Еве јас не сум можела да отидам на летна работа ниту па сум можела да имам редовна работа, исто како повеќето колеги од мојот факултет. Али океј нема да зборам за мене, туку ќе кажам дека студентите кои работат, го прават тоа за да си платата сметки, да се нахранат, да преживеат. Ако не успеал да заштеди за кола на 25 години, поради сите други 637272 трошоци, како го прави тоа помалку способен? Макар што, јас пре ќе изберам некој што максимално се фокусирал да стане стручен и да почне кариера, отколку некој што мора да купи кола во рани 20ти зашто така треба.
Извини господине од големото добро утро. После плачеш зашто ме женски избегавају и чекаш сама да си ја плати пијачката, пошо твоите наместо 200 денари, ти оставиле 100ка.
Значи си го имала комфорот да не работиш. Не дека не си можела. Јас би избрала максимално фокусиран и стручен и да има заработено за кола. Има и такви. Не дека нема.
Нигде немам плачено зошто женски ме избегнуваат, нешто си измислуваш со паметон како што измислуваш дека е лесно младо момче или млад човек без разлика од полот сам да си заштеди кола да си земе, без обѕир земање едно дополнителни илјада трошоци. Сега ја не знам кој е од големото добро утро, ја или ти.
Епа тогаш седи си дома и чекај со парите од мајка ти минималецот нека ти дае 200 че за да и купиш кафе
Лични навреди зошто спомнав дека нешто е токсично и не толку лесно остварливо како што се мисли за господата и госпоѓите од големото добро утро? Сосема неочекувано на форумов...
Прочитај се сам што напиша. Секоја работа што чесно носи пари е добра работа. Никогаш не сум се срамела што работам. И сум имала. Но, ликови кои сметаат дека им е испод час да работат било што, ќе се жалат дека не можат кола да си купат. Секој со своите приоритети.
Имаш право... И јас така работев уште од средно работев лето, ама јас доста од тие пари и трошев, не можеш од тие пари да бидеш целосно финансиски независен.. Така купив кола јас и реновирав летото кога завршив факс, ама за реновирањето имав финансиска помош од моите и плус тоа лето работев 2 смени, и плус некои делови, тераса, двор и една соби се останати за летово.. Еве ако штедев од тие пари и уште 1-2 години да имам стабилна плата може ќе средев се сам а без толку да се оптеретувам.. Заоа не можеш да очекуваш некој на 20 години да има сам се средено во животот, битно е да сака и да цели еден ден кон тоа, не секој има подршка од родителите...
А што толку сте се запнале како да се дојде до фамозната кола, па трошоци, па долгови па незнам шо Као сакате да кажете "како да дојдам до таа кола и јас за да ме сакаат овие материјалистките" Чим сте толку против материјалисти, седете си уживајте, они не чепкаат такви ко вас, незнам зошто се буните.
Си читам, и никад не сум дошол на ниво на измејување на некого директно како вие три тука. Сфаќам, удобно си живеете, ама и преголема удобност сте земале во вреѓање на луѓе што искрено дебатираат со вас преку омаловажување место аргументирање.
Не, зошто не постои нуанса кај тебе за тоа кој во каква состојба во животот се наоѓа, без разлика на годините, и си наметнуваш субјективни стандарди со нездрава доза омаловажувања на малограѓанско ниво колку да речеш "Heh, I owned you!!!" наместо да аргументираш од искрена точка.
Ако сум требала да работам, факултет ќе го завршев на 30 години, или па ни тогаш. Пошто не идев на курс на прошетка. Фала богу да, ама барем јас сум свесна дека одредени финансиски инвестиции се привилегија, за разлика од пола од луѓето тука.
А тек маж да дојде да рече очекувам девојката да има кола, јас нема да возам. Уф... Непопуларно мислење - ако имаш двојни аршини, заслужуваш и да бидеш третиран на истиот начин. Се лутиме кога мажи се воспевани за една работа, а жени за истото омаловажувани од типот дали е невин/а, број на партнери, неверство. Па истото го правите вие бе златни.
Зависи колку сакаш да жртвуваш од животот. Не можам и не е возможно се многу токсични размислувања. Немој да ми кажеш, каков сака нека е факултетот дека за време на летото не си можела да работиш. А што правеше? Ете ти го одговорот зошто не си заработила.
Луѓе подготвуваат и испитни летни сесии за да завршат факултет преку полагање испити преку лето, знаеш нели... Се надевам знаеш?