Многу ти се глупави прашањата. Искрено. Законски станот би бил негов, освен ако тој нотарски не завери поинаку. Нема јас што сакам, нема тој што сака. Туку на хартија што пишува кој е сопственик. Заштедата моја од пред брак влезе во заедничкото, затоа што штедевме и двајцата за да купиме свое. Има ли некоја поента твоево размислување, многу е напорно, а немаш како да поентираш?
Абе многу ја разглибаат за парите, за чорапите, за заштедата, дај малку да ги прашаме кога раѓаат, кога хормоните им се пореметуваат, кога телото им се променува, кога мора дома да седат да дојат, а мажот си тера животот како претходно, како е тоа 50-50? Ама за тоа не се фаќаат оти знаат дека сме во право .
Отсекогаш ми билa интересна проекцијата како психолошки одбранбен механизам. Стануваш „крлеж“, од една страна се гордееш со својата „супериорност“, тоа го именуваш како „стварност“ (така функционира светот, не може поинаку), мислиш дека си успеал, „си се снашол“, од друга страна ти пречат други „крлежи“ што искористуваат нечии ресурси на поинаков начин. затоа што интимно знаеш дека си ист таков...Супериорноста е секогаш и инфериорност нели. Одамна докажано... И имаш 50 страници докажување во полукругови, психодрама во јавност, што во реалност е само потреба од валидација на изборот дека си „крлеж“ (и не можело поинаку). Ако си крлеж биди си таков, остави ги другите слични и различни, остави ги другите да не се дават во твојата јавна психотерапија...Има и други начини, далеку поздрави за сите.
Ќе треба ти да го раѓаш детето. Ако не ти чини да раѓаш, не раѓај. Нема зошто да се жалиш и кукаш како било тешко кога е твој личен избор.
Мене ми е ова најјако, збориме за 25 годишни мажи или 35годишни?Или 45 годишни? Пошто кој е тој што на 25 години има цела заштеда за најнова кола? Тука исклучувам поклон од родители, богати родители, збориме за средна класа која што живее од плата. Ги учат девојчињава дека колата е најбитна, станот е најбитен, и после тие девојчиња од 20 години завршуваат со 15 години постари мажи кои се веќе остварени, ги манипулираат како сакаат ама битно ги третираат како "принцези" со поклони.
Те молам не се мешај овде во муабетов со логични размислувања, остави го просторот луѓето да си ги исфрлат фрустрациите
Да, ако почнеш да работиш некоја работа на 18 години и не продолжиш со високо образование, на 25 години со 7 години работно искуство можеш. И тоа под услов да се грижиш само за себе.
Не секој, зависи дали работи од 18, дали студира и што студира и дали може да студира и работи.. Студиите се завршуваат на 23-25год..
Дефинирај комотна заштеда? Заслепени сте од сопствената привилегија, не сте свесни како функционира вистинскиот свет.
Истите тие после се смејат на некој во своите 20 и нешто години, што ми е најсмешно и најлицемерно, зошто изстиве цуциња се полоши од сиромавкиов зошто се материјалистични опортунисти.
Вистинскиот свет функционира кој како ќе се снајде . Може пак до утре да дебатираме дека не е така, но така е.
Ако сакаме да се правдаме, секогаш ќе најдеме изговор. Барем сега е многу полесно да заработиш повеќе него порано. Преку лето лесно може да дојдеш до работа во Германија, Хрватска и Америка. Мојот круг на пријатели сите работевме додека студиравме. Кој преку лето, кој имаше редовна работа. Возможно е, ако сакаш да биде возможно.
Ова е толку блиску до оној hustle culture што tech bros што го слушаат Ендру Тејт или manosphere идиоти го викаат. Оди брат работи, копај ендеци за минималец во Америка, Хрватска и Германија, последен биди во град за овде у село да изиграваш првак.