Ќе си фатат автобус на 40+ до Дојран, таму ќе седат на тревата и ќе го си вдишуваат мирисот од ќебапите
А ако вози така постара кола во која што има вложено баѓи пари тоа може да помине или не? Прашувам за пријател уште тој дел не ви е опфатен па да биде комплетно одговорено на се
Ич не е смешно,нема секој пари за одмор на Малдиви и Сејшели ко вас богињи на луксузот. Се мајтапите за лоша работа мајке ми, многу е грдо.
Дали е прифатливо секој сам да си ја плати картата за автобусот? И го заборави лебот, џабе мирис од ќебапите без лебот нема да се најадат
Имањето кола е предност. Многу е битно зошто некој нема кола или не вози, пак ќе кажам ако е доволно финасиски спремен, самостоен, не може да се суди кој колку е маж без да се знае причината зошто нема кола.. Нормално е да си во одреден момент во некоја финасиска криза па затоа да немаш, да имаш некоја попреченост која те спречува да возиш.. А колата како кола е потреба и многу го олеснува живот и легитмно е да имаш критериум некој да има кола.. Сосема е во ред и да не ти пречи ако некој нема кола.. Не знам од кај излезе дека мора скапа да е колата, мислам подобро да имаш и од 1000 евра, отколку никаква.. Секој сака вреден маж, никој не сака ленчуга, колата само покажува дел од неговиот труд, на што ги троши парите, дека сака да постигне нешто во животот.. И не гледам ништо лошо во тоа да платиш парче месо, кафе, одмор на својата девојка / жена. Ако не на неа, за кого? И да ако и жената зема плата и ти и посветуваш внимание нема да те остави се сам, верувај, жена што навистина те сака ќе и е битен твојот труд кон неа и сигурно нема финансиите да ги сокрие од тебе, ќе се договорите кај и како ќе ги трошите.. И секој што сака и се труди ќе успее..
Не виделе мака, затоа Страшно колку се размазени толкави жени со начукани 30 и кусур, 40 или колку и да се. Чоек денес по тоа се вреднува, по џебот, иначе клошар бил. У други теми за љубов ќе ми збори... Љубов да, кон материјалното. Неблагодардност. Ниту знаат што е љубовта.
Еми прифатливо е. Чим идеш со автобус, можеш и картата да си ја платиш сам/сама. Секако е веќе пиши пропало.
Во Македонија ако не може кола да купиш, не знам каде ќе можеш. Ни големи даноци, уствари не знам ни дали има, бензинот каде каде поефтин, во град може и под еуро 5 да возиш. Да ја поправиш со ситно ќе поминеш. Сервис, па да не кажам колку јас плаќам колку е во МК. Што значи маж што живее со неговите, не плаќа кирија или рата, да не може ни канта од кола да си дозволи, што тоа ми кажува каков живот би живееле. Не се чувствувам воопшто како материјалистка. Знам како почнавме и што имаме сега. Но, без колата можеби и искрено тешко дека ќе функциониравме. Двајцата сме авантуристи, би не убило седењето во исто место.
Зошто пропало?! Добро тргна со седење на тревата, исто преспивање на тревата може да биде! Хотел со 5 000 000 ѕвезди е тоа!!!
опаснику еден. дон жуан немал вакви романтики у рукав, не ти треба тебе кола сигурно на ваков rizz ќе падне секоја
Ти прво излези од дома, после збори за независност. Парите не му ги јадам, сам ми ги дава. И парите се заеднички моментално.