Не знаете вие што е богато удавање. Кола, стан, шетање тоа е сасвим нормална работа. Не бараме ние стан во Дубаи да има или земјиште на Марс или да ни удоволува скапи поклони како чанти од Хермес, па да сме во фамилијата на материјалисти или по наши кажано спонзоруши. Мене другарка кога ќе ми каже дека и удоволува мажот и- As he should- и коментирам!
А, зошто не барате барем стан во Солун? Што сте помалку од жените на кои мажите им имаат купено стан во Солун? Или пак тринеделна екскурзија низ Америка?
Секој има свои стандарди ти сакаш да се споредуваш, некој не сака со други да се споредува. И кој што сака ќе бара од мажот, како вас лично ве повредува тоа?
Не ја разбираш поентата на мојот коментар, џабе и да ти објаснам, секако нема да ме разбереш. Можам да ти откријам тајна дека наредна инвестиција ми е стан во Солун, не знам за тебе, ама мене не ми е недостижна инвестиција, макар и Америка. Луѓето на месечината се качија инаку, не знам зошто правиш лесни/ефтини споредби!
Што значи кола може и сама жена да си обезбеди со една плата и да не чека друг да ја вози. Работава е да не бараш нешто што не можеш да го дадеш
Реков барем Солун. Минимум граница е тоа. Се разбира дека стан на Менхетн од 3,5 милиони долари е златниот стандард. Реков барем Солун. Минимум граница е тоа. Се разбира дека стан на Менхетн од 3,5 милиони долари е златниот стандард.
Па види, ако имам утре дете со некој, сакам да сум сигурна дека и да еден ден ме снема од светов, детето е во сигурни раце. Така што за мене... да Ја лично не би имала дете ако јас имам ниска плата, без разлика дали партнерот зима милиони. Пошто нели знаете да паламудите дека не знаеш што ќе биде утре. Епа затоа. Ти како сакаш
Мајке ми, ти одговорив на прашањето околу имање дете. Барај тоа што го даваш. Толку. Кола, стан, уатевр.
Не знам зошто овој концепт е толку навредлив и тежок за сфаќање за одреден процент од популацијата. Страшен slippery slope е изјавата „мажот мора да има кола бидејќи јас не сакам да возам“.