1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. bobisk

    bobisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Првово...all the time :rofl: Е сега претежно на фб пошто таа е во пп, а јас во ск али не ретко знае прва да пише. Еднаш...пред година беше тоа...си викам не ја чепкам 3 дена да видам дали ќе пише прва. И не помина третиот ден си пиша, кај сум, што сум, што правам, како сум.... ;)
    За второто...шо знам па и не сум приметил :lol: се трудам да ја гледам во очите и усните :rofl:
    А третово...мислам дека не...се знаеме 5-6 години, ептен сме блиски....

    Мислам дека едно нешто отсекогаш ме кочело МЕНЕ да превземам ризик...пониска е од мене едно 25 цм, си мислам дека и личам на џин :rofl: спрема неа.
     
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Интересна стратегија имаш за запознавање девојки. Хахаха ова ме потсети на една случка од пред некој ден.Додека чекав еден другар, кој како и по обичај касни, случајно и мошне спонтано се запознав со еден дечко. Прво нешто ме праша, као у стилл да не чекаме иста личност? хаха и така почнавме несврзан муабет бла бла.. И после 10мин другар ми дојде, се поздравив и си заминав.. :) Муабетот ми беше, немора да чекаш да дојде лето, како што гледаш и во зима имаш такви спонати запознавања.
     
  3. makedoniaa

    makedoniaa Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    ПОМАГАЈТЕ ДЕВОЈКИ

    здравоо..

    ВАКА имам еден голем проблем и заглавен сум нз што да правам.Преку фб забознав девојјка која живее во Австралија (Македонка) таа ми се допага многу комтактираме со неа само преку интернет ми вели дека има големи симпатии према мене и дека планира да си фати дечко од Македонија (а тоа да бидам јас) таа доага во мк за еден месец а јас моментално имам мувачица нз што да правам.Како да знам дали стварно таа има некој чуства спрема мена :( :( :( :( :(
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Епа кога ќе се видите во живо ќе и‘ ја видиш реакцијата. Најверојатно ќе поминете некое време заедно, ќе забележиш дали има чувства према тебе или не. Само не ми е јасно како таа ПЛАНИРА да си фати дечко од тука :^) Не знаев дека се планирале такви работи :lol:
    И уште нешто: ајде ако се фатите, ќе се фатите.... ама како ли ќе ја одржувате врската? Луѓето од таму едвај еднаш во две години доаѓаат, можеби ни толку. Размисли добро :)
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Чекај дечко малку...виое се немате видено или грешам?ако грешам поправи ме.

    Ако не,зар мораш да веруваш на се што ке се каже на интернет,за се што ке ти пише некој?Да ти кажам јас те сакам ке ми веруваш ли?Јас не би али секој си одбира дали ке верува или не.

    Ама ти си знаеш.Ти посакувам срека.Кога ке се видите разговарајте,запознај ја подобро,зошто можеби не е таква каква што мислиш сега.Многу пати испага спротивно од тоа што го гледаме ние.

    Мој добронамерен совет а ти како сакаш.

    Поздрав и со срека.
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Штом таа планира да си фати дечко од тука, планира и да се мажи сигурно, па ако се фатите - се надевам имаш заштедено некој денар...!? :?: :D
    Инаку убаво ти рече хипица, ќе забележиш дали има чувства кон тебе кога ќе се видите и ќе поминете некое време заедно. Еден месец не е многу време, не мораш да се гледаш често со мувачицата :D
    Инаку, најозбилно, македонците што се во странство од тука си бараат дечковци/женски и си се земаат за брзо време, имај го тоа во предвид :)

    П.С Гледам јузеров ти е многу патриотски, не знам како ќе биде со девојкава кога ќе сака таму да те земе :rofl:
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    ВАКА имам еден голем проблем и заглавен сум нз што да правам.Преку фб забознав девојјка која живее во Австралија (Македонка) таа ми се допага многу комтактираме со неа само преку интернет ми вели дека има големи симпатии према мене и дека планира да си фати дечко од Македонија (а тоа да бидам јас) таа доага во мк за еден месец а јас моментално имам мувачица нз што да правам.Како да знам дали стварно таа има некој чуства спрема мена :( :( :( :( :([/quote]

    Несакам да делувам песимистички и да ти влеам сомнеж, но кога се работи за Фб како посредник секогаш ми е сумљиво.
    Во овој вид на комуникација, зборам кога притоа се е сведено на фб, не сте оствариле контакт во живо, девојката е од странство и притоа немате реални заеднички пријатели, најважно е да се провери дали таа постои. Извини за ова, но познавам машки кои се залетале, се заљубиле и се изгореле, затоа без камера контакт ништо, ако несака дури ни да мафне баталија.
    А доколку веќе имате сигурни поврзаности (сте збореле на камера, некои заеднички пријатели), тогаш е друга приказна. Нека дојде девојката па оставете на емоциите, хемијата и времето да одлучат, само секако без форсирање и напнување, за секое лонче има капаче и ниту ти си единствено машко ниту таа е единствена девојка.
    Што се однесува до евентуална врска на далечина, не би коментирала, секој индивидуално гледа и се справува со истото, и залудни се 1000 совети, примери и коментари.
    Она со твојата мувачица(иако страшно грдичко звучи - мувачица, но ок), зависи од периодот кој веќе сте заедно, колку сериозно гледаш ти на се она поврзано со ова девојче и колку сакаш да си во иднина со неа. Ако се ставаш во ситуација да одбереш помегу двете, одбери преку елиминации, т.е предности и негативности кај двете, најлесно вака ќе се решиш, бидејки сигурно само една ти е подрага на срце, иако во моментов додека не се видиш со девојката од Австралија, елиминациите и сите етапи се далеку.
    Со среќа. :)
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Имаш мувачица, немаш жена! Толку е важна мувачицата? Ако ја гледаш иднината со мувачицата, тогаш не ја залажувај другата девојка.
    На два стола не се седи. :!:

    А, ако сакаш да заминиш Австралија (демек си најде жена оттаму), тогаш мораш да ја запознаеш новата девојка, а и таа тебе. Таа сигурно во МК ќе биде повеќе месеци. Дури и 2 месеци се малку за да знаеш дали е таа за тебе и да влезиш во брак. Животот може да ти биде рај потоа, ама и пекол.
    Овие од Австралија/Америка доаѓаат на лето, се бендисуваат со некого, одма ги прават документите и Септември заминуваат. :lol:

    Тоа е мој совет, а моето реално мислење е дека ги жалам двете девојки. Колку си себичен и користољубив. Мислиш само на себе, а не на тоа дека едната од нив со сигурност ќе биде повредена. Која ќе се покаже подобра, таа ќе биде, а другата е резерва.
    Не земај ги двете девојчиња на душа.
    Не знаеш што е да се сака и почитува жена, ниту ќе научиш некогаш! :^)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Грл не претерувај, секој кога би се нашол во таква ситуација си гледа за себе, сигурно нема да мислам за мувачот, кој патем е мувач,а не е дечко така и во овој случај.
    Дечко почекај и запознај ја Австралијанката, на мувачицата нема потреба да и објаснуваш ништо, штом сте на мување сигурно си имате слобода да си правите што сакате, така да нема што да се секираш за неа. Сигурна сум дека кога би била во твоја ситуација мувачицата не би размислувала толку за тебе, такви сме ние жените :lol: а после кукаме зашто никој не не сака.
    Значи ќе се запознаеш први во живо, а потоа ќе си сфатиш дали таа има чувства за тебе или не, и дали ти имаш чувства за неа или ја гледаш само како билет во еден правец :)
     
    На TennisBabe и makedoniaa им се допаѓа ова.
  10. makedoniaa

    makedoniaa Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1

    Ви благодарам на советот јас мислам дека е најдобар,а она последното,, ја гледаш само како билет во еден правец,,ТОА НЕ јас несакам да биде никој/а повреден/а .
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. krakor

    krakor Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Помогнете Девојки :)

    Ве молам кој може нека помогне. Женски совети, а и машки поискусни во ова.
    Епа вака јас имам 15 години и се имам некое време допишувано со девојче на фб. Живееме во ист град и конечно ќе се видиме за Велигден.... Па би сакал да ве прашам вас девојчињата... Прво со неа ќе излезам во Диско, но ќе се потрудам да ја изнесам надвор и да излеземе на прошетка.. Кои прашања,теми би биле најдобри за обичен разговор додека не се опушти, и некоја добра романтична реченица да го завршам тоа и да ја бакнам... Ви Благодарам :)
     
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    3.132
    Пааа ... Кои теми? :?: Можеш да ја прашаш која музика ја слуша, кои филмови и се по кејф, кој жанр највеќе сака да го гледа, па дали има некое хоби и тоа :D. Ако ви се погоди муабетот, од овие теми ќе се разврзете и на други теми, така да, ќе немаш проблем ;)
    А за тоа како да завршиш, па и да ја бакнеш ... Е тука стварно не знам. Можеби ако е срамежлива ќе биде доста бакнеж во образ ко за првпат, а може и повеќе :D. Се зависи колку си се допаѓате и колку ќе бидете опуштени и двајцата. :)
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    Епа прашај ја што правела тој ден, како си поминува за празниците и сл. Немој да поставуваш прашања од кои би и било незгодно и непријатно. Можеш да ја прашаш нешто за училиште, ако сака животни дали има милениче и бакни ја додека зборува нешто така најмногу ќе се изненади :) :) :) ах колку само е убава првата средба и првиот бакнеж
     
  14. krakor

    krakor Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Совет од искусни девојки, кои на убав начин биле заведени од некое машко..
    Излегува во Диско згодно машко, значи добро облечен,дотеран и се што треба. Како ви се додворуваат, Како оди запознавањето, почетните зборови на машкото и слично. :)
     
  15. krakor

    krakor Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Help :)

    Совет од искусни девојки, кои на убав начин биле заведени од некое машко..
    Излегува во Диско згодно машко, значи добро облечен,дотеран и се што треба. Како ви се додворуваат, Како оди запознавањето, почетните зборови на машкото и слично.
     
  16. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    Help :)

    Можам да ти го кажам мојот пример..исто во диско беше..
    ама беше во играње запознавањето..т.е првин почна да ме загледува и после се симнав да играм и се симна и он..и ме праша дали сакам да играме заедно..и после ме праша како се викам од кај сум..и после коа малце се запотивме искочивме надвор и убаво се запознавме..т.е праша за бројче, и дали би сакала пак да се видиме..

    со среќа.:D
     
  17. krakor

    krakor Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Убав пример, но би сакал запознавањето да е, пример од пулт на пулт, па разговорот кој може да ја засмее и привлече девојката.. Благодарам :D
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Па види вака, истиот муабет од двајца различни мажи може да изгледа и звучи ептееен различно. Зависи на кој начин и во кој момент ќе биде кажано нешто. Битно да имаш шарм, да не се кочиш и да не имаш подготвен говор однапред. Разговорот да тече спонтано, без напнати и сериозни прашања и повеќе хумор.
     
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ако однапред смислуваш разговор :geek: може да излезе смешно но не во позитивна смисла.
    Ако некоја девојка ти се допадне нели ќе ја прашуваш општи информации , тебе што те интересира и разговорот треба сам да си тече.. Нема нешто поглупо од некои специјални реченици или приказни за насмејување и заведување девојка :x .
    Тоа на некои им иде природно но вака да го смислуваш :shake: ќе се зезнеш .
    Еден поглед , насмевка и "здраво " ти се најдобар почеток.
    Јас барем сакам такви природни ситуации и опуштени дечки..
    А поразлично од тоа , а што ми се допаднало беше еден тип кога во дискотека поминуваше покрај мене ( беше ептен згоден) и ни се сретнаа погледите и тој ми пријде , ме баци во образ и ми рече некој убав збор, таков насмеан и тргна да продолжи , јас го задржав ;) , и така си се спријателивме :lol: итн ...
    Ама тоа не е секогаш препорачливо :hai:
     
  20. jonnyo

    jonnyo Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Не ми треба совет, туку мислење. Ме копка нешто, шо не можам да го сфатам.
    Одев со една нешто повеќе од 3 месеци. Се скаравме вчера, затоа што уште била заљубена во бившиот, со кој се скарале пред 2 години. Дури и точен датум ми кажа, шо ми е многу смешно :D
    Знаев дека натаму оди работата, и јас и ќе го покренев муабетот за некое време. Сакав да и дадам шанса на врската, да не нешто се смени. Не ми е нешто посебно тешко, пошто не ни бев толку многу зацапан.
    Муабетот ми е друг. Таа со него имаше многу турбулентна врска, полна со љубомори (од негова страна, дури и болни љубомори), со карања, со викање, со смирување, се’ тие работи. И сега ми вика не можам да го заборавам. Значи ова ми е втора врска со ред, кај шо таа не може да го заборави него, и се навраќа на него, и покрај тоа што и самите девојки признаа дека таа врска им штети, во секоја смисла на зборот.
    Зошто вие женските се изложувате на такви тортури. Дали сакате да ве третираат така, мазохизмот ви е во крвта или шо. Да знам да се понашам и јас како ѓубре, оти очигледно е дека good guys не поминуваат. Барем во поголемиот дел од моите искуства. :)

    Фала ви за секое мислење.