
    1. Снег
    2.Добра чизма
    3.Добра јакна
    4.Санка (по избор)
    5.Шал и капа (исто по избор)
    6.Два субјекти кои ќе се сретнат во евентуалната ситуација

    Во добро наврнат снег, со претходно облечени чизми и јакна (шал и капа одат по индивидуален вкус) се излегува надвор и се шеткара по снегчето, со изгубен поглед како да те мава некоја носталгија додека ги гледаш снегулките како паѓаат.
    Неочекувано и спонтано, а сепак планирано, те пресретнуваат 2 девојки, со зимска опрема исто по избор, кои се фоткаат за фејсбук на снегчето, и те замолуваат да ги фотнеш. Се запознаваш со двете од кои едната е сингл и воедно е љубовта на твојот живот. Ти иде една луда идеја дека супер би било да се санкате заедно на снегот (исто така ќе направите уште 20 фотки за во албумот *****Snow,love and happiness*****) која она автоматски ја прифаќа, се санкате 2 саати и денот се заокружува со топло кафе Паскалин или се сервира со квалитетно суво црвено вино од винарската возба Тиквеш, со арома на цреши и костени.

    Доколку си девојка, рецептот оди исто се до делот каде те сретнуваат двајца момци, ти ненадејно се слизнуваш на снегот, едниот те придржува, воедно е и сингл и по твој вкус, се запознавате, си разменувате фејсбук и остатокот од вечерта го поминуваш дома и чекаш да те адне.

    А сега озбилно, нема некое правило или некој не знам каков ефикасен совет, излези и, hope for the best, временските услови немаат никаква врска зошто буквално секаде можеш да запознаеш некој. По овие снегови само најхрабрите излегуваат, така да ако ти е толку до женска и до филмски запознавања, излези и барај, што да кажам.
     
    На srcekrsacka, Butterfly15, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. FST

    FST Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    срцки сте .. се е ова супер ама фактор среќа нешто не ми пали.. не мислев од машта ситуации што би било убаво знам и јас .. наврната девојка на снегот .. оние двете со санките да не претеруваме Нимериа фала убаво беше за читање ..ама јас мислев да нешто што не (или помалку) вклучува среќа.. пошто шетајќи деновиве на снегот не налетав на некоја наврната девојка која трепка со очињата и стои на снегот а уште помалку на другарките со санката што чекаат некој да ги слика... среиозно.. има некаква (игра) за вакво приоѓање во зима што јас не ја знам или да чекам пролет
     
    На Mer4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Тоа што го опишав беше очигледна заебанција, но ајде нема врска.
    Кажи ми како може да изградиш спонтана ситуација? Значи спонтана. Ама и тоа нема врска.
    Убаво пиша некој погоре, на зимување најлесно можеш да запознаеш некоја, во снег. Кажа и самиот, на лето полесно ти е бидејќи има фактор вода, плажа и играње, па така можеш и зимувањето да го искористиш и да се „заиграш“ со некоја на снег, биди креативен.
    А инаку вака во град од нигде никаде, не знам како би запознал некоја спонтано. Спонтаните ситуации не ни можеш да дознаеш какви ќе бидат бидејќи се спонтани.
     
  17. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    многу често ми се случило да се разминам со некое добро типче на улица и погледи и на крајот насмевка но никогаш не се случило да ме застани и да започни било каков муабет. Кога гледаш како те гледам шо не ме застаниш бреееејјј :)
    FST блазе си и на таа што ќе биде твоја „жртва“ јас мислам дека не само јас туку и повеќето девојки сакаат спонтаност :) good luck
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FST

    FST Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    merce ...среќава некако не приметува дека сакам да запознаам девојка на снегов .. а по снегов сите некаде брзаат..не можеш да пријдеш..
    али ако излезеш ти да се шеташ.. чекори полека (иако е ладно )..да бидам поискрен би сакал и да не носиш чадор и да си наврната како што збореше.. а кога ке се разминуваме ..онака љуботпитно да погледнеш и да се насмееш како што збориш дека правиш .. :inlove:

    ипак ја изгледа претерувам.. минус 10 не е за романтика и спонтаност на снег... што несомнено води до искачање во град .

    фала во секој случај.
     
    На Mer4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Зашто да не е ??? Па следен пат кога некоја ќе ти се насмевне кога ќе се разминете зашто да не ја застанеш и да и пријдеш??
    Нема тука што да се мислиш... Романтиката од филмовите ние ја создаваме, па нема ништо поубаво од такво спонтано запознавање...И да, спонтано е ако во моментот ви се сретнат погледите и нешто ти заигра во душичката , и посакаш да ја застанеш , таа ти се насмевнува и ти да и пријдеш...
    Мислам дека нема потреба да се мислиш што да и кажеш, ако ја препознаеш таа искра во очите и нејзината насмевка , која ќе ти каже пвеќе од 1000 зборови , твое е да ризикуваш......Можеби само била радосна тој ден , но сигурна сум дека ти ќе препознаеш ако те погледне на друг начин....
    Сите тоа го чувствуваме.....
    И јас ова толку често ми се има случувано , што ми се смачи.....
    Погледот, хемијата, и потоа двајцата си продолжуваме гордо во нашиот правец...Па добро, можеби некој од тие бил зафатен , можеби на некои не би им одговарала мојата ситуација, но сигурна сум дека некој од тие можеби е и ко за мене, но не можеме да дознаеме бидејки денес нема толку смелост , или има премногу гордост кај мажите за да пријдат директно на непозната девојка на улицата...Обично останаа само манијаците и оние вулгарните да го прават тоа..........
    Штом си таков романтичен тип :) ПРЕКИНИ ДА РАЗМИСЛУВАШ И ШТОМ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ТАКВА СИТУАЦИА ДЕЈСТВУВАЈ !!!!! ;)
     
  20. Sensei

    Sensei Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Зима не зима, ја утре на симпатијата и праќам цвеќе на работа. Ако не падне на тоа, ќе се самозапалам
    (-_-) :)
     
    На srcekrsacka и mims-89 им се допаѓа ова.