Малку одредени коментари немаат допир со реалноста. Да бевме некоја држава со редовен и нормален градски и меѓуградски превоз ајде да речиш дека кола не ти треба.. ама кај нас? Потреба е реално, ај да не се лажиме. Можеби за ептен млади луѓе ко средношколци и студенти не толку, ама за зрели возрасни луѓе да. Никој не спомна дека мора да е кола од салон од десетици илјади евра. Половни коли се наоѓаат и за 1000 евра, не да е којзнае што, ама да можи да те однеси од точка А до точка Б. И нека не се еве 25 години, речиме до 30.. ако нема ни 1000 евра заштеда до 30 години (ова можи да важи и за двата пола), а работи, па јас искрено ќе се сомневам каде ги троши парите (под претпоставка да не си ниска класа или социјален случај). А во Македонија повеќе коли од луѓе има, не е некој недостижен луксуз обична кола како што се прави тука. Маживе можат да имаат 500 илјади критериуми за каква жена сакаат, ама ако некоја бара нормални работи, како да живеат под кирија (не велам да има стан, се знае какви се цените сега), да имаат кола (спред мене најидеално е и двајцата) и да работат било нешто ванземско. Или сепак на она треба да се придржуваме: ако ме сака и во колиба ќе живее со мене и само леб ќе јаде? Ете некои членки си нашле некој со кој добро се договориле како им одговара да функционираат, нема што некој да ги убедува дека не чинело нивното. Крај краева секој нека си најде тоа што си бара, без разлика каква комбинација е. И ваљда се подразбира дека карактерот на човекот е најбитен пред колата, станот и сл. Нормални приземни луѓе би требало го знаат тоа.
Можам да разберам и да жалам само луѓе во беспарица кои поради здравствени причини се спречени да заработат, за нив општеството малку е што дава, треба повеќе. А другиве, мажи и жени, пред се мажи, да прчат краци дома, да оправаат криви дрини на женски форум како имање автомобил е луксуз, да не збориме за други подобности, е трагично. Во време на толку можности за млади луѓе, да немаш пари за основни потреби, како живеете со себе не знам.
Па што знам, факултети каде имаш практична, теренска настава не е на исто мерило со само теоретско учење. Али важи, медицина и правен иста тежина се, нема грешка.
Ништо бе на журки идев, се дрогирав итд. Да се проживее младоста. Многууу муабети за труд и пожртвуваност, и кој како треба да ги распредели финансиите, од луѓе кои отворено кажуваат дека буквално за ништо не придонесуваат дома. Океј. Ај доста е.
Најголема смешка ми е што медицинскиот факултет на УГД е едно 10 до 100 пати потежок од Јустинијан правниот, кој е гранка на УКИМ. Ама ајде да не зборам ногу, ќе се навредат некои тука ако им ја навредам безделничарската професија што се добива само со седење и никаков поголем труд, а пари незаслужено големи им носи.
Колку кажуваш со самодоверба дека немам работа, како лично да ме знаеш. Ах бе, ем размазено, ем со јазикот влакна цело.
Учи бе друже, кој ти брани. Ти додека учиш, некој друг веќе и кола има и се, и некои жени него ќе го одберат. Други тебе. И шо е проблемот сега?
Дај бидете реални да имаш 30 години и да не си успеал едни мочани 1000 евра за кола да ги заработиш ми е мизерија дно дна. Да се работи за некој шро има здраствен проблем би разбрала ама млад здрав прав да не успее ни една кола да си купи до 30 години ми е тешка мизерија ама онака баш тешка
Само затоа што барам барем една кола да има, ти си претпостави дека не придонесувам дома? Како??? Дури и жената да не работи во брак, се грижи за децата, го одржува домот, придонесува. Што уствари подразбираш под придонесување? Значи правиме муабет за кола и да почасти пијачка. Не стан, куќа, базени, јахти.
Значи сега лошо е јас да барам некој што има најмалце една кола, или има свое место за живеење, и тоа да ми се критериуми, а за вас не е? How the turntables have spun.
Аман бе луѓе претеравте со англицизмите, реално. Инаку да, има еден јак тип ситуиран образован сѐ на место, има положено за кола ама кола нема. Зашто, не знам. Здрав и прав е, способен да купи, не е склон на никакви пороци, средна класа фамилија, а еве без кола е и јас не знам како функционира искрено.