Од каде дојдов и кое тркало да ми се сврти? Дојде, ја усра темата, се испокара со сите. Не мора секаде да даваш мислење.
Не мора да ме читаш, имаш игнор? Исто ко ти шо не мора сегде да даваш мислења. Ја реплицирав на друга членка, се ставате неповикани па после нз кој ви е крив. Те знаеме колкаво буцкало си и ти. Игнорот го глеаш? Искористи го.
Јас сакам да кажам нешто ама не сум сигурен како да објаснам, од преска го мислам, се надевам ќе ме разберете што сакам да кажам. Сакав во кратко ама не знам да составам. Прво треба да се цените себеси, ако мислите дека му ги јадете парите на мажот/дечкото, се надевам дека не ви го има тој ставено ова во главата, бидејќи ако ви има дадено такво дознање не сте му битни.. Друго не мора некој да е милионер за да се потруди околу вас и да ви покаже внимание така што ќе ви купи нешто, човек кој што заработува па и минимална плата а ве сака ќе одвои од тие пари за вас. Зошто работи, зошто му се парите ако не ги троши, на себе и саканите? Еден пингвин кога може да троши време за да бара најубави каменчиња за да и подари на саканата, зошто истото не би го направил некој за вас со нешто вие што сакате? Да материјалното не е толку битно како карактерот, ама каков карактер е човек што не се бори да има пари денес кога парите го вртат светот? Треба да седнеме и да проси е сите "тешко е нема денес"? Вреден човек има пари може минимално ама има и стига за се, еве јас мала плата имам, ама стига за се, кога ми фалат работам 2ра работа.. Никој нема да остави некој затоа што е во криза, никој нема да бара нешто за што немаш, ама секој сака да му посветиш внимание, секој гледа во кој момент во каква финасиска состојба е, ама битен е трудот.. Ама оној што сака да подари убав живот и за себе и за другите се труди да има и кола и се..
Еве јас да доловам нешто. Маж како маж треба да си има обезбедено работа, стан, кола и средства да си ја гледа фамилијата. Треба и жената да работи, да, ама за нејзините основни потреби, а не да го издржава мажот и децата кои ги РОДИЛА! Ако е за така пре би сама, отколку со некој што едвај вади за леб. Јас како жена се жртвувам за мажот, условно кажано, домашни обрски и драстични промени трпам во моето тело да родам дете, така треба и тој да се жртвува, водата да стои тој не. Така да, крај на муабетот ставам со ова- Јас него можам да му бидам морална поддршка за да успее во животот, а не финансиска! Сакам маж кој ќе има кола, стан/куќа и стабилна работа, а не лежи лебу да те јадам, од љубов ќе живееме. За оние кои ќе кажат дека сум материјалистка, не не сум, само сум реална и знам што сакам! Мажот треба да овозможи убав живот на жената. П.с Јас сум си купила сама кола, може и тој да си купи сам кола, не викам не и мене да ме поднови.
Се слагам, но на кој начин да се врати на некој шо нит те знае нит познава те нарекува 'нетокма'? Притоа испоругаа се' живо и диво, прикажувајќи го нивниот идеален бајковит живот. Само па, тој шо има и си задоволен од животот не ни осеќа потреба да се фали, едноставно си ужива
Да. Во моментов да. Сакана пред се', почитувана ко чоек. Друго шо те занима? *** Многу е невкусно да лепите дијагнози на некого шо не го знаете. Се коментира општо на темава што се разви, у множина, за што нема ни потреба секој да се пронаоѓа, за да ми идете и да ме ругате на лична основа. Знаеш тоа колку говори за чоек? Дно дна дека е И не можам да преќутам коа се омаловажуваат луѓето, толку супериорно се осеќате коа газите некого?