Се чудам зашто? Толку зарем сите се дигнати, една зар нема што е пријателски расположена? Фала Богу со сила нема да се упикуваш, тоа никако. Сам викаш дека има проблем, сметам дека треба да се поработи на тоа да се најде коренот на истиот, откажувањето и помирувањето не се решение само да знаеш. Анксиозност, стравови, паники, секојдневие се за многумина, па некако успеваат да туркаат низ животот. Ти треба тебе професионалец вистински што стварно би те насочил во права насока, не е само препиши лекови да пиеш, затоа и не си бил задоволен и си се откажал. Работа на себе е долготраен процес, свака част на сите тие кои успеваат во права смисла целосно да се преобразат. @Angie1432 шо иаме против анонимен лик кој бара некое мислење, па да сакаме полошо да му е? Баш сакам дечкото да си ја најде среќата. Ти као најкомпетентна тука требаше да го советуваш.
Најдобро да иницирам да се отвори неделна група за подршка со столчина во круг за напатени души ко мене. Искрено ако не најдам овде некое мислење, на кајгана и редит нема сигурно. Не знам, во мое искуство често така се, топло-ладно. Да бев до толку грд ќе разберев, ипак имам малку self-awareness. Знаеш, ситоацијата во која се наоѓам сама од себе не помага баш, бидејќи долго време сум во истата.
Не знам во кој свет живееш ти ама каде се тие таквите шо не сакаат пари на денешно време? Баш сакам да запознам таква шо не ја интересират пари барем нема да се мачам да работам и ке живеј ме среќно од љубов Се е advertising во 26та шо да ти правам кога е таква играта не сум ја измислил јас... вака барем враќат во дм одма не го да ги чекаш со денови да излезат од глума Ние скромните од Temu а вие богатите со Gucci логика
Ама шо дека ќе е со тебе коа знаеш дека не те сака тебе како личност, туку парите.. На крај па ќе те остави за побогат од тебе хахаа
Со ваков став, нема да најдеш саглам личност. А не ми изгледа ни дека бараш? Ти не сакаш ли пари? Зар не се мачиш да работиш и за сам себе? За чисти сметки, полн стомак и сопствено задоволство? Само изговори. Сѐ некој друг е крив.
Хихихи, како сум го пропуштила тоа хихихи Овој сака некоја да го трпи, пере, готви, да му плаќа сметки со изговор дека тоа е љубов додека он се легачи бреее, оф мори мајко, он за спонзоруши ќе зборел , labor digger еден.
И да му поштува цела фамилија. И збор да не каже кога е уморна. И секс да не одбие никогаш. Бара он нешто друго не бара жена ! Робиња
Аман, бре. Мали ненападни гестови. Врата знаеш ли да задржиш за она со товарот во рацете да влезе пред или по тебе во објектот? На каса во маркет дај ѝ предност. Ако почнеш муабет при вежбање, пофали ја за нешто дека супер ѝ оди. Само не претерувај. Со вакви ставови што ги фрлаат сите женски во еден ќош, и нема да ја најдеш девојката.
Нормално дека сум то направил тоа, не сум до толку. Често давам комплименти, али пак невидлив сум. Се чуствувам како наметкана од Хари Потер да е носам 24/7.
Какво хоби? Имам еден куп хобиња, немам доволно време. Надворешно ми е спорт во целина за кое што посебно време имам посветено. Уште за сам пред огледало сум да зборувам
Те читам и еве вака ќе те прашам и ќе бидам малце харш ама како сакаш разбери го. Како тоа немаш време за излегување а кукаш дека женска не можеш да си најдеш? Да не чекаш случајно на бел коњ да ти дојде пред врата? Мислам во ред е да посветиш време на самиот себе си, ама ти очигледно не сакаш да излезеш од комфор зоната во која што се наоѓаш, имаш страв да пристапиш на девојка, да искомуницираш со девојка, макар била и познаничка или некоја што не ја знаеш. Реалноста? И кога ќе одлучиш тоа да направиш големи се шансите дека ќе бидеш одбиен. Не зошто си грд, или пак имаш лош карактер или не знам што, сплет на околности, можеби ќе погодиш некоја што сеуште е затрескана во бившиот (карикирам), и тогаш за тебе ќе дојде уште потешкиот момент кај што ќе те однесе до пропаст уште повеќе, и ќе се разочараш уште повеќе зошто ќе помислиш дека е крај на светот. АМА битно е да иницираш контакт, и без разлика што и да се случи, да продолжиш да го правиш тоа за да излезеш од зачараниот круг во кој се наоѓаш и да стекнеш малце самодоверба и искуство. Друго, јас да сум некоја што сакам да ти пишам и да ти пријдам и да го видам овој мајндсет твој што го имаш од типот на "Јас сум уште за сам пред огледало да зборам", или да си иницирал група со столчиња во круг за напатени души како тебе и не знам што уште не прочитав, па река да ми течи долу колку и да си убав, ќе пресуши во истиот момент
"Зборај си сам пред огледало" и по една недела Демир Хисар во душевно Или "биди манијак во маркети на каса" и после секаде низ интернет да ме има Какви совети се делат бравос
Нешто ново што не си го правел до сега. И сите кои се занимаваат со јавна работа прават такви вежби. Никој не вика да забегуваш по цел ден, туку да направиш кратка вежба кога те фаќа анкс или паника. Никој не му вика да биде манијак. Никој не сака такви. Туку да покажува основна култура во разумни граници. Нешто за што ти изгледа не знаеш.
Неколку наврати пишав за ова, малку поинаку се сфати. Не е дека немам време, него бројот на излегувања ми е ограничен бидејќи прво не се осеќам добро во тие средини, нит пијам, нит пушам едноставно не ми е таму местото и одам само по договор, сам никогаш не излегувам. И да излегвам, не ми сменало ништо до сега во животот, така да го сметам едноставно за губење време, не знам како да ме сфатите. Ако тоа е единствено решение, да завршам дискусија тука. Јасно, меѓутоа овде зборувам слободно, во приватен живот никој не би го слушнал тој разговор. Е сега, таму каде што сум пристапувал, искрено или кратки/ладни возврати сум добивал, или нареден пат вртење глава и тоа е. Крај краева, и зошто би ми збореле, кога еден блок да испешачат ќе најдет некој подобар од мене. Ќе ставам крај на дискусија овдека, дека очигледно јас во друг свет живеам, свет каде што интеракцијата спрема мене и спрема вас е сосема различна. Не ми е јасно колку и да се трудам, ама 1 % заинтересираност немало кон мене.
Подобар во која смисла? Зошто едноставно ако мислиш дека во нешто не си добар не работиш на себе и ти да станеш тој подобар?
Генетика, карактер па и кеш. Што да си губи некој време со мене кога ќе најде некој немора да е поубав, едноставно по опуштен, излегувања, пијанства, се осеќа подобро со него. Што има да работам тука? Тоа што можам да контролирам го подобрувам, ама едноставно тоа нема крај. Дејтинг светов е дизајниран спротивно мене.
Сериозно мислиш дека пијаница е подобар од некој што не пие? На карактер се работи, генетика не можеш многу да смениш ама фризура, облека и добар парфем многу менуваат. А ако имаш пари за теретана зарем немаш за едено кафе, сок и пица? Ете тренирај на отворено парите што ги даваш за теретана ќе ти останат...