Да, баш љубоморам на тоа да имам мајндсет заглавен во средно и да сакам сопругот секаде да ме возика, а јас да немам ни возачка.
Кој има најголем на крај. Јас тоа го чекам да го видам. И после ќе направиме едно последно мерење со шублер, зашто толкави се величините...Каде се модераториве, се прашувам? Претпоставувам и тие си седат пред екран со пуканки.
Што уствари ти е прашањето? Не знам ни што не сфаќаш. Парите во брак немаат потекло. Одат на куп. Не плаќам јас за него, си зема сам од заедничкото. И јас ако сакам да си купам, си земам од заедничкото, не од моето, не од неговото. Никој од нас нема сопствени пари.
Сега ми е јасно зошто викаат "ќе го мољиш маж ти да ти остави џепарац за улошки". Оти кај нив нема ништо заедничко, секој на своја страна, па ако жената си остане без пари до крајот на месецот, треба да го моли господинот да и остави ЏЕПАРАЦ пошо тие се НЕГОВИ пари. Евентуално одат кај мајка им и татко им, оти тоа е општо прифатено кај нас, цел живот да цицаш од нив.
Какви глупости се изнапишаа на темава, колку машки ега проработаа, језиво. Едвај ќе платите кафе на некоја и одма сте у фазон се и имам дадено брат.
Би било симпатично да му се последни пари а да има 15 год да кажеме, али ако збориме за возрасен човек, за срамотичка е малку..
Следно барање на темата веќе кога се чепка приватноста е сите да оставиме крв и мокрача, евентуално матичен број.
Ама станот ако е негов од пред брак не е твој, така? Заштедата твоја од пред брак влегува во заедничкото или не?
Што знам, да ми е цела плата на изволте, а да немам ништо мое настрана ми е безвеза. Имам сметка моја таму ми стига плата. Има он негова, таму му стига неговата. Не ја вадам цела во кеш па еве заедничко, ниту он прави така. Али океј. Или за едно чоколадо од 50вче ќе зимам од "заедничкото", оти мене сметката азиз. Или у недајбоже ситуација ми притреба такси или нешто а заедничкото е дома, и ајде ќе се вратам да земам прво, боже сачувај.
А не им е срам на 30-40г да живеат со родителите, да сркат од манџата на мама, тато да им плаќа сметки , да му перат гаќите и чорапите и да му го местат креветот секоја сабајле.
Незнам, прашај ги, они си знаат како ги стискат парите до крај, за не дај боже да прашат од сопствениот сопруг, шо не треба ни да се прашува такво нешто ама ај.