Не е поврзано со членот што бара совет но има некои личности нарциси ли не знам што се и најочигледното одбивање некако у глава го вртат како пуштање. Имам другар, сведок бев на ситуацијата девојката воопшто незаинтересирана дури и по гримасите се гледаше дека не е, откако замина он си напраи свој филм у глава дека го свиѓа, како само еве не знам.
Ако се дружите во живо, подобро би било да ја прашаш пред да ја додадеш. Сигурно има причина зошто не прифаќа. И мене ми седат 500+ реквести на приватниот профил од некои што не ги познавам, понекогаш ќе прифатам некој ако ми се згоди во моментот. Сега да, малку е незгодно да прашаш "еј зошто не ме прифаќаш на Инстаграм". Но ако толку те копка, отвори ја темата. Можеби нешто ко "Еј те додадов на Инстаграм, не те прашав дали ти е згодно прво извини". И тогаш најверојатно ќе ја дознаеш вистината.
Бидејќи не ги познавам едноставно. Профилот ми беше отворен порано, но не сакам секој да има пристап. Еве во мојот случај ако правам муабет со некој во живо и ме додаде, ќе го прифатам. Но не секоја така прави. Во секој случај, подобро е да се праша.
Зошто очигледно е за што те аднуваат мажи сигурно не за да бидете најдобри пријатели.Обично кога ќе ме адне некој ако го прифатам евeнтуално ќе ми пише порано или подоцна.. Тоа е мојата причина зошто не прифаќам рандом не важи само за сега туку и кога сум била слободна.
Ако не сакам да прифатам, го оставам така, не мора да го одбијам. Не значи ништо, никаква резерва тоа дека понатака ќе те прифати. Од моја перспектива ова.
Одбивав. И упорно ме додаваа. И блокирав. Па од друг профил ме додаваа. И сега не ни отворам риквест сем ако не очекувам да ме додај некој. Се така седи. Не е резерва, тргање досадни мажи шо не знат да прифатат "не" настрана е.
Едноставно, ако не го знаам во живо, не го прифаќам. Нит за резерва, нит ништо. Најчесто ги бришам поканите за пријателства, пошто едноставни не ги познавам и не сакам да ги знам. И откако ќе ги избришам пак ме адднуваат. @Dek0 И после ги оставам да стојат пошто очигледно не сфаќаат дека не прифаќам некој шо не го познавам лично.
јас имам проблем со една девојка.Односно, одам на работа, таа исто.Само преку викенд вика.Преку недела ја нема.Да продолжам да и искачам или да си продолжам со животот?Вака ок девојка е, но како да не знае дали да влезе во врска.А, сеуште се запознаваме и сака да контролира.Под контрола мислам се сака да е по нејзино, каде да се искочи, таму одиме, по некогаш е и по мое.Најкомично е кога ќе ја снема преку недела.Нема татко, малце е исплашена од врски, можеби и затоа така се однесува.Но, не знам, само претпоставувам. Не сум некој што изневерува и ја чекам.Но, фрустрира ваквото чекање.
Работи во смени, како и е работното време? Колку време се гледате така? Освен работата, има други обврски? Не мора веднаш да значи дека нешто не чини. А и можеш да ја прашаш, најдобро е отворено да се прашува и разговара.
не работи во смени, прва смена е секогаш и јас и таа.Па, очигледно има други обврски.Има сама кажано за обврските отворено, сигурно ги има и сега.Се гледаме околу месец и пол.Некако ќе се олади, па ќе се стопли. Најдобро да ја прашам. Еднаш не можев да искочам, па ми се жалеше дека не сум имал време за нејзе(од оправдани причини не можев да искочам) и дека за девојка се треба да се прави.
Најдобро прашај ја директно , плус зошто месец ипол се глеате онака?? Може очекува врска? Може мисли не си сериозен пошо после месец ипол уште не си разговарал на таа тема.
се гледаме неколку месеци.Ја имав прашано пред 4 месеци за врска и кажа не е спремна и се гледаме. Можеби треба да ја прашам иако имав доста обврски и сум заборавил.Се гледаме како пријатели, но, се осеќа дека има хемија некоја.Си имаме меѓусебна почит.Но, ете, не сум ја прашал од тогаш за врска.
Како мислиш пријателски се гледате не разбирам? Ти објасни тогаш зошто не е спремна? Колку години има?
Незнам што се замараш со такви чотки. Со тебе излегува и ти вели не е спремна и те држи како резерва а во меѓувреме се гледа и со трети лица. Само изговори ти наоѓа. Те најде наивен. Гледаш недела две неоди клаваш крај,блок сегде и со тераш дајле.